Ок што нема, нема, ама поентата ми е дека премногу понижуваат во своите јавни настапи кого ќе стигнат, а при тоа се необразовани.
И во Звезде гранда, и со Дара Бубамара и ред други се имаат јавно навредувано. Понижуваат и тоа како.
A, доколку би имале факултетска диплома би било океј да понижуваат? Култура не се учи на факс. Или ја имаш или ја немаш. И во светски рамки многу познати личности се со минимално образование.
Ја следев Карлеуша ради стилот нејзин,потоа ја отследив зашто почна да става голи слики и не ми беше пример за сексапилност. Брутално искрена си е, без влакна на јазикот, и не секој е спремен за тоа. А во врска со образование не би да коментирам.
Ова што го збориш стварно нема врска. Што има врска што завршиле само средно со тоа колку се они паметни, речити или културни? Иако кај некои од нив не се работи воопшто за имање памет, туку за немање култура. А човек може да има и два факултета и пак да нема основна култура и да навредува. И како велиш така: кај необразовани па навредуваат, ко да ги омаловажуваш.. работава овие неписмени се, па уште ќе зборат. А ако некој со факултет понижува тогаш е повеќе во ред зошто е образован? Не е, тоа важи за било кој човек дека не треба да понижува други, и тоа нема никаква корелација со степенот на образование... Ни паметот, ни културата.
Овие пејачи најчесто немаат образование зошто почнуваат со пеење од многу мали,скоро сите од кога се малолетни.Почнуваат со турнеи,со секојдневни настапи.Уште кога ќе видат убава паричка толку од образование.А не дека сите се неинтелигентни.Овие па од Звезде Гранда да не коментирам,тие одвај и средно завршуваат зошто ги земаат од 14,15 год да пеат и снимаат албуми.
Кога би имале повисок степен на образование, МОЖЕБИ не би навредувале, понижувале, би имале малку повеќе култура. Како беше, дипломата не ја носиш со себе, ама твоето образование се гледа на тебе. Кај нив се гледа дека се необразовани, а благодарение на разголување и триење од машки полови органи на настапи, ова за Јелена мислам, се станува „ѕвезда“ и се прават пари. Еднаш рече во Зведзе гранда дека Македонија била многу сиромашна земја и не можеле да ја платат овде да настапува, што не е точно, има многу снимки на јутјуб. Се сеќавам на Чолиќ, го прашуваа за војната, избегал нели од Сараево и не се вратил веќе. Го прашуваа што мисли за Дино Мерлин, кој патем кажа дека Србите биле болни, а тој само кажа дека сите ги сака, почитува и дека сите му фалат и Дино, и Кемал итн. Е тоа е ниво.
Па Јелена си го цени занаетот, знае колку вреди. Тоа е за почит пример. Ама ете настапуваше во Охрид и тоа со приватен авион отиде за атер на фановите.
Д Да, ама па навреда е тоа. Има многу настапи по дискотеки, тоа во Охрид е веќе нешто од повисок ранг. Не концерти пред огромна публика, туку настапи во дискотека пред 50 -100 луѓе. Плус, па Србија не е богата земја, напротив иста бедотија е како Македонија, одам таму и знам дека српскиот народ не е побогат од македонскиот. Народ како нашиот и придава значење и прави да се чувствува дека „занаетот и вреди“.
Некој од најбогатите луѓе во светот се без факултет, или го завршиле тек кога се збогатиле. Факултетот не им помогнал да станат милијардери. Факултетот не е пример за култура. Не дека не треба да се заврши факултет но не е мерило секогаш за успех.
Плаќа мафија за нејзини настапи, баш испод 10.000 евра не знам дали прифаќа, може ако е пријателка со некој. 90% од дискотеките во Србија ги држи мафија. Може и да ја договори таа сума,а може и процент да земе само. Знам само дека немаше да е толку богата ако не се омажеше за Душко затоа што тој заработува дупло од нејзе.
Зошто да се навредиш од нешто што е вистина ? Зарем не сме сиромашна земја ? Не дека Србите се побогати од нас , ама зошто се навредуваш од вистината ? Еве мене на пример , не ми е навредливо кога некој ќе каже дека Мк е сиромашна земја . Напротив , сметам дека е за восхит како успеваат луѓево тука некако да сврзат крај со крај и и покрај сиромаштијата не ретко да издвојат од буџетот за нечиј концерт . Можеби за концерт не можеме да ја платиме ЈК , но не е дека не дошле тука поголеми ѕвезди од неа .
Не ме навредува што сме сиромашна земја, туку што таа треска непромислени работи. „Македонија е многу сиромашна земја, не можат да ме платат да настапувам“, а пее по клубови во Македонија. Значи некој сепак ја платил и има да ја плати, штом настапува. Немаат култура, трескаат се и сешто, и често се конфузни. Тоа што пееле и многу поголеми светски ѕвезди овде е доказ дека има кој да ги плати за да пејат. Си ја крева цената непотребно. Песните и се дно. Поселски текстови здравје.
Јелена пред неколку години имаше закажан концерт и немаше продажба на карти и го откажаа. Жената истовремено ми е и онака супер, знае да ја погоди вистината, но и знае да се преценува. Не е она некоја звездетина или дека е нешто особено гласовно надарена. Убава е, со години е на сцена, само сега го навредува стилот со киј таа се прославила.
@Tanjamm Не е секој за факултет тоа е факт. Си имаат пари да, ама памет со пари не се купува. Може да имаат диплома и се тоа ама што ќе им е? Дали тогаш ќе биде океј да понижуваат со изговор дека имаат факултетска диплома? Побогу, ете и политичариве имаат дури и титули доктор на науки. Ти личат на тоа? Не. Ако се имале капацитет за некоја друга струка ќе се одбрале факултет. Очигледно не ги бива за тоа. Јелена ако земе диплома ќе има поголем респект од тебе?