Бакшиш оставам во продавници/маркети и тоа ако се работи за денарче,две,три. Па што да правам кога дома имам касичка која треба да се наполни,а и плус не сум на плата морам да штедам,секој пара е важна.
Не оставам. Уште сум млада и чекам на мама и тато така да неможам да се расфрлам со бакшижи. Само на продавница кога одам ако треба да ми вратат 1,2,3 денара ги оставам оти ми е глупо да чекам за 2 денара.
Во ресторани, кафичи и сл. оставам 20 денари или повеќе, али во продавница не ако нема да ми врати ќе си купам уште нешто
Имам 2-3 места каде сум задоволна од услугата,и каде секогаш оставам бакшиш.Малку ми е смешно да кажам бакшиш,со оглед на тоа дека сумата е мизерна,во споредба со другите земјите. Значи на тие неколку местенца,си добивам супер услуга и никогаш немало утка,келнерите се фини,љубезни,и секогаш гледам нешто да има Инаку во Скопје не ми се случило да оставам бакшиш,со оглед на тоа што никаде до сега да сум добила саглам услуга. Или се мршти,или уста не отвара,или нешто заборавил секогаш има-нешто
многу често оствам бакшиш пред се кога сум задоволна од услугата. малку ми е глупаво да не оставам незнам така сум навикната и така правам. е сега ако некој ептен ме изнервира не оставам и може да се пожалам и на шефот. и јас сум работела како келенерка и знам како јас се однесував со клиентите така да очекувам добра услуга од секој што го работи тоа и нормално ќе биде награден
Јас секогаш оставам бакшиш,бар 20-30 ден што останале,често и повеќе..ама не сум оставила преку 100 ден. Мислам дека и тоа ги е доволно,10 луѓе дневно да им остават по 30 на нив плус една дневница им излегува
Јас порано ретко оставав, ама откако дечко ми работи како келнер почнав да оставам секогаш, освен во случај кога ми се броени парите или кога услугата била лоша, а келнерот нељубезен.Некако сега кога знам колку тие 20-30 ден ги радуваат сакам да ги радувам, па секогаш оставам колку можам.
оставам скоро секогаш по 20-30-40 денари како ќе имам така... освен ако некој/а е ептен безобразен/а и ми се испонаша кретенски ...
По ресторани обавезно оставам, иако одам преретко. По кафичи оставам ретко, претежно бидејќи налетувам на келнери кои не знаат да речат ни здраво ни пријатно. По маркети ми е глупаво да оставам, си земам до денар, а посебно бидејќи ми се случува за 1 ден. кесе да ми раситнат цела 100ка.
Не одам многу по ресторани, пицерии, кафетерии но во продавница ако се работи за 2/3 денари не ги земам воопшто ни не чекам да ми вратат кусур.