Доста е веќе,многу патеше жената. Скандалот со Врањеш,смртта на мајка и,тоа што секојдневно мора да чита невистини за себе и своето семејство.И она има право на приватност како и сите луѓе без разлика што е голема ѕвезда. Барем да ја остават на раат на гробот на нејзината мајка
Рајти едно е папараци да ја пратат низ град,кај иде што прави со кој пие кафе. Друго е да ја сликаш на гробот на мајка ѝ,треба да се има малку осет.
Јас ги разбирам и Карлеуша и овој што ја снимаше. Ама вака исто изреагира и нашава Каролина Гочева зошто ја снимале. Епа сестро сакаш јавен живот, трпи си.
Ама и новинарите претеруваат веќе во врска со нејзе, секако не е начин ваквото понашање, ама и она е обичен човек и се може да и дојде преку глава. Искрено и мене ме нервира тоа што постојано ја сликаат и снимаат на гробишта како плаче, бар таму да има мала приватност и слобода од новинариве, и која е таа култура на новинарите па на гробишта што одат и ја реметат, иначе и онака 24ч. е под нивно око, бар таму на мира нека се исплаче.
@Mr. Right Исто би реагирала и јас.Заслужува да биде оставена на раат да плаче по мајка ѝ,ко секој човек.
Јас се чудам зошто Карлеуша изреагирала така и што ако снимат на гробишта да не ја нападнале или извреѓале она е крива што на такво место напаѓа, а сака да ја сликаат без долен веш и со деколте на изволте така се мести се мести за папараците.
Поголеми олоши од папараците нема. И на Балканов и во цел свет се исти хоштаплери без грам осет и почит. Имам гледано видеа каде намерно провоцираат некоја звезда за да изнудат реакција било навреда или физички напад и да земат оштета. Гледав и како намерно паѓаат под автата на славните, пак за да земат оштета. И им успева. Секој може да излезе од кожа, така и славните, луѓе од крв и месо се. Конкретно за Карлеуша, не ја обвинувам. Пошто последнава година дена на мир не ја оставија, и капката мора да прелие кога тогаш. На погребот на мајка и баш гледав видео, се туркаат меѓу присутните на погребот кој подобра слика од починатата ќе фати и се смејеа како малоумни.
Од тоа што имам гледано, Карлеуша е скроз секогаш океј со новинарите. Си прави муабет, одговара на прашања итн. Сигурно предалеку отишле овојпат, чим имала таква реакција.
Зошто дно дна? Барем не глуми, туку сака да си се истажи на мира. Има некои познати одат на гробишта за да бидат сликани(боже ми прости). Со право го исплука.
И жените колнат и пцујат.И,што? Не е дека го уби на лице место,само се изреволтира.Секој човек може да загуби контрола.
И што? И ништо Само што е јавна личност, а не човек од планина П’чко му викат бе Нормално дека папараци ги следат и во лошо и во добро, Туку и јас за кого се оправам за Јелена К Битната фаца
Да ми извините ама и Боки и дојде на погребот на мајка и со камера. Зошто не му се нафрли на него? Или на тој што снимаше? Јелена не се "мириса" со Курир и затоа ги напаѓа.
И да не се мириса нејзино право е да бара мир барем на гробишта. Не е исто да ја снимат у кафич и да ја снимат на гробишта. А најинтересно е.. Што ќе пише? ЈК беше на гробот на мајка си? Ексклузивна вест ли е тоа!? Нема ни приказна некоја..
Па полошо е што Боки и дојде со камери на денот на погребот. Баш кога и беше најтешко он со камерата у фаца.
Да,Боки е иритантен.Но,тој не ја прати ЈК 24/7,затоа и она него го толерира.А,тој фоторепортерот претерал.
Јас мислам дека не е тоа што ја сликаат секаде, туку затоа што пишуваат лажни вести за неа и нејзиното семејство.
Има право жената да се нервира,секој би изгубил живци на нејзино место.Многу ѝ се собира во последно време.