Да, Филип е од првата жена, ама секако се во исто семејство. Јас една песна не знам од женава, а полни сали. Чудно. Не слушам ваква музика ама сите песни од Цеца ги знам. Всушност ги знам сите турбофолк хитови, ама Прија ни на Тик Ток ја немам сретнато.
искрено ниедна песна од прија не ми се допаѓа (само дам дам). Неможам да разберам, млада жена, а однесувасе како жена од 90 години... На бината нe игра, спектакл 0.. Бев на концерт на Марија Шерифович, жената пее растура, али настап 0. Сакам да гледам и слушам спектакл, а не со гардеробата од зара.. Пејачки кој ми се допаѓат се Јелена Карлеуша, Милица Павлович и Теа Таирович... 200% е уложено во настап. Цел тим на организација, сценски настап усогласен со професионалните играчи, одлични background-и.. На нивен концерт како да си на концерт од beyonce, JLo...
Споредба вокални способности на првите и вторите небо и земја. Затоа вториве не се пејачки, кај нас ги викаат тресулајки
Кај нас пак првите ги викат стубови. Таквите стубови по белио свет веќе не постојат, eдинствено по погреби ако запеат, додека тресулајките се број 1 во светот (JLo, britney, shakira, beyonce etc). И @Orchidea погледни го последнио концерт од Adel, стуб како марија, а жената како стуб направи спектакл. Погледни ја сцената, професионални играчи, пиротехника и ред друго...
мислам дека нема веза кое колку кошта. На пријович костимите за концертите коштале вртоглави суми, али жената нема никаков стил. Околу презентацијата на алфа и омега, немам коментар. Јелена, 10 празни места, па било која пеачка.
Јас ниедна од овие не слушам ни почитувам освен Шерифовиќ, а мислам дека неблагодарно е да ја ставаш во ист ранг со Теа Таировиќ или ЈК. Не сум била на настап, а не ни планирам. Марија во живо растура. Оваа Пријовиќ две вечери по ред полни сали и во Загреб. Ми излага на сториња од пријатели што се биле. Само пак ќе кажам, ај јас не ја слушам, ама обично да си волку популарен би те знаеле и они кои не те слушаат. Епа јас една песна не знам. А женава растура. Тоа е, турбофолкот на Балканот е дефинитивно најслушаната музика. Жално.
ЈК и Теа се многу по популарни за разлика од Марија Шерифович. Секое интервју на сите пеачи во наслово мора да стое името на јк за да има гледаност... Марија е добра за да ја слушаш на радио и толку. Марија не е комплетен пакет. 21 век луѓето сакат да гледат продукција, спотови, како светските ѕвезди. Друго Марија ја знаат на балкано, ЈК ја знаат во свето.. Можеш да пребараш по youtube, странски телевизии (амерички, германски, турски) и прават интервју на ЈК, али тоа е балкан секогаш ќе биде плукана. Трето, Марија како вокал е добра и толку. Никој тоа не го оспорува. Али не уложува ништо во настап. Еве и Адел е иста како МШ, одличен вокал, застаната како стуб, ама Адел уложува во продукција, играчи, пиротехника и концерто изгледа светски. Пријович е исто како Маја Берович. Маја Берович додека соработуваше со Јала и Буба гледаност, бројки и хајп на макс. После 2 години Маја Берович никој не ја спомнувс исто ќе биде и со Прија. Сега се 5-те минути и за брзо ќе се забраве. ЈК трае 30 години, со 11 години пауза од нова музика.
Попрво би отишла на концерт на Марија отколку на Теа или Јелена. А на Пријовиќ ни јас не и знам ниту една песна.
Споредбава ти е врв. Теа со светски ѕвезди. Плус на оваа секој спот и е сличен т.е. ист, врти гз ( простете за израз).