Интересна доста, ми се допадна. Симпатично ми беше тоа што зборуваат румелиски турски. Музиката преубава Убава промоција на Скопје и Македонија. Најсмешни ми беа Ариф (така ли беше?) и мајката на Јованка, Елена - типична југоносталгичкарка. Не ја фатив од почеток затоа не разбрав зошто постои непријателство меѓу двете семејства, ќе треба да го гледам тоа. Не мислам дека ќе има лош рејтинг, напротив. Најпосле, дури и да се само 12 епизоди, повторно убаво е да се презентира таа македонско-турска симбиоза.
Мене баш ми се допадна.Предвидувам рејтингот дека ќе биде меѓи 2,5 и 5. Ако не ви е тешко можете по еден like(ако не ком) na youtube. Сепак ја претставуваат во одлично светло нашата земја.
Ај кога ќе излезе превод на српски ако може некој да прати линк. Од контекст разбрав за што се работи, но сепак не е тоа тоа. Не сум баш љубител на турски серии, но ми се допадна епизодава, баш интересно да се види Скопје во турска серија. Засега омилен лик ми е Елена, баш ми дава no-nonsense, strong independent woman vibes.
Читам коментари на Инстаграм профилот, не им се допаднала на некои , има и многу позитивни коментари секако. Спојлер Велат младите многу брзо се заљубиле , па лошо ли е тоа, навикнати на топло-ладно психички тортури и недозреани и неодлучни партнери и тие па.
Не гледам турски серии воопшто, но оваа ме заинтересира пред се за тематиката. Реално се уште живееме со тој став ,,од другата страна на Вардар ,, симпатичен е ама е Албанец или Турчин итн итн ... е сега како и до кој степен ќе биде тоа во филмот ќе видиме . Мене за сега ми е интересна. А за јазикот нема зошто да има негативни критики кога турска продукција е. Напротив треба да им кажеме фала за толку голема реклама на Скопје, Македонија и нашиот народ.
Во турските серии не се заљубуваат толку брзо. Полека полека. бакнежи не очекувајте, секс па ич. Сепак е ова ТРТ !
Ми се допаѓа што Крстот и Ацета се гледаат. Ама, Даниел со кесата од А1, а нели дејството е во 80-те... Едит... Користат мобилни, значи не е во тоа време.
Ја видов на јт епизодата, некои делови ги премотував, не ми задржа баш внимание. И јас не очекувам да има голем рејтинг и многу епизоди искрено. Со превод кога ќе е убаво ќе ја изгледам, вака делумно нешто што разбрав ама онака ми е... Сепак убави се сцените во Скопје, убаво го прикажале.
Секој има различен вкус.Мене ми се дпадна.Емре ми е далеку поубав од глумицата што ја глуми Јованка.И некако не ми одат како пар.