Само моментално кога ќе прснам мириса, ама не е јако, и одма ветрее. Штом не се буни мојава, значи ок е. Од Ацидосалус беше вриштење
И јас сум една од тие. Прв и последен пат го користев пред 5-6 години бидејќи не можев да дишам со недели и стрептокока мислам имав закачено. Мене дека ич не ми смета јакиот мирис од оригано ( го обожавам) ептен лесно пројдов со употребата. Го користев истиот Дафи што го постирала.
Можеш неколку пати на ден слободно. Ако прскаш превентивно, еднаш пред градинка и еднаш после е доволно. И мојот не сака да го пипам за нос. Општо за сите спрејчиња е борба.
Го почнав и јас од вчера и прскам по 2пафа во секоја ноздрва сабајле и навечер после бањање. Пишува на упатството дека може неколку пати на ден од 1 до 2 пафа.
Додека лечевме бактерија прскав три пати на ден, сега само сабајле и навечер (се случува и да промашам некогаш и само еднаш да е, ништо страшно). Ако има секрет после тоа чистиш со пумпица, ако не ништо Уште не ми се верува како и’ го среди носот за два дена еј
Магично е! Како ми го кажа Станка кога фати стрептокока, само него го имам и само го фалам а ич пари е и долго трае.
Јас често го зборев Продолжи и кога ќе оди во градинка. Прскаш пред одење, прскаш на земање. Да не ја урочам мојава, ама еве од септември без престан оди во градинка. Претходно (а ставав ацидосалус) беше болна секоја недела.
Ацидосалусот и кај нас немаше ефект, туку му се хранеа бактериите и после стануваше страшно. И јас сум презадоволна од спрејот од оригано. Сега на акција во зегин има и чај од оригано, а мојов е мераклија за чај и лепче со мед. Па да прашам дали некоја го користела чајот од оригано? Дали е за деца и како дозирате?
Грозен е. Јас го пијам, ама на деца не сум дала. Не верувам дека ќе го сакаат. Ај што има тежок мирис, имам проблем со желудник после чајот. Иначе јас го користам и спрејот за грло (за мене) пошто мм по грешка го купил тој, наместо за нос. Па и така кашлав пред некој ден, ме среди скроз. Ама одвратни се. Спрејот за нос најубаво се поднесува.
Да си земеш! Јас се прснав вчера чисто да видам дали се осеќа нешто дека бебешко да видам колку диво оригано има И има доста, се осеќа ептен ама убаво прија на носот после тоа. Чајот е јак ептен, тој е за бешиката убав, бар јас за ешерихија го пиев. Има и концентирани капки од диво оригано за пиење, (како оние од семки од грејпфрут), ама и тие не се лесни за поднесување...
Дур се чујам и со педијатарката би сакала и ваше мислење за к.с. Причина која ја направив е зашто во градинка ни кажаа имало стрептокока пнеумониа, па сеа напраивме брисеви за секој случај и к.с. Инаку поткашлува и нос му дувам не често ( по потреба ) чист секрет без боја. Дали по некој од параметриве може да се види дали дете има вирус, бактерија или што и да е? Ова со бактеријава во градинка ми помати ум и она што се изначитав на гугле за батеријава.
Софи од моето скромно познавање, ако е само носител на бактерија нема да покаже на крвна слика. Бактерија само со брис. Ако има воспаление/инфекција од бактеријата ќе бидат покачени леукоцитите и ЦРПто.
Процентот на гранулоцитите е над граница, може да укажува на бактериска инфекција. Генерално, при бактериски или вирусен инфект се покачуваат леукоцитите, ама според тоа дали се покачени гранулоцити или лимфоцити, се одредува што е. Покачени гранулоцити - бкатерија, покачени лимфоцити - вироза. Не е ништо страшно во крвнава слика што е благо покачен процентот на гранулоцитите во примерокот. Крвната слика не покажува за која бактерија станува збор, туку тоа се одредува со брис. Ако е боцнат со Превенар, нема гајле.
Преска брисеви му земаа и за два дена ќе се резз. Значи по твое мислење к.с не е лоша? Туку сеа кажи ми што ти е ова Превенар? Не се смеј не сум во тек