Ај доста со муабетов. Верни, не верни вакви-такви.Дај живејте си го животот малку.Се опседнавте со ЈК.Јавна личност е, маж и е во Кина, што очекувате?Да се сошие и да го чека дур дојде?! А тој таму сигурно мирен седи и трча по топката..ајде важи. Сите сте поштени на форумов и со крстот на чело, добро сфативме.Оставете нè нас неверните да си го живееме животот по ќеф.Секој се што прави, прави за себе, а не на вас да ви ја полни устата и да ви дава материјал за бурек јадење. Фала.
Како бе јавна личност е, а мажот и е во Кина и сега тоа е зелено светло дека треба да изневерува? Мислам немам ништо против тоа што го кажа да не се оптоваруваме со тоа кој е верен, а кој не е верен, ама ова што го кажа не ми штима.
Што не ти штима де?Што се замарате не ми е јасно.Првин Мелита, Лила сега на Карлеуша и се закачивте. Многу ме интересира дали на сите вас што јадете буреци овде кој каков бил ви цутаат рози во врската?Ако не ви цутат, ставете си прст на чело и прашајте се каде грешите па после зборете за други. На крај краева нека праи што сака, вас лично сигурно не ве тангира што тоа она прави.Мислите гајле и е на Карлеуша што ќе кажат на Фемина Форум Се гледа дека поракиве се чиста монтажа, направени се еве за ова, да се пали народот и да збори. Секое чудо за три дена.
Јас не сум се закачила ниту за Мелита, ниту за Лила (си ме помешала најверојатно), а што се однесува до Карлеуша, се согласувам нека си прави што сака, секој има право на слобода и избор. Но и секој се соочува со последиците од својот избор, било да е добар или лош (а Карлеуша е јавна личност, нормално дека ќе се коментира, тоа не може да се избегне). Но тоа што е јавна личност и што има брак на далична воопшто не значи дека треба да го изневерува мажот и. Тоа не го оправдувам.
Па зошто ти коментираш во тема за јавни личности ако не се замараш со тоа? И самото име кажува - јавни личности - на тацна го даваат својот живот. И дај престанете веќе да оправдувате изневерување, ако не се блиску ништо не им дава за право да изневеруваат. И да, мене ми цветаат рози, а за тебе не знам.
Не реков за тебе лично.Пишав и се закачиВТЕ. Не можам да ти го болдирам делот ама ова што ќе го пишам се однесува на последните две реченици. Тоа ми е поентата на муабетот.Никој не ве прашува дали го оправдувате тоа или не.Нит ви е роднина нит бутур. Реков и не се повторувам веќе, НЕЈЗИНИТЕ ПОСТАПКИ ВАС ЛИЧНО НЕ ВЕ ТАНГИРААТ за да пишувате овде 10 страници како кузнае што да направила. @Baby-Blue супер мило ми е што ти цветаат рози.Јас и кога коментирам ќе пишам еднаш-два пати.Вие тоа па тоа како расипана плоча некоја.И овде и во ,,Македонските јавни фаци”.Се замарате со глупости.Доволно е еднаш да се каже, не опет па поново. И не дека оправдувам ама не можеш да знаеш зашто го направила тоа и како и е во приватниот живот.Тоа нешто што се пласира на тацна е да може да се полнат устиштата на народот и еве вака да се дрнда по форуми.Не и е гајле на Карлеуша за вас, не ни знае дека постоите а вие 10 страници и изнапишавте. Не ја оправдувам ама Огњен испадна дебилчина.Ако веќе му праќала nudes не треба да ги шири.Може да го тужи и те како.Нарушување на приватност е тоа.Да сакала гола да се слика и сите да ја гледате ќе си имаше видеа како Ким и Северина.
Кога мене ме цитираш и ми се обраќаш во второ лице множина значи дека твојот коментар ме засега и мене. Но, во ред е, сфатив дека не ти била таа намерата. Никој не ме прашува дали го оправдувам тоа или не, но ова е форум, јас можам да го искажам своето мислење (дали оправдувам или не оправдувам), тоа е мое право, на кое што можиш само да се спротиставуваш, но не и да ме спречуваш во тоа. Па нели не беше важно дали ти оправдуваш или не оправдуваш?! Сама се демантираш.
Па има разлика од мислење до навреди..и пикање нос секадеџ Со што се демантирам сама?Реков дека не ја оправдувам ама не ја ни кудам.Гајле ми е. Дискусијава со тебе не ја водам пошто ме за**ле за Карлеуша.Од човечки аспект зборам.
Јас стварно не можам да ве разберам во кој свет живеете, кој/а што е јавна фаца не изневерува и не живее 'слободен живот' без разлика дали е у брак или не. На која јавна личност бракот опстојал, реално нивните животи се брзи, достапни на јавноста и под притисок постојано и бидејќи се фејмус имаат доста можности и шанси за неверства. Кога (ојле и дојле-обични фаци) се вараат на секој чекор што остана па за јавниве фаци. А реално нејзиниот брак веќе долго опстојува за разлика од другите фејмус фаци.
Во 21 век, свет во кој секој има право да си го искаже своето мислење и да коментира тоа што сака и кога сака.
Поарно лицето Ј.К. да ја оговарам, отколку другарките на пример Седи тука, мене како шо ми е стужено од дома седење, ова ми е релакс тема