и јас оставам 10- 20 ден. максимум. Понекогаш и да имам пари не сакам да оставам, кај нас услугата во кафичите ми е на најниско ниво.
Јас не оставам бакшиш.Порано се случуваше да бидеме излезени и кога ќе порачаме нешто келнерот се да нема да ни врати пари...и на такви да им оставам кај не крадат па и уште бакшиш да добијат...не заслужиле
Јас не оставам бакшиш често, речиси никогаш. Треба да си го заслужи, ама овие сегашниве келнери конкретно, префригани, лигави и некултурни, уште да му дадеш се. И плус не се расфрлам јас со пари, си зема тој плата. Е дечко ми си има таква навика, остава, по кафичи, кафеани, ама ако се десет, дваесет денари, не повеќе. И мислам оти и тоа е култура па, ама само ако стврано си заслужил тој што те служи.
оставам бакшиш само на оние келнери кои знаат добро да ме услужат и кои едноставно заслужуваат да му оставиш бакшиш
порано никогаш не оставав. Бев помала и немав некој голем буџет. не дека сега имам, ама работам како келнерка и ЗНАМ колку значи да видиш бакшиш. За услугата морам да кажам дека не се секогаш келнерите криви. Кај мене на работа, пијачките ги дава шанкерот, и затоа јас не сум крива што коктелот не е доволно јак или што нема лед во кока колата. Се чекаат пијачки на маса, зошто и келнерот ги чека на шанк... И да, луѓето со кои се срекаваме секој ден се Секоја чест на исклучоците, има прекрасни муштерии, ама повекето се Дали дека работам во подобар ресторан/кафич каде што седат се некои *уфилмани* ама искрено се се изнагледав за овие 3 недели. И затоа немојте да се чудите ако пола саат пред затварање нарачувате нешто и келнерот не ви се насмее.
Да оставаам... Посебно минатиов пат кога бев на пат, во хотелот каде што бев одседната а истиот во сопственост на мој близок роднина , ми се допадна начинот на кој дечкото толку се трудеше да ми угоди и ако јас не го барав тоа од него ...Но за тоа беше добро награден ... а и подоцна разбрав дека посебно ги сака гостите од Мк затоа што неговата мајка била Македонка.
Јас оставам бакшиш скоро секогаш, во хотели, ресторани, на кафе.... немам навика да оставам бакшиш во маркети и слични некој продавници....... во странство келнерската работа е најмалку платена и сите живеат од тоа и ако не им дадеш те прашуваат што не е во ред со услугата.
Немам некоја навика да оставам бакшиш... Понекогаш не чекам да ми вратат кусур (да бидам искрена кога е минимален кусурот ) и ете тоа му доага некако да сум оставила бакшиш... сепак воглавном ја немам таа навика!
Aко се работи за 10/20 денари кусур не земам, инаку ако ми се види келнерот посебно симпатичен или келнерката фина, ако се љубезни и сакаат да те услужат убаво, тогаш знам да оставам бакшиш. Но кога сум со дечко ми, бидејќи најчесто тој плаќа, редовно остава солиден бакшиш (незнам колку посто од сметката) тоа му било бон тон кој ужасно ме иритира бидејќи има луѓе кои дефинитивно не го заслужуваат
Точно е дека додека бев средношколка или пак студентка немав обичај скоро воопшто да оставам бакшиш. А сега кога заработувам, оставам онаму каде што е заслужено. Многу ми е мерак кога ќе видам дека келнерот се труди да ти го разубави денот - а јас сум седнала за да си го разубавам денот на крајно хедонистички начин, да сркнам кафе, да испијам сок, да мезам на раат, да го освежам сетилото на вкус со разноразни вкусни јадења. А сето ова може многу лесно да падне во вода ако келнерот е непријатен, или заборави нешто да ми донесе, или ми донесе прљава шоља за кафе, или се мурти цело време, или повторно заборави нешто, па уште ако му кажеш ти рече - ало две раце имам само. Си