Оставам бакшиш кога имам повеќе пари, кога ми се кнап срамежливо оставам колку што чини, ми доаѓа да се извинам..
Да честопати оставам бакшиш, особено кога сум при пари, некако задоволство ми прави тоа особено за оние кои се љубезни
Не оставам затоа што знам дека пр. келнер и музичар зема повеќе од мене. Тие пари ги давам на друго место.
Da ostavam bas zatoa sto studenti rabotat i im trbaat paricinja. Znam jas po moeto dete. Rabotat decata, se trudat, pa sto da ne.
Културно е да се остави бакшиш, особено ако келнерот се труди и е љубезен. Ако не е љубезен, ниту 10 денари нема да оставам. И да, ако треба да го мавам келнерот за вода, исто така не оставам бакшиш. Јадење во ресторан и пиење кафе во кафиќ е луксуз, па штом ти имаш време и пари да седнеш некаде, тие 20-50 денари нема многу да ти го сменат животот. Оставање бакшиш особено се однесува за ресторани, за кафе - кога како. Пример, ако за кафе сметката е 130-140 денари, оставам 150, ама ако сметката е 100, оставам 100. Во ресторан, ако сметката е 940, оставам 1000. Кога бев студент и пиев кафе по предавања или испит, тогаш оставав точна сума (секогаш во себе имав 10ки и 50ки), често се случуваше да седнам на кафе со уште две колешки, па доаѓа трета колешка со која имам само здраво, доаѓа уште една колешка која е другарка на моја колешка а ја прв пат ја гледам, па да се поштедам себеси од боење кусур, па и она "Ејј немам у момент, ке ти дадам после/ утре" (а тоа лесно може да се заборави) си носев ситни пари и точна сума оставам. И мене ми беа броени парите, па морав да планирам што и колку трошам за да си купам некоја ситница плус, небитно дали е кармин или парфем. Кога сме со друштвото, одиме на неколку места кај што и услугата е добра и храната добра, па сумата ја заокружуваме на наредна стотка, излегува секој по 30-50 денари бакшиш да даде.
Со пријатели дојдовме до дискусија дека правилно е секогаш да се остава бакшиш на келнерот затоа што му е мачна работата и не е доволно платена . Што мислите вие за ова? Дали оставате бакшиш? Јас многу ретко скоро никогаш ,според мене тоа им е работа која прифатиле да ја работат ,тешка лесна они ја одбрале на тие во конфекција никој не им дава бакшиш ако така гледаме или во маркетите и на нив им е стресна работата или на градежните работници . Јас не сум за давање бакшиш затоа што они си се платени за работата јас доаѓам ме услужуваат си ја вршат работата за која се платени и одбрале да ја работат.
Ако ми се свиѓа услугата оставам бакшиш зашто да не, мада ми се случило да мислат дека ги свиѓам кога оставам бакшиш дали ретко оставаат бакшиш луѓево па невообичаено им е или не знам зашто али неколку пати ми се десило така да ме загледаат као да мислат дека некаков знак давам. Али не знам таква личност сум не сум стегната за пари или пак сега да правам анализи дали заслужува или не заслужува едноставно сакам да оставам но ако ми се погоди намќор или нељубезен се подразбира дека нема да добие.
Скоро секогаш оставам, ако ми е ок услугата,а и сопругот со сите се познава па ги поштува и му остава. Се разбира ако некој не е културен или чекаме многу заради негова вина нема да оставам. Не гледам дека е некоја голема сума тоа 20-30 денари на ден, во наш случај тоа е два три пати неделно.
Јас оставам бакшиш чисто од моето работно искуство во кафич, па знам колку тоа оставање бакшиш после добро услужени гости и испратени со насмевка (мада некад не ми било ни до смеење) ми го разведрил денот. И на 10 денари сум се радувала ко смотано детуле. И не гледам според изглед на келнер/ка дали да оставам или дали ме услужиле неколку мин.покасно. Све се случува, не сум едини гостин таму, си има работа и со уште 500 маси и 500 други нарачки. Со тие 20-30 денари нема да осиромашам у секој случај.
без разлика што како услуга... навика си иам некоја .. не го зеам кусурот/ ако се рачуна бакшиш ... инаку понекогаш се иам замислено и така да кажам двоумено ... ама многу ретко... знам инаку лоша навика за женско итн бла бла ... ама тоа е
Оставам ако услугата била добра. Имам некоја идеја како треба едно просечно искуство да изгледа во кафич/ресторан, и зависно колку плус ќе се потруди персоналот, толку бакшиш оставам. Сум работела во кафич, знам колку е напорно кога не ти е денот да си позитивен, насмеан и расположен, и го ценам трудот. Не очекувам да ме думка, ама ако не се потруди ни да се насмее кога ќе ми рече повели, нема потреба да оставам бакшиш.
До сега сум оставала секогаш, без исклучок, освен во 3-4 случаи кога келнерите биле многу безобразни. Јас сум оставала специјално бакшиш, не 10-20 денари кусур што ме следува туку плаќам со картица за ручекот и вадам 50-100 денари му оставам. Најголем бакшиш што сум дала бил 300 денари. Ама вчера беше последно. Никогаш повеќе! Ова стана време на келнери, шминкерки и депилаторки. Они да земаат повеќе од деца што се мачеле и учеле факултет, инвестирале во образование и работат по струка за 16-17 илјади едвај? Келнери со бакшишот земаат над 40 илјади најмалку со гаранција и затоа сите имаат 5 метра долги нокти и скапи телефончиња во раце... Башка што само двајца на кои сум им оставила после се сетиле на мене, а јас секој ден сум излезена по кафичи и ресторани. Никогаш повеќе. До денар ќе си земам што е мое и пријатно. Нека си се договараат со газдата за плата. И девојчето во пошта на шалтер е фино со здраво, повелете, пријатно и убав ден па никој што ќе плати сметка не вади 50 денара да ја почасти и на крај на месец си зима 15 000 и си ќути. Исто и жените во кујна што ви го готват јадењето и стојат на нозе цел ден и имаат деца дома кои треба да ги изгледаат со таа плата од 300 евра на никој не ни текнува дека нашите бакшиши добро ќе им дојдат...
^^Ме погоди со муабетот па да се надоврзам. Секогаш оставав и на секого но во последно време почнав да правам селекција. Голем дел од келнерите незаслужуваат бакшиш. Немаат култура и се ставаат над клиентот. Дополнително флертуваат и коментираат колку си порачал малку/многу. А ако си со странец се дрзнуваат уште и да прашат што работи човекот. Така да бакшиш, се потешко со ваков став.
Јас на пример сум келнер,зимам 18.000фиксна плата, имам маж и дете,плаќам кирија и студирам во исто време. Ако сакаш упати ме каде се зима 40.000 плата,мислам ќе ми се најдат.
40 до 50 илјади со се бакшиш. Ова е информација од сигурни извори! Целта ми беше да укажам колкав е бакшишот. Ти со бакшиш колку зимаш еве кажи ни? Отпиши се од факултет, не ти се исплати, поголема плата ќе си зимаш од конобарење. Мои другарки немаат маж, а со тоа немаат ни дополнителни примања, плаќаат кирија, плаќаат мастер студии и работат за помала плата од твојата фиксна, а некои работат и без да им биде платено, за некои фиктивни и лажни идни ветувања.
Јас бакшиш зимам просек 200денари на ден, 200 по 20 дена е некаде околу 4000 денари . А и никаде не пишав дека имам дополнителни примања!?