Ако ги гледаш првпат, нормално е да не ги препознаваш. Да не прочитав дека се различни ќе помислев иста од различен агол сликана, за последните две, Анастасија само ја препознав, но и таа е слична. Сите ист „стандард“ следат, тоа е...
И мене и тебе да не стават во калап ќе си личиме ко една мајка да не родила . Шала на страна , што ли ќе прават кога ќе помине " ерата на пластиката и дебелите тетовирани веѓи " ...
Ко шо е тргнато тешко дека некогаш ќе помине ерата на пластиката. За 20 години можеби навистина ќе си личиме јас и ти
Истово го помислив. Само 2 негови видеа имам гледано и страшно одвратен лик. Поготово што млада популација го следи и го гледа како репер за однесување, идол...
Знам дека не е скандалозен, бар не следам до толку, ама барем е Балкански, не е во Македонските ставен
Јас ја промашив, во табови ги имав отворено Македонски и Балкански, пак ми се виде дека во Mакедонски го имаш, затоа и го избришав мислењето
Сега гледав тв прилог за српските пејачки. Многу од нив само со средно. Карлеуша, Драгана Мирковиќ, Мира Шкориќ, Сека. Ретко некој образован меѓу нив, а тоа и се гледам што отворат уста, речник нула.
До кога со овие стереотипи? Па државата ни цути со луѓе со факултетски дипломи, а азбуката не ја знаат.
Нема тоа никаква врска. Речникот може да биде нула и после завршено високо образование. Има и луѓе само со средно што понатаму решаваат да се образуваат и да го надополнуваат знаењето на друг начин, не мора факултет. Лошото е што многу од набројаниве си зимаат за право да коментираат и понижуваат други, а самите тие не се нешто подобри.
При толку пари сепак можеле да завршат нешто, да не се со средно фризерско и средно трговачко. Јас не зборам за државата, нивна или наша, зборам за нив како јавни личности. Чолиќ роден 1951 година заврил Економски во Сараево, а Сека пример само фризерско име. Кое е нивото ќе видиш тпм отворат уста. Чола е за мене ЅВЕЗДА во секоја смисла на збор.
Што ќе и е факултет на Јелена кога праи милиони со настапи,пеење? Башка скоро сите пеачи добро заработуваат. Адвокат е професија ама и да се биде пеач е професија. Јелена немала пари како млада, почнала да пее од 16 години и снимила прв албум
Па баш при толку пари за што да се малтретираат да учат и завршат високо образование, денеска времето е 'снајди се па живеј', они се снашле и успеале во таа професија, за што да заврши пример факултет кога нема да ја работи таа професија, или колку само да се каже еј еве имам факултетска диплома.