Во сите поизивикани ресторани и кафичи дневно не се испод 800-1000 бакшиш а за викенд и повеќе.. Јас бакшиш оставам само ако услугата била на ниво и не сум чекала 20мин за да платам или да нарачам..притоа многу пазам на нивниот однос, насмевка итн .. Порано оставав секаде, веќе не. Не може да си намќор и едно добар ден да не ми кажеш а да очекуваш бакшиш.. па така и мене ќе ми го заебат денот со негатива
ne ostavam baksis, plateni se a toa da te usluzat ako na niv ostavam ke treba sekade i vo prodavnica na prodavackata i red drugi
Абе и јас правам по 1000 денари бакшиш,ама кај нас го делиме сите, и ако сме сме 4 луѓе на смена испаѓа по 200денари да си отидеш ,колку и да си собрал.
Оставам кога сум задоволен од услугата. Најчесто гледам да ја заокружам сметката. Ако сме друштво и сметката е поголема, знаеме да оставиме и малку повеќе ако сме биле екстра услужени и ни се допаднала атмосферата. Тоа е на некој начин знак за благодарност.
Сакам да прашам дали бакшишот кој го добиваат келнерите и шанкерите си го делат меѓусебе на крајот на работно време?
Долго време оставам бакшиш на келнери и таксисти, ама со низава поскапувања планирам да намалам па да престанам. Често дебатираме во друштво на оваа тема, па сакам некои работи да ги кажам. Првенствено, сите ние се договараме со работодавачот за плата, обврски и работно време. Работа на келнерите е таа, да примаат нарачки, да носат пијачки, да наплатат. Зошто би ги наградил дополнително за тоа што ја извршиле својата работа, за која се договорени? Разбирам дека се цел ден на нозе, и се среќаваат со секакви муштерии, ама тоа се знае уште на сам старт. И продавачите на тезга стојат цел ден, дали им се остава нив бакшиш? Продавачи по бутици? На свадба, по навика сите оставаат пари на свирачите, а и таму има келнери што служат, ама нив никој не им остава, нели? Фотографите што ти ја носат сликата од младоженците? Чудни се сите тие психологии. Сите ние сме имале разни ситуации на работа кога сме требале да вложиме труд повеќе од вообичаено, па никој не ни дал бакшиш за тоа. Ми се случило да имам 10 calls со клиент додека не сфати некој процес. Ме наградил ли некој мене за тоа? Минатата година во Германија, во кафич кој е self-service (од типот на Starbucks, ти го прави кафето и ти го вика името да одиш да го земеш), ми го врти терминалот да селектирам бакшиш, и пази, нема опција 0. Има 5%, 10% и 15%. Ајде стиснав 5%, ама за што? За тоа што ми го направи кафето, за што веќе е платен? Скопските центарски кафичи на секои 6 месеци креваат цени, по 10-20-30 денари, притоа ништо друго не е променето за да ги оправдаат тие поскапувања. Повеќе количински кафе ми ставаат? Побрзо ми го носат? Погледот од кафичот е сменет, наеднаш место улица гледам море?
Оставам кога сум задоволна од услугата. Толку. Сум била од другата страна, ми оставале и по 100-150 ден од маса, ама јас со гости сум префина и културна. А највеќе ме нервира принудно кога треба да даеш, како во Италија, а услуга никаква. Од коа ќе те послужи, до сметка не ги глеаш. И за тоа ќе ти опне 15€ оферта.
Како така мораш да дадеш? Не се нормални. Они се платени за тоа што го работат. Ако сакам ќе оставам бакшиш. Некој ако е неуслужлив јас треба да го наградам?
Моето искуство Италија беше да платиме како "такса" за водата, леб и приборот кој го користиме шо не се дел од нарачката ама шо посекако ги носат во ресторан. Името точно не ми текнува на ова како беше. Ама бакшишот го стававме одделно и на наша добра волја.
Бакшиш давам само ако е поголема сметка во прашање и ако сум задоволна од услугата. И најчесто заокружувам на сметката. На секое кафе пиење ако давам бакшиш треба да банкротирам. Не е развиен кај нас менталитетот како на запад за давање бакшиш, а богами и не е развиен менталитетот на келнерите за да си ја работат работата како што треба да си ја работат. Секоја чест на исклучоци. Во Италија последно коха бев, имаше исто така такси кои си ги пресметуваа во сметката, за прибор, леб, сол и сл.
Offerta Не знам ние не остававме на страна ништо. На 180€ сметка уште плус бакшиш? за паста и кафе? Не јахајајајаја. За добро утро нѐ исушија. Ама добро ресторанов едниот беше кај Колосеумот, другиот во Венеција баш покрај море. А се праеа на будали, неќеа пасворд за вифи да ни кажат
Ах, па местата си ги погодила. Си платила и за келнерите и за глетката и за музиката (ако имаше) и слично. Ама не доволно за wifi. Јас во ресторан скоро сегде платив ова за приборот и местото во ресторан. Ама башкиш по избор. Едино мислам дека во маалско кафанче ли беше Венеција не платив. Ама па искуство од маалско кафанче е скроз афтентично и незаменливо па немало таму да ми е проблем. ---- Инаку Италија настрана ја оставам. Би рекла дека сум имала конфликти по прашањето дека нели право е на работодавачот да дај соодветна плата на работникот и слично. Ама во кафичи најголем процент се деца. Често и нема шо друго да работат. Поголем бакшиш се случва да оставаме (баш викендов беше), нормално зависно од услуга и зависно од нашата сметка оти поголема сметка значи дека цела вечер трчкал некој по нас, ама почесто заокружуваме сметка. Бар не се борам со ситни.
За Италија не е проблем. Не сум била 6 години не памтев. Ама Франција? Боли глава, а не беше ни толку убаво, плус многу безборазни. Не знам во Италија уште 30 пати би одела. Рим прв пат бев, од што беше убаво стварно ги прежалив тие пари, башка ако делиш доаѓа по 2-3€ од особа. Таа лепота уффф бела Италија
Во Германија ако сакаш оставаш бакшиш. Не оставаме секогаш. Како што пиша една членка погоре, ќе банкротирам ако оставам на секое седење во кафиќ/кафана.
Ќути.. ова среќа беа два дена. Од особа не искача многу, ама поентата е да остаиш бакшиш ако си задоволен од услугата. А не по секоја цена. И во Америка е негде така. Другарка моја коа беше имаа опција да одбере 13$/ч мислам без бакшиш. Или 11$/ч со бакшиш. Нешо така беше да не ве излажам. Ама знам имаше да бира, со или без. И плус ѝ оставаа по соби