Кој го боли уво шо слушаш ти, секој шо сака ќе слуша. Нареден пат да заминиш од свадбите и прославите и ич да не се малтретираш да слушаш, не знам само зошто и досега не си го направила тоа
Така е... Народот е тој што ги полни арените, место да одберат квалитетна музика ... Не дека девојката не пее добро ама далеку е од тоа дека е нешто wowЕве и кај нас да дојде ќе наполни сала, а една Калиопи што ја имаме што е поим за музика и квалитет со години нема концерт во Скопје
Кај нас повеќе се ценат такви пејачи, отколку нешто квалитетно, а наше. Често читам коментари од типот - Како не. Да ја слушам Калиопи? Ова за пример го земав. На таквите им се подобри пејачки (ако може така да се наречат) од типот на Теа Таировиќ, Тамара Милутиновиќ, и сите други новооткриени ѕвезди. Слушам и наша музика.
од 2016г е во врска со маж и. освен За нас касно је, нема хит. потоа и доаѓаат сите поквалитетни и високобуџетни спотови. А за тоа треба пари. Концертите и се истотака спектакуларни и многу вложени пари во нив од сценографија до костимографија, а тие пари сигурно таа ги нема. Сумарум, да не и беа Брена и компанија може за 20г ќе направеше некој концерт. Да додадам и маж и е текстописец и има страшно добар сенс за бизнис,и има неколку бизниси.
Да не се лажеме ама 3 арени Белград, 4 арени Загреб (закажан и 5ти), по 2-3ри закажани и за Сараево и Ниш, не се полант туку така со маркетинг и зашто си снаа од Брена. Колку тие да и се отскочна даска, што вложуваат во се', сепак треба народ да те прифати, да те слуша, за да наполниш толку арени. Се' тоа девојкава одлично го прилагодува да напреднува во кариерата, но сепак била позната и имала хитови и пред бракот. Колку што прогуглав не е некоја преразголена, да игра и да прави шоу на сцена, скандалозна, има нешто што е толку сакана, можеби е Цеца на новото време, не знам, но овој успех не е за потценување. Спротивен пример е Анастасија, џабе влог, кога не знаеш да го искористиш во правилна насока со работа. Како и да е, на Балканов секогаш ќе поминува полесно фолкот или тековно кај младите новиов недифиниран жанр, отколку квалитетните пејачи, многу потешко се стекнува пополуарност со квалитетна балада, поп песна или рок.
Како бе така, па слушај си нешто наше стари македонски (не се сложувам со оваа само на странско, иако не сум ни за шабанарија)
Слушам и наши Каролина, Калиопи, Тоше, Врчак и компанија групите кој беа актуелни во 2000 до кај 2010..Нокаут, Магија...таа музика тогаш беше најквалитетна и оваа сега што е нема никаква допирна точка.
Ejj, добра е Пријовичка не зезајте, песнава ми ечи https://www.google.com/search?q=dam...ate=ive&vld=cid:55bde1f6,vid:fMCTlZobDfw,st:0 одам и само викам Дам, дам дам дарадададаммм ахахахахха оваа бар за Карлеуша е Бог и батина.. у секоја смисла и стварно, дај некој нека ѝ каже на Карлеуша, дека освен шо е безобразна (шо би рекла она без влакна на јазикот), дека ствааааарно не знае да пее. Убаво имаше пишано (мислам он беше), Братот, дека да не се соблака на сцена, и остали глупости, дека никој нема да ја слуша. Она сере по Цеца да ме извините, пошо била жена на Аркан, ама Цеца како пее, Карлеуша и кожата да си ја соблече, пак нема ни 5% така да испее. Плус Цеца пее со кејф, со љубов, со страст, и е пред сѐ госпоѓа. Не мора да се соблече со брадавиците надвор за да напуни Штарк арена, и да се куропеца да ме извините со Kanye West, шо си сака пластикуши ко нејзе.
леле нека олади веќе со тоа за Цеца досадна више. Она се моташе со најголеми кримоси и откако го отепаа едниот дечко се нафрли по цеца, а претходно за цеца хвалоспеви редеше. Може да ја мразиме или да ја сакаме ама факт е дека Цеца си е институција, како Брена што беше во Бивша ју. Сега Аркан не аркан тоа е.
абе чива жена и да е. Жената знае да пее, а тоа е по професија, оваа е демек пејачка, а освен шо се слика гола, нишо не праи. Прво као не ѝ е глупо од децата. Као возрасна е више. Привлечи со карактер, со нешто позитивно, голи сите знаеме да се сликаме. Ем е кучка невидена, ем не знае да пее, уше и гола се слика само. И шо квалитет има? никаков..
Сите овие "хитови што им се на Пријович, Теа и останати нови пејачки им се плагијат од Романска музика или Грчка. Ништо они немаат свое направено. Исто како што го открија Владо Јаневски дека песните му се преработка од Руски песни.
лично мене песниве на Пријовиќ ми се допаѓаат а не сум некој кој слуша многу турбо фолк.. за таировиќ знам дека се и е преработка е сега за Пријовиќ не знам може е, А и не ме занима. Ако така гледаш на Брегович на северина песната Тридесете е уствари од Sezen Aksu Kacin Kurasi само со послбо тепмо, исто и Gade песната е турска. Дино Мерлин све плагијат до плагијат. Да је туга снијег е Ben senden tutuklu kaldim - sezen aksu. Откако го прозваа ја стави дека е нејзина музика..
тоа не се ни песни порнографија со музика е ама Пријович знае да пее реално па и на Аца Лукас, битовите му се од грчки песни. Битно е (бар за мене) у живо дали знаат да пејат, а не плејбек
Аца Лукас убаво пее.. Он си е уште од времето.. Само што поновите песни не се баш тој жанр што го пееше. Ама човекот прави забава. Дајте да пишуваме за некоја друга личност. Предлози?