Секако дека тоа не е во ред,ама во право е за Анастасија.Она само што почна да пее,а се занесува,ко кој знае која да е.Девојката уште во постови на социјалните мрежи го величи татко ѝ ко да бил ептен чист,а не злосторник.Вељко,па стално се тепа со кого стигне и ѝ текна на Цеца он да се бави со бокс,да го пренасочи гневот.Па,колку го фалеше во жолтиот печат,како да е Али,Мејведер или Кличко,а не почетник. Две преразмазени деришта... Реално,нова пејачка не може да се мери со жена која има долга кариера. А,за Цеца одамна е познато дека е вплеткана со сомнителни типови. И двете страни се полни со скандали,ама бар ЈК не се прави фина.Колку што е неарно нејзиното „што на ум,тоа на друм“,толку е и за почит.
А знаеш сигурно дека ке заработат пари како 10 купени стана во главен град? И мене да ме викнат за вртоглава сума на пари ке се глупирам урлам тепам не ме баш интересира што мислат смртниците
Да влезеле една година за вртоглава сума пари може ќе разберам. После да ги вложат парите во нешто и да го продолжат животот без Задруга. Како што направија и пари и слава Кија Коцкар и Теодора Џевхерович. А тие секоја сезона влегуваат во Задруга изгледа за ништо друго не ги бидува. Луна веќе и докажа каква пејачка е.
Баш имаше по порталите дека зимаат по 100 000 евра .. Мислам дека таа сума не е вредна за понижувањето и бламирањето на јавна фрекфенција... Да бидеме јасни таму не влегува нормален народ, само спонзоруши и луѓе без морал ... Страшно е до каде идат за да изиграваат некоја елита...
Ако веке е одлучила да го тера тој настар занает гледам добра е во тоа, поарно да се плеска со милијардери отколку со клошари за 500 денара како овие позади мтв. Како што гледам на инста си го живее до максимум животот во интимноста несакам да се мешам не ме ни интересира.
Јас вака чат-пат им ги слушам песните,ама да им идам на концерт не. Пример Раста не го можам,а има убави песни. Концерт за кој вреди да дадеш пари според мене - Дино Мерлин.
Има квалитетни српски пејачи. Дино, Грашо итн. Ѕвезди без скандали, културни, талентирани. Ич не ми се интересни овие скандали на Цеца и Јеца од причина што се многу ниски удари. 21ви век и се учиме жени да не понижуваат други жени за да се покажат подобри. И после ги гледаш овие фаци го прават баш тоа. Мислам, Боже сачувај.
Саша Ковачевиќ ја променил бојата на коса.Дечкото е преубав, ама мислам дека новата фризура му го разгрдува ликот, едноставно не му личи. Spoiler: before
Бар некоја потемна боја да одбрал,вака многу постар делува. А,убав човек е. Под стрес е некое време,па се запусте.
Ради ситуацијава со вирусов,не му се исплати пак да го отвора неговиот локал.Според новите правила луѓето треба да бидат на дистанца внатре(ко што е препорака и за во нашите кафичи,ресторани и друго),па треба да се направат некакви преправки,а заработката ќе му биде помала,па не му се исплати.А,плус и настапи немал и ете...
Ехее , кој не е под стрес со вирусов . Не е од стресот само , колку непроспиени ноќи имаат пеачите , често мора ноќе до 1-2-3 часот да држат концерти а веќе другиот ден да бидат во друга држава . Професијата си го прави своето . Женоте се друго , ретко која нема ботокси , филери , пластични операции и слични работи што ќе им ги прекријат несовршеностите на кожата , плус тон шминка . Кај маж да ставиш толку шминка се познава .