1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бактерии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од mariz, 29 октомври 2019.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Неможам да редактирам,не ми дадоа антибиотик за 100 000 единици не било многу.
    Кажа само да пие чај од брусница и увин по малку,и да следам ситуација,само со симптоми ќе реагирал со Гентамицин инекции.
    Мислам дека и така треба до некаде.
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ах таа бројка 100 000 ич не ја сакам. До 100 000 се смета за контаминиран примерок, над 100 000 за инфекција, а кај нас најчесто 100 000 излегуваше.
    Мене Дафина Кузмановска детски нефролог ми кажа дека доколку урината е чиста и бистра и на уринарен статус не покажува инфекција тогаш нема потреба да се прави уринокултура бидејќи и онака не треба да се третира бактеријата.
     
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Па урината е почиста за разлика од претходно,а уринарен статус пишува дека нема леукоцити во неа.Како и да е ќе следам често ситуација,да не се накачува бројот,мислам дека не е ништо страшно засега,двајца доктори ме убедуваа во тоа :D
    Вие која бактерија ја имавте и што бидна?
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Одамна беше тоа, бебе беше малиот и имаше Ешерихија во урината. Наша грешка всушност беше што никогаш не правевме уринарен статус туку матичната цело време не праќаше директно на уринокултура. А таму цело време позитивно па негативно, мал број, голем број.... го отрувме со антибиотици...и така со месеци додека др Кузмановска не не подучи дека прво се гледа уринарен статус, ако тој не покажува инфекција нема потреба од уринокултура.
    Од тогаш наваму не се повтори.
     
    На kikin и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  5. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Стрептокока пнеумониа во нос, како сте третирале/лечеле? И со кои симптоми е најчесто пропратена?
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Само со бејби оригано.
     
    На Lady*Bug, sofi2107 и duffi им се допаѓа ова.
  7. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Малиот има стрептокока пиогенис во грло без никакви симптоми. Случајно ја откривме правевме брисеви за во градинка. Совет од докторката беше да не му дава терапија да пробаме со спреј да ја исчистиме па за 2 недели да направиме брисеви. По две недели му направивме брис и пак ја имаше, па му даде панцеф да пие една недела. Го испи пак направивме брис и пак ја има.
    Сте имале ли вакво искуство, што следно треба да се направи?
    Во понеделник ќе се консултирам и со матичната, ама некој совет за до тогаш :)
     
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Пред 2недели во градинка ни јавија за неколку деца со бактерии и моравме да направиме сите. Кај синко излезе пиогенис во грло и стрептокока пнеумониа во нос. Симптоми никакви немаше ( поназад страни пишував за тоа ). Одма отидовме кај педијатарката и објасни дека пиогенисот може да направи проблеми и ја сметаат за не баш наивна бактерија. Иако нема симптоми ни даде Оспен да пие 7дена и после 7дена контрола. Па низ гугле читајќи прочитав дека Оспенот го препишуваат како најдобар за пиогенис.
    Почна да пие и на 3ти ден качи 39тт. Од памет се извадив и се јавив на педијатарката. Објасни дека голема веројатност е бактеријата да се распаѓа ( така објасни баш распаѓа ) и затоа качил тт, но како најлошо сценарио напомена дека доколку тт трае неколку дена значи дека Оспен не делува и мора да го смениме. Само тој ден имаше тт. Зафчера направивме контролни брисеви 7дена од антибиотик. Преска ги земав чисти. Дете е без бактерија и во нос нит во грло нема. Непосредно и бејби оригано му шприцав/шприцам сабајле и навечер и дали и тоа имаше улога незнам искрено.
    Поразговарај со педијатарката сепак она најдобро дете го знае, па ако не нека препише Оспен прашај ја.
    Едит: би било нај коректно и вие дома брисеви да направите ако не сте направиле. Да не ја има некој од вас па да си ја пренесувате. Ние дома со сопругот направивме за да сме раат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Он веќе испи 7 дена Оспен (во предходниот пост по грешка сум пишала панцеф) и по една недела одкако го заврши направивме брисеви и пак ја има.
    И јас ја имав во нос и јас пиев антибиотик и на овој брис немам ништо.
    Симптоми нема баш никакви ни црвено грло, ни нос растечен, ни температура.
    Во понеделник одиме кај матичната па ке видам што ке каже.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Само што се вративме од клиника. Веројатно кај мојов стрептокока пнеумонија не поминувало само со бејби оригсно. Крена тт што ни ефералган не ја спушти...
     
  11. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Дали знаете во Пролече до колку часот може да се земат брисеви?
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    До 18.30 мислам
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.856
    Пол:
    Женски
    Мајки. Во петокот синко од градинка го земавме со тт. Мериме 39,4. Ставив чепче ефералган и нормално на лекар. Плуќа чиста, гело благо зацрвенето. На орл преглед ушиња чисти. Тт продилжи и ноќта, спушташе со ефералган и се враќаше после 5 -6часа. Носот чешма, густи зелени мрсули. Во саботата направивме кс, црп и брисеви. На крвна слика само благо покачени леукоцити и гранулоцири и во јс му пишаа цефалексин. Арно ама кога излезе црп 111 и ме фати страв го однесовме во козле. Тами сменија наместо цефалексин панцеф. За среќа тт од саботата попладне спласна и носот се смири. Вчера бевме на контрола и се изгледа во ред, дека се враќа во нормала (подкашлува од шлајмови, ама општата слика е добра). Денес излегоа резултатите од брис - грло чисто, нос мораксела. Зарем е можно од оваа бактерија да има толку високо црп и висока тт. Вака како што читам многу ретко дава било какви симптоми.
    Во четврток сме на контрола пак ќе прашам, ама ме збунува бактеријава. Ми е криво урина не успеав да направам не сакаше да се измоча кога одевме кс, кога се измочка веќе беше затворена лабораторијата, а моравме да почнеме анрибиотик.
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Секако дека е можно мајка. Кај некои нема симптоми кај некои има, зависи од дете до дете и од имунитет до имунитет. Ќе помине со Панцефот за брзо.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Да, може да даде воспаление на средно уво, синузит, бронхит или пневмонија.
    Според ова што опиша, можно е синузит. Се жалеше ли на главоболка?
     
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.856
    Пол:
    Женски
    Незнам дали би знаел да каже за главоболка, ама ден и пол беше преполн со секрет и висока тт. Откако спушти во неделата вечерта веќе не крена тт и носот брзо се среди. Веќе не се зелени мрсулите и многу му е почист носот. Сега поткашлува само шлајмче некое кога ќе се заглави. Ете очигледно кај него искомплицира.

    Жива среќа добро пројдовме. Веројатно зошто има цефчиња во ушињата па полесно помина и од тој аспект без компликација.

    Жал ми е што по антибиограм и со цефалексин ќе поминевме, ама од пусти страв од црп сменија со панцеф.

    Битно да поминува.

    Едит: од саботата вечерта му е спадната тт.
     
    Последна измена: 26 ноември 2019
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Ќе помине. Добро е што се намалил секретот. Ама сигурно го болело главчето оти и затнат нос врши голем притисок. Ќе биде подобро.
     
    На fana и Ano им се допаѓа ова.
  18. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој колку чини брис од нос и грло во Пролече на приватно?
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Веројатно не повеќе од авицена.
     
  20. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Бевме. 900 не рокнаа. Дали така требаше или не украдоа, незнам... се надевам чист ќе е.