Ги обожувам Ги имам во различни модели и бои.Предност е можноста да правите различни комбинации со нив.
Феминки што милсите дали е рано за балетанки ова време???? Се мислам дали да ги симнам од таван и да ги носам
Обожавам балетанки. Лесни се, згодни и практични со се може да се комбинираат. Едит: Не е рано за балетанки, супер е времето. Денес бев излезена и видов жени со балетанки и се покајав зошто јас не носев
Воопшто не сакам балетанки... Ептен се рамни и стапалата секогаш ме болат, како директно на земја да газам.
Не сум некој голем обожавател на балетанки ама ова лето ќе си купам 1 ако не и 2 пара. Има во мојот град отворено една нова продавница турска за обувки. Балетанките се по 250/350 денари прекрасни се. Има обични, со машничка, напред отворени .. а и во разни бои розеви, црни, црвени, плави ..

Gi obozavam imam nekolku para,a planiram i so novi da se podnovam..udobni se,elegantni,i odgovaraat na bilo kakov autfit
Јас имам многу мала нога хах и до лани не купував многу зашто мислев дека ќе ми порасне ногата и ќе треба да купувам други.. Инаку имам едни црни од Tally Weijl,едни плави Bata(омилени ми се тие хах). Пред некој ден си купив розови од Principe Donna
Убави ми се,лесно се комбинираат со било што,имам 2 пара црни,едни со ремче и нитни,едни обични со машничка напред,но треба да си купам нови.Штета што не можам често и долго време да ги носам,ме болат многу нозете.