Не оставам - не од што не сакам да оставам, туку од тоа што секое денарче е испланирано. А и родителите ми даваат пари за излегување, па здравје Боже кога ќе се вработам би оставала бакшиш за добра услуга. Едно лето на одмор со друштвото бевме Будва и супер си беа келнерите ама многу идиотски беше тоа што сами бара да му оставиш 1 евро бакшиш. Добро бре човек ако сакам да ти дадам бакшиш ќе ти дадам јас колку сакам. Можеби сакав 2 евра да му оставам.... И секако не им остававме
еве последен пат оставив бакшиш за 8 ми март кога бевме излезени со друштво да се почастиме. и така ми се направи пусто ќеифот ракииче салатче мезење и на крај од задоволство затоа што јас си ја поминав убаво вечерта и оставив на келнерката 100 денари бакшиш. абе сите ме погледнаа наопаку како тие да ги вадат парите али мене пуст ќеиф и си ги дадов. Ете тоа сум јас
Кога сум задоволна од услугата,оставам бакшиш. Луѓе кога ќе отидете во некој објект,и кога ќе те опсипат со толку внимание, ти го облкаат капутот, ти помагаат при изборот на храна, културни се и фини, мерак ти е да им оставиш бакшиш. Али некаде кај што ќе си цркнам од глад дур ме послужат, (во Ања на пример) , кај што келнерите се катастрофа, некултурни, неуслужливи, нормално дека нема да им оставам ни денар.
Скоро секогаш оставам бакшиж, сум била келнерка и знам што значи бакшиж да добиеш Е сега ако келнерот си брка се друго , освен тоа што му е работа, е тогаш нема нормално.
Да, оставам. За добра услуга нормално. Таков е татко ми, таква е мајка ми, па како помала кога одевме по ресторани ги гледав како оставаат бакшиш. Така почнав и јас. Некогаш од кусурот оставам, некогаш плус давам, ама оставам. Често знам и на таксистите да им го оставам кусурот.
^Коментаров ти вришти Си зема човекот плата... Па тоа е дел од културата, ако ти се допадне услугата си оставаш бакшиш. Оффффф..
дел од културата -.- па за таа услуга добива плата, нели и таа мора да си ја врши добро, ако сака да си го сочува работното место, нели?
Среќа ретко кој го дели твоето мислење, инаку професијата келнер може нема ни да опстанеше Во многу објекти келнерите живеат повеќе од бакшиш отколку од плата. Ама ете, ќе се најде некој и со вакво размислување.
се согласувам..во земји земји каде што сум била на одмор бакшишот е сосема нормална ствар дури келнерот стои чека додека не му дадеш тоа е дел од културата задоволен од услугата и си оставаш..кај нас реткост е ова ако те услужи убаво ке речеш еее колку се фини може пак да идеме таму а за бакшиш како не сега ке му давам си зема плата..тоа е македон4е
е да де, како да сум кажала дека е ненормална работа О_О културата можам и на други начини да ја покажам за вакви услуги и btw, не сум македонка
На други начини? Да речеме ќе му оставиш бакшиш во натура, м? И што има врска дали си македонка или не? И во другите земји бакшишот е пресметан во сметката.
за култура зборувавме мислам а и културно е ако несакајќи си навредил некого, ке му се обратиш со едно извини, немав лоша намера, и со молба тоа да се заборави и да не се продолжи со дискусија која се гледа дека ке се претвори во жестока расправа искрено се надевам да престанете веќе, колку и да сте се нервирале, јас таква намера немав, слободно искажете си мислења, јас кажав тоа што имав да кажам
Многу ретко оставам бакшиш. Кај нас секој е келнер, одвај чека да те послужи и да си отиде да седне или да си застане на шанк. Те прашува што сакаш, па заборава и се враќа да те препраша, па не ти носи вода 30 минути, шеќер не ти носи со кафето , не можеш 20 минути да го најдеш за да му мавнеш за сметката да ти ја донесе, најмногу се нервирам кога нарачувам сладолед абе во 50% случаеви секогаш има погрешен сладолед ставено. Толку ли им е тешко да запишат кој сладолед го сакам? Или не можат да го научат менито. Толку ли е тешко бе едно мени да се научи. И ќе прашаш каква вотка имате? И он крева раменици. Не знае 2 вотки да научи а тоа му е професија дал засекогаш, дал на 2 месеци не е битно. Затоа бакшиш на такви келнери не. Али има келнери кои се толку насмеани, толку услужливи и на таквите бакшиш оставам, не е голем ама колку толку. А во рестораните каде секогаш има гостопримливост на ниво си заслужува и бакшиш добар.
