А зошто бе сите за Милица зборите дека е крива? Што, тој кретенот нели е крив? Нели требало да мисли со тоа тиквата? Или празна му е? Милица нема маж, овој има жена, и неговата одговорност е поголема! Секако дека и Милица е виновна, ама не колку идиотов! Кој знае и како било навистина, што ја лажел, што е точно, а што не е! Нормално дека ќе си го роди детето, овој што сака нека прави, не треба ни Милица, но жена му да се сега со него!
Мене и двајцата ми се, само Милица ја знам него не А искрено Милица ми е сега повеќе крива,да знам дека некој има жена, деца, во брак што ќе барам со таков освен ако не знаела дека е сето ова. Сега скоро гледав што објавила на стори искрено ич не ја жалам. Зошто претходно не мислела, што сега била под стрес абе ајде. Мажите отсекогаш беа за тепање , ама и ова жените од новата мода се за ќотек
Ти па од кај знаеш за Милица? А и што ако се пушта? Овој има жена, треба да легне со секоја што ќе му се пушта, иако има деца и жена?
Па и она треба малку посовесна да биде. Знаела дека е женет и му се пуштала, а и знаела дека машко не одбива (повеќето, не сите).
Епа како тоа ја прави да е по крива од него? Од кај знаеш ти кој на кого прв се пуштал? Плус и да му се пуштала она прва он кога има жена и деца нема ли уста да и рече не и да ја одбие? Или ај пошо е машко и не одбива на него му е простено а неа ќе ја линчуваме сега пошто се пуштала на оженет. Криви се и двајцата повеќе е он крив зошто има семејство. По мое сознание тој ја лажел дека бракот му е формалност и дека ќе се разведе и на крај уствари не сакал да се разведе. Она одамна збореше дека сака деца, дека годините и минуваат и ете и се исполни желбата.
Не е добар ! Да не поверува човек каков простотулик во 2026та година Значи мажите не одбивале, леле кутрите тие, па машки се како да одбијат тие и да сакаат тие не можат Леле не сум знаела дека на било кој маж сум можела да му пријдам, бре ми побегна Дејвид Бекам. Што е уште полошо и жени уште мислат дека таа е крива или дека швалерката е крива. Да, крива е зашто со пушка и пиштол го натерала да е со неа, а тој јаден, беден, кутра душа нападнат од неа не можеше да одбие (дека машко нели , тие не одбиваат) Најжалосно е што такви жени утре ќе го оправдуваат својот светец од маж дека леле кутриот само на такви неморални жени налетувал иначе тој супер ќе си беше. Да, да сигурно! Тој што стално бара некоја за с..с не е битно, тоа што ако не била таа ќе била некоја друга во главите на некои жени едноставно не влегува,а колку е едноставно. Не, не може ни една да го убеди ако тој не сака и ако тој е на место, едноставно не една Милица и дваесет да се. Тој е тој што бил во брак, тој е тој што се заколнал пред сите, тој е тој што имал деца со неа, тој е тој што треба да си го гледа семејството. Некоја таму слободна, без обврски нема законска должност да му ја мисли за бракот на некојси таму. Не е во ред да си таква неморална и при толку слободни да почнеш со оженет тоа дефинитивно не е во ред ама одма дека таа е крива, а тој не едноставно не е така.
Сите ја нападнаа неа, не знам како фуп на тикток ми е само за драмава. Фала Компир што ја објасна пошто појма немав. Милица беше ептен почитувана на Балканов, со ова, за жал етикета си залепи. Од толку мажи, не се најде некој слободен?
Не знам зошто нормализирате и романтизирате ку*варлк. И прекинало млекото од стрес, леле колку потресно, жртва жртвосана. Единствена жртва се сопругата и децата, а оваа и јебкото нека одат по ѓаволите.
И цело време споделува стории на иг да се види колкава поддршка има а сопругата кој ја ебе ццц Она како го проживува сето ова се запрашала ли?? А тој се скрил ко пичка под кошула.
И ова не е ок да се каже '' нека одат по ѓаволите ''. Тој да, ама таа... Вчера родила дете, а да се посакува нешто такво... Не дека не е и таа виновна, Е, ама најголемиот виновник тука е ТОЈ.
Не знаеме уште што се десило освен дека тој е во законски брак, ќе дојде време ќе си се изјасни и она. Не го направила сама бебето за тоа се потребни двајца а тој не дека не знаел како се прават деца, нели веќе две има.
А не е крива? И таа е исто крива колку и тој. Кривицата кај него е што при жена и деца затруднел друга. А таа е крива што се плеткала со женет, нема оправдувања од типот дека ја лажел дека ќе се разведе. Ако била совесна немало да се плетка со зафатени. Кој и да е прво нека раскине или нека се разведе па после почнувај нешто.
Очигледно си сака зафатени типци, не и било ова првпат да се плетка со оженет маж. Со бившиот дечко, некој кореограф, ја започнала врската дури бил женет а сопругата бремена. Не можеме да ја изземеме од одговорност и правдаме дека можеби била излажана, изманипулирана или едноставно се вљубила па направила грешка и дека сите можеме да погрешиме. Чудо е како почна неверство да се релативизира и нормализира и оти е жена секогаш треба да ја тапкаме по рамо. Таа е јавна личност па затоа кон неа јавниот линч е најмногу насочен, неа ја знаеме, него не, но не значи дека некој него го оправдува. Во случајов жртви се сопругата и неговите деца, а не Милица.