знам да оставам бакшиш - не често ама се случува... бакшиш - по заслуга. Сигурно не би оставила на некого бакшиш кој не ме услужил како што треба, а ги има многу такви
Доколку келнерот навистина добро си ја вршел работата, зошто да не. Кусурот што ќе остане му го оставам. Обично е 20-30 ден...сепак не сум ни јас милионер
Пред една недела бев на свадба и закажав на фризер...арно ама таа ме запишала еден саат покасно од закажаното така да си закаснав цел саат на свадбата....и беше мн незгодно и ми се извинуваше цело време....а потоа за фризурата место 600 ми рече 300 Ми падна и мене така незгодно зш се мачеше цел саат со тенкава ми коса за да ми направи некоја си пунџа и и дадов 400 Несакаше да ги земе ама и ги оставив на масичкава и си појдов А на келнери оставам бакшиш ама многу малку за 10тина денари ,20 повеќе не И кога треба да ми вратат ситни пари во маркет,аптека каде и да е никогаш не ги земам
Оставам секогаш по 10-20 денари, освен во прилика кога келнерот бил навистина неуслужлив, вртел очи и слично.
Ретко кога оставаме бакшиш. Во Мк никогаш скоро немаме оставено, можеби само во Охрид два-три пати затоа што келнерот бил ептен екстра услужлив.
ако келнерот е како што треба не ми е тешко да му оставам до 5 ден бакшиш ама ако е некој намкор до денар чекам кусур....
Најмногу зависи од келнерот, ако е ок, ако не е некој арогантен и неуслужлив, тогаш ми се случува да оставам, зошто да не. Го оставам кусурот најчесто (се разбира ако не е премногу).
Екстра услужлив келнер..во Охрид хехее и јас ќе му оставам бакшиш кога ќе налетам на него, мора да е редок вид
Бакшиш оставам само на љубезни келнери( кои се ретки) по 30-40 ден ако ми врати кусур , а некој кој превртувал очи и го мрзело што живее- никако.
Знам да им оставам бакшиш на келнерите, но секогаш е некоја ситна сума 20-30 денари, односно кусурот. Ми се има случено и да оставам и многу поголем бакшиш 100-200 денари али тоа беше само едно лето, кога заработував солидно па се занесував ко милиони да имам. Сега како што кажав нешто ситно, па греота се и тие луѓе секакви будали трпат а немаат дневница поголема од 500 денари а 8 саати натака навака нон-стоп на нозе
Денес за прв пат и оставив бакшиш од 50 денари на една девојка во Ало Ало. Да имав и повеќе ќе и оставев, ама тие ми беа последните. Откако ми ги кренаа живците идиотите што работат во Ања, девојката многу пријатно ме изненади, многу беше љубезна, и со мерак и ги оставив последните пари
Кога сме веќе кај бакишишов многу ме изнервираа кога бев пред една недела во Бугарија. Седнавме во ресторан со моите, јадевме што јадевме, носи сметка келнерката и татко ми уште не ја видел сметката, туку се убацува газдата "А бакшиш каде, а?" Па чекај човече прво да извадам пари, па ако заслужила келнерката ќе и оставиш нешто, а не вака ко за милост да молат. И таа кутрата како се засрами.
Во продавница никогаш не ги зимам ситните (железни) пари што ми ги вракат колку и да немам.. А во кафич оставам но доколку послугата ми била по кејф, а ако дојде некоја надувана ни повелете што нема да каже тогаш јас ни Благодарам не и кажувам а не пак и бакшиш да и оставам .. Знам сум работела келнерка знам колку е тешко но секогаш сум била љубезна насмеана до умник што се вика дури и на тие што не ни требало тоа да им го правам но на работа сум мора културно да се однесуваш (често пати се расправав со дечкото за тие ситници, е што толку муабет правиш ово оно) но затоа кога ке излезев низ центар немаше некој што ке ме одмини а и добар бакшиш вадев со дупли дневници поминував .. КОЛКАВ ТРУД, ТОЛКАВА ЗАРАБОТУВАЧКА
Било некултурно и избрзано од нејзина страна, ама во многу странски земји бакшишот се подразбира, дури и ти е вклучен во самата сметка.Ама кај нас ја нема ниту таа култура, ниту тој стандард. Специјално бакшиш не сум ставала, ама ако бил да речеме сметка 460-470, ќе оставам 500 и не чекам кусур.Ако е на пример рамно 500, непријатно ми е да и дадам во рака плус, мислам дека ќе направам да се осети како да е просјак.Знам дека не е така, ама така се чувствувам и не можам. А има едно деденце пред факултет, продава пријави, тетратки, пенкалца и паломи за само 5 денари Седи нонстоп и на минус во зима и на 40 во лето и секогаш му купувам по нешто дури и да не ми треба и секогаш демек несакајќи му оставам плус
Јас додека работев келнерка во моја смени тие 9 саата преку сила вадев само 40 денари бакшиш.А луѓето се однесуваат немилосрдно ќе порача едно кафе па те малтретира како личен слуга да си му....се нешто им текнуваше да бараат најчесто 10 пати бараа вода салфетки,бараа нивното ѓубре од јадење празни кутии цигари да им го фрлам јас а уште седат на маса....многу пати се случуваше да порачаат едно нешто кога ќе им го однесам да се предомислат и да побараат друго и најчесто тоа јас го плаќав од мој џеб....И таа дневница од 500 ден се случуваше да ја раситнам бидејќи коа се броеше касата газдата ме поткрадуваше по 50 по 100 ден ..... така да јас знам колку ми вредел тој бакшиш и сега редовно оставам каде и да седнам