Првата епизода ја гледав од линкот што го постира и одличен е преводот. Втората епизода само што ја завршив на друга страна ја најдов, бидејќи ја немаше епизодата на истата страна. Камо да ја отворев темава порано, не видов дека излегла на истата страна во меѓувреме. Ја гледав на onlinesaprevodom.net и преводот беше катастрофа, иако немам појма турски повеќе разбрав од тоа што зборуваат и по логика и глумата него од преводот. Како и да е, ја гледам затоа што е снимена кај нас иако не обожавам вакви тематики, ама интересна ми е. Посебно Ариф што ги плетка сите работи ми е смешен. И добро е што уфрлуваат македонски зборчиња. Најсмешно ми е Даниел кога вика “Господе” или “ајде бре”. Само како да прочитав дека дејствието се одвивало во 80тите, а во серијава убави коли, ајфон часовник и телефони. Малце нелогично ама добро.
Баш сега ја завршив втората епизода. Супер . Се надевам нема Елена да ја тера со сила Јованка да се омажи за оној одвратен заради пари.
Со превод новата епизода ја има некаде? Ги видов кога снимаа низ град, многу се убави главните глумци.
Би требало да излезе за 2-3 дена најмногу. Ако не се лажам Melek Team ја преведува серијава, во меѓувреме со уште неколку други серии па затоа поспоро иде.