Како бе што е проблемот? Па не е тајна дека Македонија и Бугарија имаат затегнати односи, треба да го има во предвид тоа и да припазува на такви работи. Јас би и забранила пристап во Македонија, исто како што и е во Хрватска. Како и да е, Македончето пак ќе ја слуша Цеца.
Јас гарантирам дека ова е причината, не треба да и се замерува. Можда италијанско знаме мислела дека е
Ми излезе клип кај што и вели на публикава ок је ок ја сам мислила да је љубав у вама Чиме се боде ова? Без разлика, треба да се извини и да даде објаснување.
Додека Светле пее, во публиката забележува (претпоставувам) фанови од Бугарија со бугарско знаме. На знамето - нејзина силуета и натпис: „Цецо, Бугарска те воли“. Таа самата мислам дека си го зема знамето, никој не ѝ го подметнува. Публиката, во еуфорија и под дејство на алкохол, дрога и многу тестостерон, го препознава знамето и почнува да реагира: - Чекајте бе, тоа е истото знаме што стои на фасада сред ВЕЛЕС, а ниеден маж досега не се најде да го испрска со јајца или боја! Оваа сега го вее! Викајте уууууууу! Па не сум платил 200 евра за коњопој за некоја да ми вее бугарско знаме сред патриотски Велес додека уживам во „Лепи громе мој“! УУУУУУУУ! УУУУУУУ! УУУУУУУ! Мики Секуловски ја забележува целата ситуација. Ууууу-кањето станува сѐ погласно. Цеца, во занес, продолжува да го исполнува своето богато творештво. Мики ѝ се доближува и ѝ шепнува на увце нешто у фазон: - Побогу жено, спушти го знамето. Не сме баш најдобри со Бугарија, у реду е! Цеца, збунета, му го подава знамето, ја смирува публиката со нешто у стилот: - У реду је људи, ширимо љубов, бла-бла… Никаде не се извинува (барем од тоа што го видов). Потоа ѝ подаваат македонско знаме. Преплашена дека може да ѝ се скратат и овде тезгите, како што ѝ се скратени во Босна и Хрватска (доживотно!!!), таа го гушка и го љуби овој пат вистинското знаме. Според клиповите кои ги гледав, овде не завршува вечерта, публиката продолжува да се забавува и да ужива во другите песни, сепак, никој не е толку голем патриот да си фрли 1500 денари и предвреме да го напушти лудото парти со Светле. Имам пријателка која беше на настанов, ако ја видам, ќе ја прашам баш, да ми каже како се одвивале работите и по кој редослед, ова е моја перцепција од клиповите кои ги гледав кај една ликуша, неповрзани. Неколку месеци подоцна, еуфоријата околу скандалов целосно спласнува. Цеца е специјална гостинка на Село-фест Баница, за хонорар од 50 000 евра. И така...
Леле од што стана таа позната од наметливост каква беше на почеток кога се појави врска од пеење немаше и сеуште нема, само се врти на тоа концертите и клубовите ,за коса се фаќа и игра ко некоја кобила мрш каква врска оваа со пеење има , какви се се величат
Драги Каров сопственикот на куќата со бугарско знаме пред некоја година беше казнет за веење на туѓо знаме, неколку пати му беше демолирана таа фасада со знамето и плус спомениците што ги местеше во двор исто така му беа демолирани
Каква намерна провокација, тие не ни гледаат што земаат од публика, а и не ги ни знаат знамињата сигурно, истово и се случи и на Рита Ора со српско знаме
Зошто бе народецов не се потресува вака за вистинските проблеми во државава, како за едно смрдливо знаме на концерт на една шунд певаљка.. Аман, каде живеам.