викам е не зае*авај, ја па мислев на БИП да си ја качиш едната тацна и се да донесеш за сите наеднаш! Во глобала ако некој ме разочара, од инат не стапнувам во тој кафич или ресторан. Или пак можеби не е толку инат во прашање колку тоа што не разбирам зошто би си правела јас Бајрам на паметот и би му давала на некој газда да заработи, ако тој газда не ме почитува доволно за да ми овозможи барем неколку пријатни минути во денот со обучување на својот персонал?! Не одам онаму, каде што не ме сакаат ниту ме почитуваат како муштерија. А јас моите пари кои сум си ги заработила си ги ценам и бирам на кого ќе ги дадам. Значи во вакви случаи, не само што не добиваат бакшиш од мене туку и не се враќам втор пат Со исклучок на горе - споменатите ситуации навистина оставам бакшиш, барем минимум, а кога сум екстремно задоволна оставам и многу повеќе, во зависност од сметката. Ја користам оваа прилика да ги поздравам келнерите од мојот омилен ресторан во Охрид и келнерите (претежно студенти) во Кино Карпош или Излет. Лезетски, опуштени, природно пријатни. Барем она што сум доживеала досега. Со задоволство ќе ви го посветам секој мој бакшиш
Кога сум задоволна од услугата секогаш следи бакшиш, се осекам убаво после таквиот гест! Но, има и ситуации каде што услугата е на никакво ниво па тогаш се каам што воопшто сум влегла во дотичниот локал...
Бакшишот треба да се заслужи и те како.Еве еден пример Седеме со колешките за време на пауза во еден елитен ресторан, порачуваме кафе. Доаѓа келнерката ама така намуртена мислиш децата сме и ги убиле уште тие чашите од шанкот да ни ги фрлеше најдобро ќе беше, ги турка низ масата како фудбал да игра. Ја викнуваме повторно и велиме 4 флаширани води, одговорот и беше- Државна администрација.Фино лепо си станавме и трча по нас ама сметката, каква сметка , нека дојди газдата ќе му платиме. Дојде газдата фино лепо си плативме, ни се извини човекот, нова била бла бла муабети, повеќе не ја видов таа келнерка. И што ќе кажете заслужува бакшиш, и јас сум работела како средношколка како келнерка и јас сум послужувала и вработени во ДА и градоначалници и директори но никогаш не сум се однесувала така. Маж ми е предобар, секогаш кога одиме на кафе или вечера секогаш им остава бакшиш без разлика од услугата, јас не се согласувам со тоа, ако се покаже добар ќе добие бакшиш ако не нека си ја чека плата
Порано никогаш не оставав баксиш но сега да бидејки знам како е да се живее од баксиш, работев во казино 2 и пол години и знам колку пари сме правеле од бакшиш некогаш скоро колку и цела плата бидејки цели плати ни летаат за кирија просто од тој баксиш дечко ми и јас живееме , он работи конобар и летен период прави и по 1000 денари баксиш денвно па секогаш оставаме и стварно животот ни вракал ..
Најмногу зависи од џебот. Што се вика кога одвај ќе се избориш за ти да добиеш некој денар +, најмалку ми се остава како бакшиш. КОга јас ќе си заработувам и ќе имам одвишок пари да,Ќе оставам. Ама сега зависи...Зависи и од цената, ако ми дадат сметка со 200 денари сигурно дека нема да оставам 250 за да има бакшиш. А вака ако е 130,140 денари нормално. А морам да кажам МРАЗАМ кога некои келнери/ки како со сила да ти го бараат бакшишиот. Ми се случи баш пред некој ден си јадеме сладолед со другарка ми и ни доаѓа да платиме 80денари. И давам 100 на келнерката и таа бара кусур, бара ама изгледа немаше ситно и ми вика: Епа ај части ако не Ама она озбилно. И само и се насмеав и реков ајде уживај Не ми беше проблем ама на многу лош начин се постави, а и услугата не беше нешто НАјсјајна