Ги обожавам заедно со римјанките,и од оваа пролет оксфордките бидејќи сум висока и штикли многу ретко носам а патики не ми се по кеф не ги сакам и ги носам само кога спортувам,ги имам во повеќе бои,обични бели,црни им нема замена барем според мене.
Нонстоп сум во балетанки, нормално кога е време. Имам многу и во многу бои, но најмногу се на бело...
ООО Обожавам балетанки ги имам многу во секакви бои посебно во нежно розева и кремова . Ги носам повеќе затоа што сум доста висока ама и затоа што се чувтвувам како балерина
Обожавам да носам балетанки во пролет. Многу се лесни а и има мноогу избор па така секој може да си избере. Јас имам едни розеви со машниче, едни кремасти напред отворени и едни виолетови чипкани.
Дома имам еден пооооооооооооооолн плакар со балетанки....во сите можни бои и модели ^^ идеални се за ссекаде ниски и удобни а не нога да те заболи од 38490909098089 цм штикли......баш се цуцки
Единствено затворено нешто кај прстиве што сакам да го носам се патиките. Во периодот Септември-Мај не излегувам од нив и ретко кога облекувам нешто друго. Кога е потопло сакам да носам повеќе сандали, најудобни ми се ама не за долго одење. За една свадба сега брзо не сакав штикли, а не би стоело ни со сандали, така да купив балетанки. Кога ги пробав мислев ќе ми запре циркулацијата од што ме стегаа. После свадбата се раширија, а јас си имав 2 модрици на нозеве од што ми беа тесни. Не ми се лоши како обувки, освен фактот дека лесно се потам во нив. Има преубави модели, само уште истите лесно да се наоѓаа и кај јас. Не верувам дека за брзо ќе земам нови .. а знам дека и овие што сега ги имам нема често да ги носам.
Кога ги гледав порано по излози низ глава ми се вртеше дека се за девојчиња тинејџери . Тоа не беше мојот избор и не купував. Ама лани летоска кога имав напорни периоди со долгии пешачења се подразмислив. Не дека штиклите ми правеа модрици или жуљеви туку едноставно ми беше многу топло, во летно време нога на штикла отекува и кога си одев дома буквално прво ги држев во ладна вода а потоа некој саат седев на гарнитурата обратно со дигнати нозе нагоре . Отидов, купив балетанки и ден денес си ги носам. Не дека нешто многу ги обожавам сепак штиклата е мојата љубов ама многу се добри за некои прилики и башка што можат многу лесно да се комбинираат со гардероба.
Преферирам рамни чевли, така што балетанките ми се прав погодок. Ги имам во различни бои и дезени. Ми се допаѓа тоа што многу лесно се комбинираат, лесни се за носење и удобни се. Ги носам и за на кафе, и на факултет, и за вечерно излегување, и на прошетка... Најубави ми се за носење на факултет кога времето е потопло. Тогаш не можам да замислам да носам патики или некои затворени чевли, а сандалите некако не ми се прикладни за на факултет. Па балетанките се најдобра опција.
Навелетееее девојки.....вчера бев во една продавница, по 400/450ден балетанки лудница. Кога одите преку питпазар, штом ќе го поминете надвожњакот накај Цветан димов учлицата, нели од лева страна има голема продавница за купатила, плочки...малку подоле има една за обувки...ем убав избор ем ефтино
Ептен се удобни за носење само за летово преферирам поотворени обувки.Мора ли да се носат и доколенки со балетанките или може и на гола нога?
Обожавам балетанки, погодни за пешачење, а сепак поелегантни од патики. Имам многу и скоро секој ден ги носам. Еднобојни, шарени, со машна или без, сеедно Спојлер