Мене искрено овие ми се најнеудобни, понеудобни и од штикли. Кога ги облеков прв пат реков дека тоа дефинитивно ми е и последен. Така и беше.
Некој да ми помогне, каде можам во Скопје да најдам бели/сребрени балетанки за невеста? Може да бидат со машничка, со светки и сл. али да бидат соодветни за пригодата...
Во ГТЦ има продавница каде што има убави балетанки. Продавницата се наоѓа од задната страна на ГТЦ, Од кај влезот кај што се наоѓа Irish Pub.
хелп. си ги купив најубавите балетанки/кондурчинја во свет и денес ги носам прв пат и ме стегаат позади над петата. како да ги отпуштам малку??
Болна сум по балетанки, ги обожавам за преку ден или за вечерна опуштена варијанта. Од моментот на прво затоплување на пролет до прво есенско заладување не излегувам од нив.
Многу сакам да носам балетанки бидејќи преубаво изгледаат и се и кажуал, но не толку свечени, али до сега не сум нашла некои кои ми одговараат и не ме стегаат. Не ми се многу удобни и едноставно не можам да ги поднесам, па затоа и долго време не носам...
Не носам. Порано многу ги носев и за школо и за слаткарница ( ), за родендени. А сега во средно не. Патиките ми се најудобни, за излегување ниски штикли.
колку обожавав балетанки до пред едно 7-8 години, во последно време ми се најомразен чевел. не делуваат стилски воопшто
Според мене, балетанките имаат моќ да ја уништат и најдобрата комбинација. Само оние со шпиц напред ми се убави. Заоблените ми се ужасни... Освен тоа, не се ни нешто удобни за носење подолго време, премногу се рамни.