Ја изгледав и со превод. Ова омразата меѓу турците и македонците мн е преувеличена, особено сцената каде што ќофтеџи не сака да помине на другата страна од мостот. Ама сфаќам, мора да има некаква тензија и драма за да биде интересно, не е турска серија ако нема родители кои се противат на изборот на партнер на нивните деца
Ја изгледав со преводот вечерва. Ме интересира нешто само, не сфатив кога се договорија за на кафе? Не го покажаа тоа. Само сцената со водата кога полнеа и следната сцена на дејт. Како се случи? Сфати некој?
Сигурно ќе го прикажат како сеќавање на некој од нив двајца.Или како некој друг ги гледа па му пренесува на турското или македонското семејство.
Многу брзо се земаа некако. Што ќе снимаат следни епизоди. Како да прочитав 11-13 дека се предвидени во темава, повеќе ќе има зависно од тоа ако има голем рејтинг серијата. Како беше рејтингот на 1 епизода знае некој?
Спојлер Во новата епизода покажаа дека глума било тоа, за заедничкиот проект што го добиле, не се фатиле одма. Секако немаше да има смисла ако е така сценариото.
Не гледам турски серии ама оваа ме заинтересира некако и ја гледав првата епизода. Иако гледав ми фали нешто, како да сум пропуштила нешто, некако многу брзо се случуваше се. Ќе видиме понатаму како ќе биде.
Како ги наоѓаш, браво. Јас барав вчера баш на гугл епизодава со превод да не ја има, ништо не ми искочи.