Стварно и кај нас е вака. И прскам и за 2мин и се растекува носето. Мојава научи силно да дува сама, па чудесии излегуваа први 2 дена Сега и се веќе безбојни.
И јас сум презадоволна од спрејот со оригано. Во комбинација со Цитералот за три дена имам ново дете. Нема ни трага од мрсули Почнав со него да чистам носе пред Цитералот наместо со Синомарин. Ќе продолжам да го користам секојдневно
Се надевам ќе бидам и јас задоволна. Ни вакцина ни бутур помага. Мрсули, кашлање на крај спушта и аб.
Aуууу и вие спуштате на плуќа? И ќерка ми спушта лесно. Немала бактерија во носе (само еднаш во око) ни на грло, нит имала стомачен вирус нит висока температура. Штом си настине веднаш спушта
Што пари е тоа чудо и јас да го земам? Инаку да се надоврзам за спуштање. Има опструкции од различен степен, моите и двајцата во последните неколку месеци спуштаат на гради, ама поминуваме со инхалации, вентолин и дексаметазон, не добиле досега антибиотик.
Ехеее цели 200 денари Правевме алерготест преку крв нема алергија инахлираме со пулмикорт и физиолошки моментално. Ама многу ме плаши што белите дробови и се слаба страна. Затоа викам не настинува таа онака како сите деца да омалакса, да губи апетит, со температура или грло црвено. Дирек на плуќа.
Сите се плашите од спуштање, јас од ушите... Можам диво оригано да прскам и кога нема секрет? Зашто нас секретот од нос ни има удрено на уво.
Мириса ли јако ? Мојот е гадлив ако се осеќа ориганото пак џабе пари ќе бидат како ацидосалусот Еден ли е тој спреј? Ставете слика .
Еден е. Тој погоре. Ацидосалус е скап, ова е околу 200 денари. @TeddyGrey можеш превентивно. Јас прскам пред и после градинка.
Слободно прскај превентивно. Има антибактериско дејство. Штити од бактерии. Еден е. На Проботалајф. Не е воопшто интензивен мирисот и веднаш исчезнува.
Мирисот не е јак. Јас не можам да поднесам оригано ама штом мене не ми смета значи е ок . Секако дека прво си прснав сама па на ќерче.