Што очекуваш кога сите гледаат СИНХРОНИЗИРАНИ на македонски јазик серии. Тоа кај мене е забрането да се пушти дома. А и Турчинка ја пее најавната шпица Јовано Јованке не е Виолета Томовска.
Турско производство е, аман.Нивно право е да употребат или да не употребат македонски. Не е проблем тоа. Можеби и некоја од нашиве тв ќе ја земе да ја дава.
Токму Така. Ни ја рекламираат државата-градот. Која продукција(држава) го има направено тоа освен Турција.
https://fb.watch/dKPARZ54nc/ И не, не зборат македонски.. Навистина мислев дека барем семејството на Јованка ќе збори на мк но не…
Не знам што подразбирате под турско-ресенски, но ако сте ги слушнале како зборуваат Турците што живеат во Скопје, тогаш би требало да ви е јасно и зошто така зборуваат актерите во серијата Сакам да кажам, има причина зошто така ,,чудно" зборуваат.
Не разбирам што е проблемот со јазикот. Да е здружена продукција помеѓу Македонија и Турција, па ајде да се налутиме. Ама вака, ем само турска продукција, ем серијата се снима за да се дава на турска програма, не гледам потреба да прави драма од тоа зошто актериве зборуваат само турски. Колку серии има, не само турски, туку и шпански, италијански, германски, американски што се снимени во друга држава, меѓутоа од матична продукција, па го зборуваат мајчиниот јазик, а не јазикот на државата кајшто снимаат. Според мене, поголем проблем е што нашиве телевизии абер немаат да ја откупат серијата, а откупуваат серии снимени пред 10 години и даваат пари за очајна синхронизација. Тоа е за мене поголем проблем. Ама ок, секој со своите гледања на работите.
Па во Зет домазет Гркот беше од Кипар и пак зборуваше турски, а имаше и грчко име, ако не се лажам Самите актери во серијата беа Турци. Така и во оваа серија, актерите се од Турција, еден дел глумат Македонци, а зборуваат на турски. Зашто и кај нас во Македонија се зборува турски, исто и како на Кипар што се зборува. Иако Кипар се друга приказна со јазиците хахаха
планирано е серијата да има 11 епизоди, а доколку има висок рејтинг на гледаност ќе има повеќе епизоди овие денови ќе се снима втората епизода
Тотално си во право. Исто како Збогум Румелија, ја дадоа после повеќе од 10 години, а кај нас се снимаше. Али сигурно ќе ја има на јутјуб со превод, србиве и босанциве се поажурни
почна серијата, со среќа нека е- од линков можете да гледате БЕЗ ПРЕВОД https://www.trtizle.com/canli/tv/trt-1
Ауу, Јованка да ти била внука на Тито Јованка Броз Иначе има зборчиња и на македонски Ја пратам, интересна е засега