И така на свадба ко ќе ти дојде да фрлиш штиклите, па ќе се притесниш бива ли, не бива ли, ќе си речеш, Анастасија на Светле од Житораѓе можела, јас па не ли можам.
Скандалозна позната личност од цел Балкан, вклучително и од кај нас, ми е ЈК. Некако ми е многу негативна, македономразач, се расправа со сите, ја емитира Лејди Гага, ама безуспешно, иако викаа дека обратно било.
Не знам зошто толкав хејт кон свадбата, кога ние и Србите имаме малтене исти обичаи и традиција. Ваква свадба проследена со триста адети сигурно имале повеќето од вас или пак ваши блиски луѓе па не верувам да имате мислено дека е сељачизам. Иако се ненормално богати, не мора се што прават да е нешто екстравагантно.
Е Не ја хејтаме Само си ја раскажуваме Додуше јас не сум била на свадба а тортата со сабја да ја сечат
Јас мислам така се облекле за да не ја засенат невестатата...да остане нејзин ден, да не се врти се околу свекрвата. А нормално кога те сликаат од некоја чкј страна, ненаместен, лош агол и светло па ќе бидеш таков каков што си. Не дека Анастасија ако се принаместела со панталоните и да позира така ќе испаднела. За вечерните фустани, светкавите, таман си се за на свадба. Па и цела атмосфера....машкото пресреќно и уживаше, за свој ќеиф правел.