Нема скандал, ама сабајле и го отворив профилот. Женава се пишала Стоја институција. Институција еј! У голем филм е влезена и оваа.
Финансиите кај нив дома зависат, барем по мое видување. Интервјуа, реклами, публицитет, настапи на Јелена, они се актуелни периодов и секоја телевизија и таблоид ке сакаат ексклузивно интервју со некој од нив. Во светот на познатите така одат работите. Инаку не видовме конкретен доказ, само видовме слики од цицки и монтирано видео. Милионски.
Сепак мора да се согласам со еден коментар што го имаше под сликите сликани во Кина на роденденот на Душко дека имаше голема глума. Всушност очите на Душко се кажаа. Но ја испонападнаа таа што го напиша тоа, резил ја направија.
Изгледа. Ако го тргнеме крештавиот глас и лошиот текст, ритамот не и е лош на песнава. Ама јк е јк... вештачка.
Нешто слично како Бијонсе со приказната дека Џеј Зи ја изневерува, па цел албум направи вака со рецитирање пред песната... Настапот и стајлингот изгледаат светски.
ДА!! Пишав јас баш на претходната страна ми е постот, не само песнава цел албум треба да и излезе и мораше да крене некако прашина и оп ајде голи слики и глупости,па глумење жртва и демек еве ја сега на крај е хероина Плус жената си е болна за внимание
A еве од каде идејата за воведот на видеото кое го гледав ама магично го снема. Јелена беше префрлена на еден рекламен ѕид (или како и да се викаат оние големите реклами кои обично ги има на крстосници кога вртиш десно) и рецитираше некои тешки зборови. Дека имала време да сними песна толку брзо по скандалот со голите слики, сигурна дека не, ама затоа сум сигурна дека она ги пуштила сликите и сеа глуми жртва. Имала у план некој дип текст да извади, арно ама, без скандал у кој она е жртва нема да биде интересно. Е, грешка и е што во период од неколку недели она го направи и тоа и тоа. Да беа неколку месеци у прашање би било океј, амаа, изгледа и било шубе да не случајно заборавиме на пупките нејзини, цицките и онака ги знаеме.
Видеото горе што сте го ставиле не го отвара. Мене текстот на песната на ЈК ми нема врска со тоа што го збори на почеток на песнаѕа, мислам дека е снимена песната, па ова го додале. Инаку ја гледав верзијата од мак наградите.
Ако е се изрежирано како што се шушка, зошто тогаш тој Огнен Вранеш го ставиле втора лига, или така некако не се разбирам у фудбал ама важно го уназадиле? Зар тој би си ја расипувал кариерата заради некаков си скандал. Хм
@buba4e89 Јас мислам дека е таа, што знам, носот изгледа исто, еве, a и без шминка на слики ми изгледала секогаш така