Бакшиш

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Имате ли навика да оставате бакшиш во ресторани, пицерии, кафани или сл. за келнерот кој цела вечер убаво ве служел? Или тоа му е нему работата, тој секако си зема плата?
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.128
    Да бидам искрена-ретко оставам бакшиш. Така си ја имам подредено работата што до денарче си ги имам испланирано парите. Треба некој ептен убав впечаток да ми остави за да му оставам бакшиш, а кај нас тоа многу ретко(можеби затоа не сум се научила да оставам) затоа што многу често знаат да ти ја тупнат чинијата, а да не речат ниту: повелете! :fubar:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.355
    Допаѓања:
    14.831
    Пол:
    Женски
    Не оставам бакшиш, затоа што никогаш немам во мене вишок пари.
     
    На Ваљдрин. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.226
    Како да му оставам бакшиш кога го чекам 10 мин да дојде, потоа ми носи кафе а заборавил шеќер, па ми носи шеќер а не ми донел вода со кафето, па после 10 минути иде и ми носи вода и после го чекам 10 минути да дојде да наплати а во меѓувреме се прави интересен со негои глупави шеги? :shake:
     
    На plavusaa и wings им се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    487
    Никогаш не оставам бакшиш.
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    глупава навика на дечко ми која очајно се трудам да му ја искоренам - не заслужуваат а тој душичка љубезен мора да остави :^)
    и кога веќе му покажав дека навистина не вреди ете ти потег најбољи бакшиш на сите времиња :D :lol:
    дечково се испонаша ептен невкусно кон мене како дама а и кон него како мој придужник страшното е што цела акција се случуваше во елитен ресторан ..и значи дојде ред да платиме и ги оставаме парите а дечко ми како по навика бакшиш само што не беа пари туку првото срамно влакно кое го досегна ...е па сега памет за друг пат , веројатно не ни забележа но ние си знаевме и здраво се изнасмеавме .. :D
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    знам да оставам понекогаш,ама само ако сум навистина задоволна од услугата,инаку нема шанси
     
  8. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    5
    Секогаш оставам бакшиш, жал ми е за тие луѓе што работат угостителски работи и лично познавам некои од нив и знам колку е тешко и комплицирано да работиш мизерна работа со СЕКАКВИ луѓе, затоа и ги почитувам. Замислете по колку ситуации на ден имаат со некои на кои храната не им се допаѓала и место да се жалат на претпоставениот или куварот им се дерат како ненормални на оние што само ги послужиле??? Или само колку навреди трпат поради фактот што некои стереотипни луѓе ги гледаат како робови буквално, а на крај им прават и проблеми и со плаќање (а и самите сте сведоци во колку угостителски места постои обезбедување - ова дури и срамота за некои поелитни места!!!).
    И за на крај - НЕ ЗБОРУВАМ ОД ПАМЕТ ЗБОРУВАМ ОД ИСКУСТВО, сум била сведок на многу вакви настани и знам што се случува од страната на некои од "вообразените господа и дами".
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Женски
    Никогаш не оставам бакшиш! Ај да заработувам сама, да оставам, ама парите од џепарлакот не ми стигнуваат за мене, а не па на друг да ги дадам. А плус сум работела во кафич и знам дека келнерите крадат на големо, така да уште едно задоволство не им приуштувам.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.807
    Па тука можам да си кажам и од двете страни. Имам работено како келнерка и не можам да кажам дека не сум добивала бакшиш. Ама се зависи од луѓето. Ако некој не мисли да остави бакшиш не знам колку сакаш најубаво услужи го, џабе е. А некој што остава бакшиш и да седнал 15 мин колку да касне, пак ќе си остави. Јас оставам бакшиш секогаш. Нормално, веќе сум го работела ова, знам како е и колку е тешко да бидеш цел ден на нозе, да се расправаш со секаков народ и да поднесуваш се и свашта.
     
    На RedWine, agirl17 и ladymilion им се допаѓа ова.
  11. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    236
    Немам навика а и немам полно ќесе пари за да оставм бакшиш :wasntme:
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Не заработувам јас пари , моите ми даваат кога искачам . Мене и тие пари ми се малку , секогаш може повеќе нели :D И имам испланирано сегде кај ќе идам со тие пари и што ќе купувам . Кога ќе заработувам јас пари , кога ќе имам јас мои пари тогаш ќе оставам . Еве сега сум на одмор со моите , и кога седиме негде татко ми остава кај што се фини луѓето.
     
  13. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    зависи кога како ама во последно време пошто неам многу пари за расфрлање не оставам ама затоа дечко ми остава и за двајцата :D :D
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Ете истото. Парите што ги имам не ги заработувам, па затоа и не се расфрлам.
    Да имам свои пари, и да биде некој фин со мене, па би му оставила, зошто да не?
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Многу ретко оставам бакшиш, обично келнерите не се однесуваат убаво и професионално, па затоа не заслужуваат! ;)
    Во Италија кога бев видов дека некаде сами си наплаќаат по 1,5 евро по човек за услугата!
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    4.398
    не оставам бакшиш кога идам на кафе или на пиво денска шема и слично. но кога сме излезени на ручек, на вечера или така нешто со дечко ми секогаш оставаме бакшиш. незнам тоа кај мене се практикувало секогаш каде и да сме отишле со татко ми дали тука во мк или надвор од земјава кога и каде да сме седеле татко ми оставал бакшиш тоа го научив од него, а сега во врска го пренесов на дечко ми и мислам дека е ок да се даде бакшиш.
     
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Немам свој сопствен буџет, бидејќи сеуште сум мала. Но, секогаш кога ќе треба да ми вратат 10,5 денари во продавница, ги оставам.
     
  18. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    јас еднаш си идев од прилеп и таксито кое не носеше мораше да застане во кавадраци да не симене....а јас морав најбрзо да стигнам до дома и кога не симна во кавадарци се качувам во едно такси и му викам:
    вози најбрго колку што можеш!
    а тој:
    ама да почекаме уште некој сама ке ти биде поскапо до неготино!
    јас :
    не брее возии нај брзо......
    и овој кога ја настапи колата не се свестив за колку време стигнав во неготино....и таман му давам пари,и тој требаше да ми врати кусур некои 20 денара,и јас
    викам нека ги мислејќи за тие 150 ден.....
    и право го земав куферот и си заминав,и типот
    фала девојко фала.......јас си викам што му е наовој боже за 20 денара....
    и одам дома што ќе видам јас 100 ка сум му манала....ами како нема да вика фала.....
    ете така на тој начин јас си оставив “поголем“бакшиш!!!!!
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Јас не оставам бакшиш па студентка сум , не работам за да имам вишок пари :) А дечко ми обавезно остава бакшиш на келнерот, ама обавезно :)
     
  20. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Кога вечераме со дечко ми оставаме некогаш ако келнерот е љубезен 10-20 денари за да не ни враќа :lol: Млади сме, студенти,не можеме повеќе.. :)