Не барај разум и сфаќања кога е во прашање племенската заедница. Во планина, во планина им е местото да се вратат бидејќи очигледно "белиот свет" не успеа да направи луѓе од овие.
Еве и ламбе Ама премалку е и глупаво со картава. Еве никој не излезе да напише и да осуди на пример како Карлеуша. Демек ќе изгубат фанови од албанците, а они па што се утепаа од слушање на нив у п.м. Можби и се навикнавме на картава.
Ја следев и Липа и Ора и Реџа .. и сите до една ги отследив ! Никој што шири омраза помеѓу народите не заслужува да го следам . Па и Трамп нека е ! Ми се допадна како изреагирала Карлеуша , реално така треба , културно да ги " спуштиш на земја " птичките што летаат со крилја од слама .. Наместо да се занимава со Голема Албанија , нека се позанимава со својот живот и нека се посвети на музика малку . Глупа .
Гледам , никој не пишал за ситуацијата на Тања Савиќ . Имено , по портали се пишува дека таа веќе 4 месеци ги нема видено своите деца . Нив наводно ги земал нејзиниот сопруг кој живее во Австралија , каде и се имаат регистрирано како брачен пар , додека пак во Србија нивниот брак не бил регистриран . Душан ( сопругот на Тања ) и децата имаат и австралиски пасоши , а таа само важечка дозвола за престој . Од јули па наваму , вмешани се и сите државни институции во Србија околу случајот на Тања и Душан , подетално во продолжение на линкот : https://vecer.mk/node/517799
Тања Савиќ пред оκолу една година објави за разводот од нејзиниот сопруг со тужба за семејно насилство при што неκолκупати била физичκи нападната.
Но оваа вест е од сега , од 2020 . Дали се разведени или не со маж и , не знам не сум во тек , но дека ги нема видено децата веќе 4 месеци , е страшно . Како може еден татко тоа да им го прави на своите деца ? Да ги лиши од мајчина љубов и грижа ? Себичен човек . А и таа слепа , што не пријавила семејно насилство до сега ..
Мене ми се допаѓа Тања Савич многу и глас и стас. Сега е повлечена од музичκата сцена сигурно со причина. Не е малκу тоа што и се случило. Многу ми е харизматична, убава и симпатична ама ете што и се случило. Зарем заслужува?
Душан ти е протагонист кој многу пати ја изнерверуваше Тања и веќе одамна се шушкаше дека ја има и тепано. Она многу му простуваше највеќе ради децата ама сега со короната тој успеа да си направи тоа што одамна го планирал. Ја пријавил дури и како лоша мајка за да зима пари од австралиската влада а тоа не се малку пари. Типот си е поврзан со некои институции во Србија па така и ги изнел децата. Она нема многу ептитет сега и нема моќ и тој знаел каде е она најслаба за да ја удри. Меѓутоа мислам со добар адвокат ќе се реши ситуацијата или пак со писмено барање до австралиски власти би се решил проблемот. Може во писмото да ги наведе сите здравствени прегледи и дека се работи за корумпиран татко особа која не е способна да се грижи за децата. Но, дали е ова изводливо во практика - не знам.
Никако , ниту една жена не заслужува да поминува низ таков терор како Тања . Поентата ми беше зошто порано не го пријавила за психичко и физичко малтретирање ? На децата не им треба таква средина за растење ..
Некаде како да прочитав (на српски сајт) дека во Австралија се добивало помош за самохран родител. Најверојатно затоа идиотот киднал таму. Ова е нешто најтазе https://www.hellomagazin.rs/2020/08/15/tanja-savic-sinovi-su-moje-sve/
Морам да кажам дека сум тотално разочарана од Петар Грашо, не очекував до толку несовесно да се однесува и да излезе лаком за пари. Еден Аца Лукас излезе подоблесен од него.
Аца Лукас се прикажа како таков и закажа концерт на Ташмајдан во септември. Да не ме сфатиш погрешно, не те напаѓам, само промената на ставовите од ѕвездиве ми е....
Ова со Тања Савиќ ме запрепасти, до кај може да оди мозокот и однесувањето на маж и. Се пишуваше често дека имаат несогласувања во бракот дали да се вратат во Србија или да живеат во Австралија. Сепак децата не смејат да се заложници на таткото и жртви на нивните недоразбирања. Се надевам социјалните служби во Австралија ќе бидат добро информирани за случајот и ќе постапат како што е најсоодветно и во полза на децата да се доделат на мајката. А ако се докаже дека се без дозвола на мајката однесени таму тој може да изгуби родителски права.
Само да знаете на колку мајки им се одземаат децата на таков начин, пред неколку години имаше уште еден таков ептен трагичен случај баш во Србија, србинка мажена за турчин, имаше неколку емисии на Живот прича, уште ги памтам. Инаку не знам колкави се децата ама нели мора да се има писмена дозвола од отсутниот родител за да изнесеш дете преку граница, не е тоа кутија колачи. Кривично може да одговара.
Како бе, значи еден родител може да ги џапне ако му се налути на другиот, сепак има стотици илјадници мешани бракови на светов, мора да е некако регулирано тоа.