Па скоро секаде се од 650 па нагоре.Поскапи беа во Ил Камино,значи тука околу 1000ден.Аванти имаш по 650,во ГТЦ исто има по толку,ама Аванти не вредат ни 200 мене од две носења ми се скинаа.Не дека се и овие поскапите ептен квалитетни,ама внимавај да биде поцврст материјалот да издржи барем сезона.
Ги обожавам, многу ми се лесни за носење и убаво ми изгледаат. Едвај чекам да дојде сезона за носење балетанки Баш пред некој ден си купив еден пар Јас ги купив 1000 денари, и искрено не ми е криво затоа што се цврсти и убаво изгледаат, гледав и во Аванти, поефтини се ама па не ми се свиѓаат воопшто, само за џабе ли да ги купам.. Spoiler
Како бе да не ме убиваат назад , што да им прам веќе незнам. Двапати ги носам ама назад имам ранички.. Некој совет?
Зависи и од каков материјал се. На пример јас си купив едни кожни уште пред 6 години, ама тие никогаш нема ни да попуштат, затоа што е крут материјалот. А и поскапо си ги платив, па сега ми е криво... А ако се од обичен материјал, ќе пуштат после некое носење. Последните што си ги купив од Аванти, на третото носење веќе не ми правеа проблем. Јас дома имам безбоен фластер, што го користам исклучиво за таа намена Првите 2-3 пати, обавезно ставам на нозете, за да не ми се разранат.
Нова сум на сајтов ама навистина ми треба помош! Дали некој знае каде може да ми направат балетанки по нарачка? По можност во Скопје! Благодарам
Балетанки од аванти нема никогаш веќе да купам. Си купив минатата година и не ги носев ни еден месец. Квалитет 0, како што рече мајка ми, 'ко од хартија да се.
Пишав и во друга тема. Во Peko има спреј за омекнување на крута кожа на чевли. Многу е ефикасен, а не е скап. 149 ден.
Јас имам мал проблем кога станува збор за кондури, патики, чизми, балетанки и сл. Имам проблем да купам нешто што не е кожно и што е ефтино. За било што друго од гаќи, чорапи, фармерки, блузички и сл.немам проблем да е ефтино, ама ова ми е проблем. Имам чувство дека не ми е удобно, дека ќе се замирисаат одма на лошо, дека ќе ми ја деформираат ногата и сл. Најдов едни бели со циркончиња во Њу Јоркер ама беа 1000 денари и од платно и не ги земав. Сега не можам да ги заборавам. Дали имате лошо искуство со ефтини балетанки? Дали да се опуштам да ги земам?
И јас исто за обувки би дала пари повеќе него за гардероба.Не дека се ми е марка ,напротив имам и такви и такви.Најбитна не е цената туку како ти се осеќаш во нив.Ако ти се удобни ,ако убаво ти лежат на ногата зошто да не ги земеш?
Си сакам балетанки и често си носам.. ама последните ич не ми се подогија. На Ил Камино се , на 5тиот пат ми се скинаа напред.