Јас за кашлица антибиотик никогаш немам дадено, освен ако има температура која не се спушта. Ако е само кашлица без други симптоми, Вентолин со препорака на доктор, секако и ништо друго. За една недела престанува со кашлање.
Јас мачкам на Фрезидерм онаа бариерна маст, не дека после 100 пати нос чешање ќе остане ама се тешам. И OralBiotic на Now давам, пастили се и заштитуваат од стрептокока демек. Ама треба да си ептен редовен…
Досега за кашлица не сме правеле брис, освен еднаш кога спушти, ама тогаш правевме трахеален брис и микоплазма испадна. За кашлица сме поминувале со сируп и инхалација по потреба, а за бактерија само локално капки.
Па дека и ноќе со кашлица се буди некогаш по 1 час трае и матичната ни бара брисеви..Сега испадна мораксела ни даде амоксиклав.
Јас живеам во Грција и тука брисеви не постојат, нема, и не сме правеле никогаш во живот, две деца имам. Единствено ако има болно грло и температура прават стреп тест за стрептокока, тоа им правеле и на двете, дури и во аптека има да си купиш и сам да си направиш дома. Ама брисеви како што правите во Мк тоа е научна фантастика овде
Ќерка ми често има бактерии во нос или грло и секогаш со сува упорна кашлица преку ден и ноќе па матичната ни рече подетално да се испитаме крвна, брисеви и да направиме педијатриски панел. Дали бактериите се поврзани со алергија на нешто? И дали може да испитам алергија додека користи сируп за алергија ? Ви благодарам.
Алерго тестови не можеш да правиш ако даваш сирупи за алергија, не се сеќавам точно мислам дека барем 2 недели барем
Здраво, да прашам дали ви имаат дадено антибиотски капки за во нос за дете од 1 година и 8 месеци и кои за стрептокока ?
За haemifilus influenza на резултатите пишуваше сензитивни на Rifamycin и такви капки доби ќерка. Е сега тоа строго со лекар.
Па после 10 дена антибиотик секогаш му поминувала. Сега во март пак ја имаше, исто пиеше амоксиклав 10 дена, му помина. Само едно АСО уште да направам треба за секој случај.
Здраво, ќерка ми поради чести бактерии во нос проследени со кашлица, сакам да ја однесам во ре медика да ја погледнат подетално. Каде треба да закажам на орл, кај педијатар јадранка или искра? Ви благодарам.
Здраво, малото е 13 м и сме со мораксела, го мачкав со хлоранфеникол но сеуште еве е со жолто зелени мрсули и он и јас. А јас и антибиотик пиев. Незнам дали да да почнам пак со маста, или да барам лекар за нова терапија? Секако сме многу подобро и изретчена е бојата
Кај нас честа појава беше кандида во измет. Повеќе пати се третиравме со нистатин но брзо се враќаше бактеријата. По промена на исхраната и исфрлање на благото значително се подобри.
Здраво мајки, ај ве молам совет Детето од лани септември почна во градинка (значи некои 7 месеци веќе ‘’тераме’’) и како што почна подолго од 3/4 дена не сме успеале да истераме.. сите можни бактерии што ќе ги фати, прават инфекција или во грло (ангина) или во уши и завршуваме со антибиотик минимум 10 дена. Докторкава ни вика немаме што да правиме, секако детево си имало прилично големи крајници и кога и да се разболи ќе мора да заврши на антибиотик. Нејзин совет е што е можно поретко да се носи во градинка ( пример и ова лето скроз да паузира) па од септември пак по малку да се пушта, а секако дур не порасне бар до 3ипол/4 години да не сме го носеле постојано во градинка дека цело време исто ќе завршуваме.. некој со слично искуство? Инаку сме 2 год и 1 месец..