Па не е крива исто колку и тој тоа и го објаснив веќе. Како што пишав не ја оправдувам неа воошто и сето тоа што барала да се плетка со оженет кој има деца итн се тоа стои. Ама извини дека се исто криви не се. Тој има жена, тој има деца, тој се заколнал пред сите дека ќе ја почитува жената, тој живеел со фамилијата и тој единствено тој требало да си го чува бракот, а не да брка швалерки. Никоја не може да го натера со сила, си имал семејство требал да си го гледа. И пак ќе кажам жалосно што има жени што сметаат дека само швалерката и тоа што е таа неморална и дно дна е крива за се. Ако не е таа, ќе е друга. Воопшто не се согласувам дека швалерка може да растури брак , мажот го растурил бракот зашто ако не ја нашол неа ќе нашол и пак на исто ќе се сведи
Искрено не знам ни еден од овие двајца, не следам Балканска сцена, ама ме заинтригира муабетов. Добро зошто луѓе што се свесно во швалерска врска прават деца? Во ни еден момент не им текнува абе чекај стој можда не треба свесно да направиме дете што нема да знаеме после што со него? Или е побитна себичноста и некој да излезе победник?
Двете страни се криви. Точка. Он свесно си барал надвор од брак, она свесно прифатила врска со оженет, знаејќи ги последиците и двајцата. Не можам ниту една страна да оправдам.
Не можеме да роматнизираме неверства, да оправдуваме швалерки и швалери и мажи/жени кои тоа го прават. Требало да ја остават на мира, а она немала два грама памет во главата кога забременила со оженет маж. На некои кои тоа ви е нормално или во ред, или изневерувате или не сте биле изневерени, не ви плачале деца дома заради двајца безмозочни кои не можат да си ги контролираат нагоните. Затоа, па си заслужи, и Милица и швалерот и. Вака само, јавно понижување, може па ќе излезе од мода швалерајот. Не оди, разведи се. Сценава балканска слика и прилика на реалноста нели? Швалер, швалека, жена и две деца.
Да е само Милица лесно е. Читам коментари и не можам да поверувам. Која подршка ја има, и колку ненормалното на мнозинството е нормално Си родила себи дјете па шта?!? Според тоа што ми излегуваше на инста ја сметав за приземјена, нормална личност.
Мене искрено Милица ми беше симпатичен лик на сцената. Не пее лошо, харизматична е, и не очекував вакво нешто од неа. Ми делуваше на стабилна жена. Не поддржувам неверство, посебно па не плеткање со зафатени мажи/жени. Како и да е, нека и е здраво и живо детенцето.
Да беше рандом Милица досега ќе беше ставена на клада, ама сега пошто е Милица, певаљката Милица, тогаш е жена, мајка, кралица, храбра лавица. И нормално, коментари од подлизурковци со поддршка, родила си себи дјете, па шта. Ништа друго није битно. https://www.kurir.rs/stars/9905565/...a-milicu-todorovic-da-je-bila-sa-njenim-muzem Си има кинк за зафатени мажи.
Мене и двајцата ми се идиоти. Милица се бафта со луѓе во брак, со намера да им го растури бракот (погоре прочитав дека не и е прв пат да разведе некој). Тој суртукот имал опција кондом да стави или на време да расчисти со жена му па да праи дете, суртук.. класичен. Уште подегутантно ми е што пишуваше по портали дека бил на прослава за мекици и потоа си се вратил дома кај старата сопруга?!?! Wtf.. кој нормален го праи тоа?? Им давам две-три преку сила три години, па ќе ги читаме дека се разделиле со некој скандал. Едноставно колку старовремски и да звучи, среќа над туѓа болка не се гради.
Виновен е женетиот маж . За Милица не знам ни што е ни што не е , ама Милица не го направила сама детето . Некој треба да го направи нели . И се пружила прилика да стане мајка , зошто не би , ако веќе сака ? Она сакаше да се оствари како мајка , и се пружила прилика и се оствари . Што и е на неа гајле дали татково има жена и деца или нема ? ТОЈ ТРЕБА ДА МИСЛИ , НЕ ТАА !
Ако е стварно така ради дете само, значи тоа е показател на себичност и егоизам. Како може ради тоа што сака да стане мајка и да има бебе да не размислува со кого го прави тоа бебе и за животите на неговите деца и на неговата жена, а најмногу на животот на нејзиното дете и неговата иднина? Па нема 17 години побогу. Не е 100% она крива, за мене делат кривица. Очигледно тој размислувал со тоа меѓу нозе, а не со тој 2 грама мозок што го има во глава. Нека им е живо и здраво.
Ако не живее со него , што и е гајле ? Многу жени си раѓаат дете за себе си . Ако жената има финансии да го одгледува без да зависи од таткото ( како Миа Костова на пример ) зошто да не ? Тие деца се често посреќни од оние кои имаат комплет семејства . Не генерализирајте и не напаѓајте . Виновен е мажот , и толку .
Тука е и проблемот од “толку мажи” мажи нема веќе, мислам на Вистински мажи ги нема, остана талогот, ужасот. И затоа доаѓа до разочараноста…
Се те разбирам , да и јас би го рекла ова истото , меѓутоа , она не е толку виновна , колку што е он . Па појди во темите за неверства и разводи и прочитај колку од швалерките се напаѓани ? Јас колку што знам највеќе се напаѓани женетите мажи . Да не бидеме со двојни аршини нели . Тоа што Милица е јавна личност , не ни дава за право да ја напаѓаме како да е најлоша особа на светот . Сепак , она е слободна жена , а кретенот е тој што е во брак со деца .
Светската Дива гавраница - ЈК, у Србија не може веќе лифт да наполни, али затоа у Јужен Србистан ќе прави пак концерт, у Јане Сандански. Благодарение на Фиром нема да банкротира. Овде може и лик од Задруга да наполни сала, мислам дека тоа е нивото, само од Србија да е.
Нормално дека ќе полни, мислам она е ниво над нашиве пеачи. Всушност се што е српско е ок за нас, нашиве не чинат. Дотолку ни е капацитетот наш
Онаа Сандра Африка требаше да си остане манекенка или што и да беше пред да почне да пее. Од играње врска нема. Тресе со задникот, а задник нема за да се тресе. Пее, ама ко да не пее. Не знам кој ја заеба вака.