и јас скоро никогаш не оставам бакшиш,прво во нашиве скопски локали услугата е на најниско ниво а доколку седнеш во некој пософистициран ресторан келнерите не се задоволни од бакшишот што има го оставаш.Баш имав и јас таква случка.Оствив бакшиш онолку колку да се заокружи сметката на пр.ако сметката беше 2948 ден дадов 3000 ден.Кога келнерот погледна внатре и виде само 50-тина ден направи такво незадоволно лице што да ви кажам.Отткогаш не давам ни денар бакшиш!!!
Не заслужуваат (секоја чест на исклучоците)....Прво кога ќе дојде и кога ќе почне да ѕирка по чашите и да ги поткрева флашите за да види колку има останато, ми иде да им завртам една жешка циганска. А па уште кога ќе ти ги соберат чашите, а не си станал од маса Тоа ми е најнекултурната работа која што може да ја направи келнер. После ова инат ме фаќа и бакшиш ептен ретко оставам
Давањето бакшиш зависи од политиката на ресторанот па се до прифатените непишани правила. Во светот има ресторани каде давањето бакшиш се подразбира и автоматски се пресметува во сметката. Но тоа не е правило и не е секаде. Јас не се согласувам дека мора да се даде бакшиш (освен ако не им давате по дифолт на сите што се занимаваат со услужна дејност). Дали задолжително оставате бакшиш на касиерката во маркет? А на продавачката која извадила 10 парчиња облека да пробате? Во такси? Не ми се допаѓа ставот дека келнерите заслужуваат бакшиш, а сите други не. И продавачката во маркет или во бутик работи за мала плата, ако веќе платата се кажува како причина. Инаку, општо прифатено (непишано правило) е дека во Европа се дава 5% бакшиш. Во Америка е многу повеќе, мислам од 10% нагоре. Нема горен лимит, ама долната граница е 10%. Значи, ако сметката е 3000, 300 ден бакшиш-најмалку, но оди и на 20%, што би биле 600 ден. Кога ручаме или вечераме надвор редовно оставаме бакшиш, најчесто 100 денари. Повеќе не.
Давам дур имам пари од платата, тоа се почетните неколку дена, ајде добро да не се жалам, недела и пол, после се стегам обично и за сметката дал ќе дособерам од ситнежот у чанта, пак бакшиши да му ја мислам, жити Бога, у Македонијава бакшиш. Ај, шо услугата, ко што веќе пишале погоре да не повторувам е позаникаде и од заникаде, ама па и едни плати што имаме, едни финансиски моќници што сме си да ти пукне чирот. А, со тоа прибирање на чинија, чаша или боже ме пази да ти дигне шишето и дур седиш на маса и да го протресе за да види дал внатре има уште нешто, ооооооооо како го мрзам и јас, на сркни ми од чашата, касни ми од тањирот, само не ми го зимај дур седам на маса. Ќе те викнам коа ќе е готово, аман. Ама тоа мислам дека си е повеќе политика некаква си шупачка на самите кафичи, ресторани, не дека се келнерите криви... они си се криви што си се несмасни, флегми и со мрмкачки фаци. Баш сега скоро на палачинки излезени и во чинијава на човекот со мене останато уште едно парченце од палачинката згора на тоа цел шлаг стои од страната. И сме си се зазбореле, си дрдориме и ете ти ја типкава иде му ја крева чинијата, пак овој шулепујко си ќути, само ја гледа подзинат и јас и викнав да ја остави чинијата (ок не се издрав у среде кафич де не фино џентлвомански и реков „не сме готови“ стајл) и оваа ко зелена се смешка, ни пардон, ни извинета, ни бутур, си ја врати и си се сврте ко манекенка си испари. Викам ах, пардон муа што не ти ја дадов чинијата, можда ќе си каснеше од шлагчето.