1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бактерии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од mariz, 29 октомври 2019.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    И тоа го решивме,сите комплет пиевме Панцеф за да не префаќа детето...
    Сега ќе видиме во четврток резз ќе стигнат,ако ја има пак незнам веќе што ќе се прави.
    Ваљда канела...
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.990
    Допаѓања:
    279.168
    Пиевте без брис или сите ја имавте закачено па сите пиевте?
    Може џабе сте пиеле, сеуште да е носител некој, направете си брисеви.
     
    На Coco31 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Без брис ни даде да пиеме,се прочистивме сите :D
    Дани,не верувам да е некој од нас,повеќе ќе да е мислам од дечињава со кои си игра,тие одат во градинка, ама нив јас неможам да ги контролирам.
    А единствено со нив,6 дечиња се,си игра и тоа му е социјализацијата.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.990
    Допаѓања:
    279.168
    Штом има интензивен контакт со толку дечиња кои одат градинка...да, не ќе да е од вас:(. Некое си е носител и шири и таму ваљда:doh:
     
    На MamacitaBuena и Alishan30 им се допаѓа ова.
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Верувам дека тие дечиња ти се на блиски луѓе деца. Па во тој случај ќе им напоменеш на нив да си направат брисеви на децата за да не си ги вртите во круг реално. Ете на некое не прави таа бактерија проблем, ама еве кај вас дете е два пати на антибиотик, а може кај друго па и полоша слика да јави со тек на време ако не се третира одредена бактерија.
    Воопшто не е срамота ниту па глупо да им кажеш на родителите. Па доколку не се замараат ете ја лично период би прекинала дете да дружам со тие деца и би се извинила зашто пред се ми е детето и неам намера да го трујам со антибиотици. Крај краја па најубаво е и дете да ти оди во градинка каде ќе има повеќе деца за дружба и социјализација. Најдобро е за дете во градинка. Барем поголема корист и едукативност таму во градинка ќе има отколку со 6те дечиња кој ги спомнуваш и пак ќе си фаќа бактерии ( мала шала извини ).
    Незнам дали го носиш во игротеки, ако да тогаш знај дека најголем извор на бактерии и нај нај гнасни се игротеките ( се извинувам , јас лично дете не носам ).
    Немаш потреба од доместос чистење по дома сепак е јака хемикалија, вдишувањето негово е каде каде поштетно и од бактеријата. Земи си ако веќе сакаш Смак антибактериски кој не е штетен за деца и со него чисти ( јас тој го користам по дома ) и џогирам секогаш само со разреден алкохолен оцет и вода ( најдобра дезинфекција ) ќе ти мириса некој 10мин како на салата дома :D ама одма ветрее и си раат за дезинфекција.
     
    Последна измена: 19 ноември 2019
    На Stressed Out, MamacitaBuena и danichap им се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Заборавив што и како беше, @MamacitaBuena толку ли проблем прави Моракселата па толку напор да се искорени??? Знам те читав пиете антибиотик за псеудомонас во урината, ама за Моракселата имам пропуштено.
    @sofi2107 најверодостојно е 7 дена после антибиотик да се направат брисеви. Ако пак ја има консултирај се со педијатар, ама јас да сум не би ја лекувала уште еднаш поготово бидејќи не ствара инфекција, туку детето е само носител. Си има детето имунитет, само ќе му го ослабните со антибиотиците.
     
    На Annath и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 така и планирав доколку пак на брисеви ја има. Но, работата е што ја сметаат пиогенисот за опасна, а и од она што прочитав по статии на гугле за нејзе од памет се извадив. Еве неколку дена веќе нит кашла па се надевам на чисти брисеви, мада и од пред бактеријата кашлаше ( немаше цевено грло и к.с океј си беше , на контрола супер е рече педијатарка ) па препишувам на парното или климата дома да од тоа кашлаше . Прскам диво оригано, мед со прополис секој ден, маџун и ливадски плус давам и витамин Ц.
     
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Јас мислам бактерија во грло не смее да има. Во нос е ок ако не прави проблеми
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    А во градинката да се провери персоналот? Оти само по децата се удира? И сите да донесат чисти брисеви, ако воспитувачките ги имаат бактериите, децата пак ќе ги префатат. Џабе труење со антибиотици.
    Јас не сум за пиење антибиотици на здраво. Само кога ептен мора. Луѓе, не сфаќате колку е опасно тоа, антибиотиците стануваат неефикасни во борбата против бактериите... оставете ги децата да изградат имунитет против најчестите бактерии. Верувајте, ќе дојде ден ни Оспенот нема да помага воопшто за стрептокока пиогенис. Да не правам муабет за поопасни бактерии. Амоксиклавот веќе не делува на најчестите бактерии кои предизвикуваат респираторни иинфекции, директно се оди со нови генерации лекови, ама понови од овие нема. Ќе почнат да не убиваат инфекции кои порано беа мачкина кашлица, веќе не се така наивни.
     
