тоа е снимано пред 100 години. Многу од пеачите не се имале никаква додирна точка предтоа со музика. Всушност тоа е концептот на натпреварот од година на година да бидеш се подобар и подобар... Има позната реченица не гледај што си бил, него што ќе бидеш... Теа е моментално високо котира
Па и јас тоа се помислив, ама па ете мене да ми дадат без пари јас не би одела. Јас од скоро разбрав која е. Ниту па сум фан на нејзината музика. Некако чудно ми е и мене што толку полни сали ама сигурно ја слушаат.
Добар маркетинг, слушнаа дека е популарна сега и луѓето одат да речат и тие биле. Не и знам ни јас песни на дотичнава, зошто не слушам ваква музика ама не ме чуди младината да оди некаде само зошто нешто е популарно и трендинг во моментот.
Не припаѓам во младината ама еве би и одела на концерт. И ги знам песните и ми се допаѓа како пее и како човек, доста приземна е, не некоја вивната во облаци. Доволно е само еден дел од концертот да погледнеш и да видиш дека не се само млади, премлади на нејзините концерти. П.с стварно верувате дека така се поделени картите бесплатно, а она наполни толку арени? Да бе за џабе пее, гратис. Може тоа ама на некој плоштад, само и таму нема да е за џабе, друг ќе плати.
Јас уште се чудам. Знам напнав, сма еве и денес има концерт во Загреб. Чудно за Хрватска. Јас не знам дали Чолиќ ќе наполни толку концерти. Што е фамава со женава? Не може една песна да не и знам кога си балканци сум опкружена.
Само многу добар маркетинг, сите медиуми се платени да брујат постојано за неа.. И' креваат популарност..
Каков сакаш маркетинг имај, тоа не полни сали за концерт. Јас не знам зошто толку ја ругаат, особено Хрватите, забезекнати се дека полнела арени таму. Далеку најквалитетна пејачка е од помладата генерација. И не прави скандали. Да дојде во Скопје ќе одам и јас на концерт
Абе Милица Павлович од кога најави арена во Белград па еве уште не е распродадена... Џабе тресењето газиња
Народов се пали на Прија дека многу ги потсеќа на Цеца во млади денови, и во глас и на фаца потсеќа на Цеца Убаво пее жената, ама не за да распродава по 5-6 арени одеднаш во еден ист град, тоа не го постигнале ни Брена, ни Цеца, ни Чолиќ ни многу други познати ѕвезди. Ама овие од погоре се "стара генерација во залез", сега Прија е во центар, народ коса корне по неа, како хипнотизирани се. Убаво пее, има убави песни, ама како и успеа да стигне до овде, сметам дека нема да стои долго на врвот, јер се што е исфорсирано и пренагласено, кратко трае
При читање на твојов коментар ми иде да урлам.. неколку видеа имам гледано како игра луѓе тоа е хаос убичусе
Ниту се гратиси во прашање, ниту реклами, Цеца и сл. глупости, за девојкава се бара место плус каде и да настапува, едноставно како пакет е одлична затоа и успехот и е тука. Во Хрватска имаше побарувања од страна на публиката дури и за 6-ти концерт