Така е, дека тој што објавува интимни работи е сељак no.1 е без мислење. И да и бил швалер нека секој си има право на избор,но сакав мое мислење да напишам дека според мене она не е цвет за мирисање па сега ќе ја браниме. И сите знаеме дека после вакви скандали уште поголеми ѕвезди се. Ние додека си пишуваме овде,си и капат паричиња на нејзината сметка во чест на младежот
Никогаш не ја сфатив потребата од тоа да се следи и критикува животот на јавни лица. По што се тоа тие подобри/полоши од нас обичните смртници кои од разно разни причини не добиле прилика да се реализираат на мегаломанско медиумско ниво? Им ја знам/ценам/критикувам само работата која ја пласираат за јавноста, нивниот труд. Повеќето од нив ниту по име ги знам, од што се тооолку небитни. Особено новите. Ако не користам социјални мрежи, што и онака екстремно ретко го правам бидејќи немам време, овој трач не би ни доспеал на мојата почетна.. Немојте да бидете на стадиум да ве интересираат вакви тривијалности, за ваше добро. Без навреда кон никого. Едит: Сакате да знаете дека пред неполни два месеци дознав дека Клои, Млои и таа Кардашијан се всушност сестри? Немав поим, мислев дека се од сосем различни семејства, и кога ме просветлија бев целата во прашалници, изненадена. Иако Кардашијановци не се тазе во јавноста. Тоа е всушност доказ колку сум заинтересирана за Балканската и странската естрада.
Искрено за првото видео мислам дека и сама си го пушти во јавност само за да се зборува за незе. А и сега со ова дали било монтирано или не пак незе во корист и оди, еве 2 недели само за то се труби а тоа и одговара, читав дека и се кренала цената и до 50 000 евра за настап Нема да ме чуди и ова да е пак незино масло, афтер ол Ким Кеј и е идол
Не осудувам, кој што сака нека прави, јас за себе да си кажам оти секси слики ни на дечково што ми е ист од 18 години не сум праќала. Мене ми е лично глупаво, ама кој си сака - нек си тера. Инаку вистина или не, тоа што фраерот ги објавил сликите зборува за него, а не за неа.
Пред некој месец читав пејачката пинк што е и се заканувал некој дека ке објави голи слики од неа таа не наседнала на тоаи сама си ги објавила ама ова е Балкан нели дроља, курва, недомакинка и посебно овие коментари се од жени.
Пинк? И она ли има? Јас знам за Сиа дека некој и се заканувал и она ги објави нејзините голи слики насекаде. Една замерка. Темава може да биде општо за скандалозни јавни личности, не мора само да се од Балканов. Ама како ќе одлучи @referentka така. Ако е општо да се смени насловот само.
Добро дојде сега тука и да им докажеш на девојкиве што коментирале дека си надчовек и мислам дека успеа интелектуално да се издигнеш на овој кутар плебс.
Она видео со рибица го изгледав. Епа она што го зборува во видеото го пишала на фудбалерот. Исти речник. Тешко дека е лага. Инаку, ова мажот и го пуштил со рибицата?Грозно. Па и тој не е со сите, ако тој го пуштил. Инаку проверив на Википедија, 7 години помлад е, а таа разлика се познава по мене физички. Џган со пари.
Глупости. Интелектуално ќе се воздигнувам со коментар за Карлеуша?! Жена чии стари песни ги знам и сама. Поентата беше дека ваков тип на трачеви не треба да бидат во фокус. Од феминистички аспект придавањето значење на вакви теми не е добар.
Остај тоа на страна и типот го изругавме на големо Мене па ми е смешно што тие што не зборат за ЈК пишуваат во сдк како они не зборат и како тие се дааалеку попаметни од нас а ете сепак прателе што збориме. Нели бе големите умови дискутираат за големи идеи? М? Грешка у чекори а? Хахахаха.
А гледам па на форумов само за нуклеарна физика се пишува деее да не може човек сеир да пукне од душебрижници
Вака прашина се дигна и за Северина две илјади и некоја, помниш? Тоа и донесе неа слава, а жените станаа дупло поголеми курви што се снимале.. Затоа викам дека не се фер трачевиве.
И мене тоа ми падна во очи. Да се отвори во темата македонски јавни фаци и истите тие што не се замараат за трачеви или нешто да кажат главни се таму. Ама за да се добие лајкови, зошто да не изругаме некого нели?
А на страна што самото ругање не спаѓа во групата на потенцијали Мене лично трач муабет ме опушта. Не се сметам ниту за глупа ниту за супериорна додека младиве се чукаат во гради ужасно многу што веќе се граничи на кај оди тоа...
Зоран Б. напиша дека не се разведуваат,а порталиве веќе им го поделија имотот. Остана уште документите за развод да ги објават.
Па и Карлеуша објави стори од Кина. Така да не верувам дека ќе се разведат. Осеќам дека ќе им вратит на сите. Не е толку наивна