Секогаш оставам бакшиш ,како прво од култура како второ затоа што знам колку многу им значи бакшишот на тие луѓе што работат во нашево угостителство !
Јас оставам ретко ,јас сум навикната да имам се до денарче ,ама сепак оставам кога ми текне Иии да ! Само на љубезни келнери или продавачи .Таквите навистина заслужуваат бакшиш,ама ретко се наоѓаат такви
Леле какви мислења прочитав Скроз се запрепастив. Ве молам, доколку не сте искусиле како е да бидеш цел ден на нога, да се смешкаш, да послужуваш СЕКАКВИ луѓе (што е најболно) не зборувајте! Мене смената ми е од 9 сабајле до 5 попладне, јас цело тоа време сум на нога, памтам што ми нарачувале, им го носам, им сипам сокче во чашата и секогаш викам повелете дури и најголемиот душман да ми дојде таму, и вие се буните за едно факинг шеќерче што може да се заборави? Побогу, па која е филозофијата, ако заборавил ќе ти донесе де, нема да умреш ако 2 секунди покрај шолот немаш шеќерче Се случува да се заборави, гужва, трчаш наваму натаму да однесеш, се случува да заборавиш што ти порачале па да се вратиш да препршаш, да не случајно треба и црвен тепих на ооо ваше височество да ви постелеме кога ќе доаѓате? Еве јас сум 4ти ден келнерка и ми се случи неколку пати да заборавам шеќерче да им однесам, ми се случи и да го потурам еден човек, ми се случи и да заборавам што ми нарачале па да се вратам и да ги прашам. Побогу, не ги убив, им однесов шеќер на тие што заборавив, им се извинив што го потурив и му однесов нов сок. Моиве раце не се од железо да додржуваат, без да изгубам контрола, зашто сепак тоа тежи, на било кој од вас ви се има случено да заборавите по нешто било што, да не треба грешна нарачка да му однесам само затоа што сум заборавила? -Ќе му го сронам бисерот ако го препрашам што ми нарачал? Да, бакшишот значи премногу, вчера прв пат добив и сеуште сум среќна заради тоа. Не ми беше муабетов за бакшишот толку, колку што ми е да ви укажам колку е тешка работата и некогаш да покажете доза разбирање, зашто и тие луѓе (меѓу кои и јас од пред некој ден) сме создадени од крв и месо, да работа ни е да се смешкаме, да бидеме услужливи, ама не пчекувајте забога кога смената скоро е пред завршување кај 10 ипол навечер да се смешкам кога сум отепана од работа и само креветот ме интересира.
Бакшишот е награда за тој кој ти завршил работа, те услужил, ти помогнал... Не знам колку од вас работеле во услужна дејност, но бакшишот значи многу макар биле и 20 денари. Што се 20 денари за двајца кои пиеле кафе, пијачка или јаделе, утепале 3 саата во муабет? НИШТО. А да не правам муабет кога ќе се соберат повеќе луѓе, па галамат, па пребираат, пијат и си одат без денар да остават. До сега не ми се случило да седнам некаде и да не оставам бакшиш, некаде повеќе, некаде помалку во зависност од тоа колку сум задоволна, но како и да е не станувам без тоа. Кога сум имала пари да се решам да пијам или јадам, да држам маса, некој да ме служи и да собира после мене, имам пари да оставам и за услугата.
Се сложувам и со двете! И да има такви кои навистина заслужуваат бакшиш, не 20 па и 50 денари. Оној кој се труди, сака да те услужи и е пријателски расположен - едноставно мерак ти прави, па зашто да не му го разубавиш денот? Но има онакви, намќори кои не еднаш, туку секој пат кога те услужуваат се со намуртена фаца како ти да си крив што таа е на работа и што мора да работи, ти си крив што си дошол и си и го прекинал финото кафенце и трач муабети со колешката, па грубо доаѓа со тефтерчето и ти вика едно отсечно „КАЖИ?“ фрчејќи со носот. Па ај што ќе нарачаш - ќе нарачаш, па си и рекол пица без печурки и гледаш оп ти носи со триста кила печурки... Е зар не е таква да и ја лупнеш чинијата од глава. Ова опишувам една неуслужлива конобарка во една пицерија која многупати и се има случено ова. Секако не се сите вакви, фала богу.
Имам оставено само еднаш бакшиш,кога бевме на забава заедно со класот па им реков на сите да остават ако имаат по 10 ден плус да му дадеме на човекот,бидејќи цела вечер ни се смешкаше и 100 пати ни рече ако ви треба нешто кажете...а да ги прашам тука келнеркиве нешто ...по колку бакшиш најчесто добивате и по колку мислите дека најмалку дека треба да ви остават ?
