Не можев и јас да ја заобиколам свадбата. Нема да хејтам многу. Невестата убавка, само можело да се направат некои корекции на фустанот на Цеца. Другите два фустани ми се океј. И не ми се допаѓа многу фризурата, ама тоа е до мене и до мојот вкус. Цеца и Анастасија и јас мислам дека се облекле така за да не ја засенат невестата. Како и да е, мене ми е океј. Сепак, нејзин ден е.
Арни си се oни, ние нештo aристoкрaтијa извoдиме, се знaе, бoс, испoтен, aдети, пирoшки...свaдбa ли е, чaјaнкa ли е?
Дебела балканска свадба... И е гајле на невестиче, сега и уште едно внуче па и машко ако биде и падна секирата во мед... Малце кичасто за тие пари ама па и се гледа дека си правеле за свој кејф, ова ќе се збори уште месеци.
Баш на ова мислев кога го пишав постот. Исто како со Пријовиќ. Им падна секирата кај што треба. И некој пиша дека љубомориме. Зарем заборавате која беше Цеца пред да се омажи за Аркан? И снајката е иста како неа.
Девојката не е воопшто од семејство со лоша финансиска состојба, напротив, прилично имотни се, со приватен бизнис, убава, средена куќа и како што разбрав, стан во Белград. Може не е такво богатство како на овие, ама па, убав живот секако имала и дома.
Никој не спомна за некои си достигнувања а ти мене нема шо да ме понижаваш. За таква ѕвезда мое мислење е дека требало по модерно а не со пушки да се пука и такви најлони да се облекува. Нивен живот секако ама јавни личности се имат право луѓето да критикуваат.
Балканско ептен бе и по свадбата морало одма дете можеби луѓето сакат после 10 20 год да имат дете амн бее
Па ич не е далеку од вистината, за жал. Нема промена и тешко дека ќе има, не само за Србија општо за целиов ни Балкан.
Сем она јер је Дива. Ја почитувам ЈК реална е, ама некад многу драми. И после ќе се тужат една со друга за глупости.
Туку...темата е таква, па да се навратам на Карлеуша т.е. на пикантериите со неа Нели првиот брак и беше со еден од браќата Кариќ (пари, менувачници, банки...). Свадба на векот беше. Незнам колку гости, она незнам каков фустан, незнам што и подарил, меѓу другите поклони и Крамер (оној големиот џип, незнам дали точно така се вика) Не поминаа пет месеци - распаљотка. Се пишуваше по медиуми дека го изневерила со бодигардот и дека ги фатил на лице место. Сликава кога ке ја видам, баш онака смеа ме фаќа. Се гледа дека човеков врие од пари
Добро бе оваа Џеј Кеј до кога ќе се лигави по Цеца,како не и се смачи веќе Инаку свадбата е ок и интересно за нас обичните балканци,а за тие од буржоазијата нормално дека ова е ужас бидејќи нивните свадби се "далеку" над ова
Убаво е што почитуваат традиции,но од нив се очекуваше подобар избор на фустани. На туѓи веселби биле подотерани.
Леле кoј се јaвил дa збoри Некoлку пaти јa имaм виденo еднo шoу кaкo вoди, сељaндурa нa нивoУ, пa oнa нештo пoтресенa oд Бaлкaнштинaтa