Имам и јас балетанки, ама не ги баш сакам. Обично ги носам или заради мода или под притисок на мајка ми. Порано сум ги сакала, сега не сум им баш некој фан.
Многу мразам балетанки, некогаш ги носам од што морам а и многу рерко ми се погодиле таман . Имам многу тесно стапало и сите ми биле широки, и ногата ми излегува. Едвај летово погодив едни точни да ми се ама беа со закопчување до каишче
Кога бев помала несакав балетанки бидејки ми беа некако неудобни и многу ме нервираа . Но, затоа сега најмногу си ги сакам . Ги носам со: фармерки,фустанчиња,сукњи итн. Многу ми се удобни,слатки, со се стојат и едноставно ги обожавам . Еве и неколку слики:
Мразам балетанки. Не ги носам веќе две-три години, а не ни планирам некогаш повторно балетанки да купам за себеси. Крајно неугодни ми се, а и не ми се допаѓаат бидејќи сите се слично, со машнички.
Имам 2 пара балетанки. И двата се исти модел. Едните се црни, а другите се сиви. Ги купив летово и ги изнаносев.
Ги мразам, а и они ме мразат мене.Имам само два-три пара од кои едните се како полупатика и нозете партал ми ги направија, цело стапало крвишта, лом бе лом!А за убави-убави се многу, бели со златни линии, ама никад више!Другиве, едните ми се кремасти другиот пар тегет ама не ги носам оти не ги обичам многу, многу.Чат-пат мајка ми ги облекува.
Ехехе колку пара имам јас. Знаете ли имам 7 пара па уште планирам да си купам. Многу ми се убави, ми одговараат на се. Имам многу фустани суќни, хеланки, обично тетките ми даваат повеќе тие што се во мода и не ги носат им се мали. Колку облека имам дома еден плакар голем неможит да ги соберит.
Мразам балетанки, кога би ме прашале која е најголема модна утка во историјата на модата, би одговорила БАЛЕТАНКИТЕ! ги мразаам здодевни се на изглед посекси од штикла немааа брее!
Обожавам балетанки... комотни ми се и пријатни за носење, а и лесно се комбинираат со различна гардероба.
Секое купување нов пар го доживувам како "прва средба" со нив. Колку и да имам нема да ми ги задоволат потребите Удобни и едноставни за комбинирање за сечиј вкус и избор.
Планирам бели да си купам.Носам ама моментално ниеден пар немам се е искинато или смалено,но повеќе еспадрили сакам .