    На Cka, slobodka, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Ова за жал е прилично точно. Кај ќерка ми еве трет антибиотик, па не делува за пиогенисот. Навистина не знам што следно да правиме. А пиогенис не се остава нелекувана, страшни последици може да направи.
     
    На Coco31, duffi, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Мутираат, стануваат супербактерии. Сè поради несовесната употреба на антибиотици, особено за вирусни инфекции.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Така е, за жал.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    @An-na не сакам да испадне дека ликувам, навистина ме интересира, дали сè уште ја изолираш ќерка ти и не ја мешаш со други деца за да и тие не префатат?
     
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Незнам за другите градинки, но кај мали во градинка кога кажаа за бактеријата одма требаше сите деца брисеви да направат и персоналот исто така. Ниедно дете без чисти брисеви сега не примаат. Дете мое ни со внуци не мешам сега дур не искочат чисти брисеви од пиогенис.
    Инаку не се слагам за дека терапија за пиогенис не се дава зашто сепак може да идри на срце, бубрези, гнојна ангина итн. Сепак педијатрите си знаат каде и кога и за што треба терапија да се даде или да не се даде.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Ако создаде организмот имунитет против неа, зошто да се дава антибиотик? Секако, треба да се штитиме и ние, и оние кои се имунокомпромитирани, ама не може сите да голтаме антибиотици на секое. Со антибиотикот само се создава резистентност на бактеријата и намалување на имунитетот, да се закачат екстра бактерии и вируси, оти антибиотиците делуваат и на природната, сапрофитска флора што ја имаме во организмот, што ни го гради имунитетот. Цревната флора поготово, прва е на удар, даваме пробиотици, ама пак, не е исто.
    Многу добро знам што може пиогенис да направи во организмот, па затоа велам имунитетот е клучен. Антибиотиците го ослабуваат максимално.
    Друго, пиогенисот скоро постојано ја има во грло, не секогаш се открива на брис, многу зависи како е земен брисот. Бактеријата знае да прави колонии во криптите на крајниците, и да не биде детектирана на брис ако со стапчето не се помине баш на тоа место.
     
    На Ermina Mina, sofi2107 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ама и надвор на улица може кола да не удри ама поради тоа не седиме затворени дома така? Да не ја откриевте случајно можеше со месеци да ја носи малиот во грло.
    Пиогенесот не е наивна бактерија воопшто, ама никаде во свет не ја третираат доколку нема симптоми. А уште помалку ко во случајот на Мамасита да им е препишана терапија (на возрасните) без да се докаже присуство на истата. Така се создаваат бактерии отпорни на антибиотици ко што објасни Ана, да не се повторувам. Во светот на големо се алармира за оваа ситуација, ама изгледа само кај нас лекарите ко да немаат уши за овој проблем.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Нормално, има акутна инфекција, што да и правам? Да ја пуштам да се ојача и да ги испозарази сите?
    Друго е кога нема инфекција туку е само носител, кај ќерка ми тоа не е случај за жал.
     
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Не разбрав тогаш добро, јас мислев нема никакви симптоми и ме интересираше дали ја прати во градинка. Ви посакувам побрзо да ја излечите.
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Пред нецел месец правев брисеви по вториот атб, тогаш излезе позитивна, а крвна слика, асо и клиничка слика во ред. Тогаш консултирав тројца доктори (матичен, педијатар и орл) сите ме советуваа дека не треба атб и дека може слободно да оди во градинка. По нивна препорака ја пуштив, ама кратко одеше, еве пак се врати пиогенисот со сите симптоми.
    Затоа, едно е носителство, а друго акутна инфекција. Јас не верував дека може да се биде носител на пиогенис, ама ете ми рекоа дека може доколку нема никакви симптоми. И таквите деца не се заразни и слободно може да посетуваат градинка.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Заразни се и едните и другите, само што кога има инфекција обично има и секрет од нос, од грло, кашлање, кивање и сл па многу полесно се пренесува на друг.
    Кај вас штом толку често се јавува испитајте имунитет па ако треба вклучете и имуностимулатори.
     
    На Annath и An-na им се допаѓа ова.