Па зависи, еднаш си дојдов со 90 денари бакшиш, а вчера со само 20, денес дури ич Ама земајќи го во обзир тоа што работам во обично кафуле и не ни очекувам многу. Братучедка ми која е келнерка во ноќен клуб има дојдено дома со 7 000 денари бакшиш од една вечер само Дошле некои Грци и пуштиле душа, потоа некои други и така бајаги пари си собрала. Ама во ноќните клубови се разбира дека повеќе собираат, друго е за разлика од обично кафуле
Туу богами братучедка ти ептен бакшиш собрала...алал нека и е Инаку јас ве прашав оти на моја другарка,братучедка и, работеше во кафич еден месец и се сеќавам еднаш си правевме муабет и вика :вчера ми оставија само 20 ден бакшиш,поарно ич да не оставаат ...и си викам да не е нешто навреда ако ви оставиле само 20 ден бакшиш.
Кога и да одиме со дечко ми, он плаќа и секогаш остава бакшиш. Едно време почнав да се шалам дека бакшижот зависи од тоа колку е добра келнерката шала на страна секогаш остава до кај 20/30/50 денари, понекогаш и 100.
Имам грижа на совест кога немам доволно во мене за бакшиш. Верувајте ми. Дури и секогаш ако сум со поблиски луѓе седната, знам да им кажам, ајде вадете сите по десет денари плус. Но во последниве години, нема кафе да седнам, а да не оставам бакшиш, макар и било десет денари, дваесет денари... Освен ако не ме извади од такт (не велам за доцнење на кафе, вода, шеќер и слично). Чувствувам срам ако не оставам бакшиш. Имам работено, знам како е, знам колку радост носат тие плус 10 денари, од еден од друг, се собираат. И на крајот на смената, едвај чекаш да си ги преброиш...
Па ако ми излезе сметката округло, 200, 300 ден. искрено не оставам бакшиш Немам навика ако сметката така ми излезе да бркам по џебови, да барам ситно за да оставам бакшиш. А ако ми излезе пример 270 ден. тие 30 ден. ги оставам. Ни келнерот нема да го збогатат ни мене нема да ме осиромашат. Јас повеќе имам навика да им оставам на болните луѓе. Глувонеми или само неми не е битно...Има кај нас такви, проаѓаат во кафиќите, пицериите, одат од маса на маса и оставаат ливчиња на кои е опишана нивната болест. И потоа ги собираат и кој им оставил пари си ги земаат. На нив им оставам до 50 ден. можеби не е многу, ама барем од срце се дадени.
Можеби сум скржава ама не оставам бакшиш а зошто би му/и оставила зошто тој или таа не ми намали од сметката па можеби тогаш би оставила бакшиш
Пред да отидам во Америка - не. Таму мора да оставиш бакшиш, тоа е дел од сметката и некако се навикнав. Од тогаш секогаш оставам освен оној пат кога тие што ме услужуваат се дрски и безобразни.
Оставам бакшиш секогаш кога сум задоволна од услугата Пример: сега зимава бевме со една другарка на палачинки... и отидовме нарачавме и отидовме во вц (настината бев па прво што фатив после кваката од влезната врата беше вратата од вц-то)... И во пицеријата ги познавам сите келнерки, ама сега имаше некоја новаи океј не е битно... Битно девојчето супер си не услужи и 2 пати ми донесе нов прибор бидејќи на 2 пати ми падна и тоа само ножот... И остадовме 100-че бакшиш, и ние среќни и таа (валда)... Ама знам дека еднаш во друга пицерија на пица кога отидовме, го чекав келнерот 10 денари да ми врати. За таа дрскост ни денар да беше не му го оставав ;]
Па кога би го начекала бившиот ми дечко, би оставила нешо појќе од бакшиш ( или како што знае баба ми да каже- бакчич) ххх... Оставам бакшиш кога сум одвишок со пари и тој или таа заслужуваат бар некој денар плус дали било тоа ради услугата или лепе очи( овде зборам за машки ) сеедно, но ќе оставам.. Но, нема да му/и оставам пари на некој што едвај ќе чека да станам и да ме послужува ради реда.. Абре јас сакам да ме послужува со насмевка, со лизгање што се вели, е на таков или таква и заден денар да ми е, ќе го дадам... И вреди,на оние насмеани, фер што се вреди да се даде........
Искрено кога плаќа машко ми е ок да остави бакшиш, а вака јас како женско не ми оди оставање бакшиш, штознам по бон тон не ми е логично . Којзнае можеби и грешам, но се на се дали 4пати сум оставила лично јас бакшиш
Па сакам да оставам бакшиш, мене тие 10-20 денари не ми значат многу кога сум излезена некаде бидејќи имам пари во мене. Сакам да оставам, но често ми се случува да заборавам. Бидејќи живеам во помал град и на келнерите кога им оставаш бакшиш ти ги враќаат бидејќи не се научени некој да им дава плус (скржав народ )
Да оставам.Но не секојпат-зависи колкава е сметката.Ако е на пример 540,секако дека тие 60 денари да.не ме осиромашуваат.Значи се зависи од големината на сметката.