изгледа дека ќе ја укинат, рејтингот и паѓа во последните епизоди. Еве предмалку видов една серија укинаа, која имаше сличен рејтинг како оваа..
ништо не се знае кај нив, имаше епизода која што ја укинаа на 4 епизода, Да се надеваме дека ќе се зголеми рејтингот..
Па, не им е нешто интересна приказната. Подобро можеше да ја разработат, ја очекував друго сценарио првично кога слушнав дека ваков тип серија ќе има, ова сега е безвеза. Имало и полоши серии ама ништо посебно не е според мене. Спојлер Подобро повеќе да се фокусираа на Ертан и Јованка и нивната љубов отколку семејствата нивни, па уште и во иста куќа ги ставија. Знам дека комедија им беше целта ама тука мислам изгубија доста и приказната досадна стана. Искрено мислев цела серија ќе биде како се во врска и заљубени, па се борат со препреките и на крај успеваат, нешто слично како зет домазет на пример што им беше. Слична приказна на таа серија ми е скроз, само што со оваа нешто утнаа.
Ја по нешто на youtube скратени видеа ако видам или премотував пола епизода. Последните 2 епизоди не сум ги гледала, не ми задржува внимание ич серијава.
Може некој да ми одговори едно прашање? Спојлер: Спојлер Се знаеја Јованка и Ертан од претходно така? Пошо како одеднаш на крајот од првата епизода се сретнаа..
Ја затупија приказната. Веќе ми јас не ја гледам што очекував многу, пошто убава беше тематиката а разработката крш. Ќе се сложам со @Dream-Girl требаше повеќе да се врти приказната околу Ертан и Јованка, семејствата им се баш досадни.