И мене ми е ужасно грдо кога ќе видам убаво средена девојка со мартинки на нозете или што и да се тие чуда што ги носат ,,металките'' што немаат везе од метал, па се трескаат од земја као нешо храдкор сме. Сте, жими Спојлер стапо. Муабетот ми е, секој има свој стил на облакање и не можеш тука да судиш. Ако јас сакам да носам машки панталони со стартки и широк дукс (сварно вака се носам, небитно ). Не можам да омаловажувам некого за кого розеви балетанки со плава, розева, измочана машна се океј, конташ? Истото важи и за другите модели чевли, онака безвеза ги земав мартинките како пример не сфаќај буквално.
Еден куп балетанки имам..цеееело лето си носам..преубавки се и ја прават комбинцијата послатка..плус то и лесни и удобни се
Мене па воопшто не ми се удобни. Ако пешачам подолго време, стапалата у минус ми одат. А летен период е.. не можам да не пешачам. Ги носам дека најлесни се за комбинирање и одговараат за секакви прилики. Шарени и отворени кај прстот не доаѓаат во предвид. Па и уште ако се шпиц... перверзии Сакам едноставни и еднобојни. Имам црни, сиви, кремасти и плави.
Имав во сите можни бои, но забележав дека не ми годат. Стапалото како да ми се искриви, кога се движам во нив изгледам малку чудно, па престанав да ги носам. Имам едни кои имаат мала платформа скриена, па си нив се движам поубаво, а и да сум цел ден во нив немам проблем. Мене ниски обувки не ми се пријатни, па кога би бирала помеѓу штикли и балетанки предност би им дала на штиклите. Бидејќи не носам воопшто патики понекогаш кога сакам малку да бидам покежуал облакам балетанки. Фини, крем со машничка и златен детал, ма на се идат
сакам балетанки,последни што ги купив праска-боја со златно напред,ама тоа златно ми испадна,па ги фрлив
Ги носам нонстоп но стапалата многу ми се потат па морам одма да си ги мијам со вода и сапун пошто многу ми смрдат
Ги сакам балетанките, ама не ми се удобни. Еден пар имам и само тие ми се удобни и си ги носам за излегување зошто се текстилни. Ама за се ми одговараат дека се црни!
Имам преубави кремасти балетанки. Пробав со дома многу и убави комбинации можам да правам. Оти облеката ми е повеќе на кремасто, црно, бело и преубаво стојат. Но имам еден проблем. Едната нога птоочно десната ми е искривена и криво газма и кога одам со балетанките тоа се познава дека криво газам. Незнам што да направам а сакам од септември да си ги носам ама срам ми е.