Јас мислам Џејла и Марија се само блиски пријателки и соработници , ништо повеќе . Ама времето ќе покаже . Не би ме зачудило и да се во врска . Нивна работа , полнолетни се , како им е убаво - така .
Ептен е влезена во некој филм. Фустанов и го открива задникот позади, да не речам и паѓа. Сепак убаво тело има, ми се допаѓа формата на стомакот.
Да се дистанцира од некого само затоа што е лезбејка и зошто квази новинариве немаат попаметна работа од измишљање приказни? Да, тоа би било правилно
Нека соработува, ама не мора да одат на летување, зимување, и да се неразделни. Искрено јас мислам дека е лезбејка. Оти некако се смешкаше и раскажуваше како поминале. Колку од вас тука одите на одмори, зимувања со женско?
Сум одела, ама не со другарка лезбејка. Тоа го правев помлада кога бев и кога имав поширок круг на пријатели. Јас не сум јавна личност од тие размери па да внимавам. Сум била со другарки кои ги знам со години. Таа кога се појави, кога стана позната, кога па толку се зближи со Марија.
Ама многу чудно размислуваш. Што има врска ако е лезбејка? Тебе како хетеро со сите мажи со кои си се дружела си имала нешто? Ваљда не, па зошто одма нив ги поврзуваш на тој начин? Пријателство е пријателство.
На што да внимава, ако е јавна личност забрането е да има блиска другарка и со неа да патува или да живее? Зарем никогаш не си живеела со другарка/цимерка? И што ако Марија е лезбејка, тоа по дифолт не значи дека секоја друграка, пријателка, цимерка и е девојка. Како што постојат машко-женски пријателства кај тие што се хетеро, така има и женско-женски, машко-машки кај луѓето што се хомо.
Нема да се отвара нова ‘Балканските јавни фаци’ тема? На веќе постоечкава и насловот е преупадлив, ‘скандалозни’. Замислете Карлеуша да види шо се дешава у темава и да напраи лајв. Изгинавме
Севе је мало нервозна, па каже... НА СЕВЕРИНА И ПУКНА ФИЛМОТ: ВИЕ СТЕ Д*КАЏИИ ! (фото) Откако ја нападнале заради објавата на фотка од 2010 на која позита како библиски лик, Северина решила да се пресмета со злобните фанови. Подебелиот крај си го извлекла една жена која исоментирала дека пејачката намерно пред неколку години го пуштила интимното видео во јавноста. – Ова со јахтана не ви требаше. Па зарем мислите дека нешто би снимала ненашминкана и тоа би го пуштила во јавност? Но гледам, го следите и тој мој дел. Не сте вие единствен д*каџија и затоа бидете среќни, ве има и множете се и никој ништо не ви може. Ги сакаме д*каџиите и им испраќаме љубов, и напишала Северина.
Карлеуша претера со сторињата за Вања,натпреварувачката која споделила стори од друга личност каде што имало закани упатени кон Карлеуша. Јелена го сфатила како навреда кон нејзе и успеа со жирито во пакет да ја отстранат Вања. И не само тоа,продолжуваат вербалните препукувања меѓу девојкава и Карлеуша на инстаграм и фб. Од друга страна пак јас се прашувам само едно, кога Карлеуша вреѓа натпреварувач/ка нема санкции т.е. исклучување од жири?
Не ги следам Ѕвезде Града, а ова за девојкава ми излезе на тик ток. Карлеуша од секогаш ми била одвратна и не знам по кој критериум е она стсвена да оценува нечие пеење кога она грака и појма нема од тоа. За неа нема санкции зошто гранд ја плаќа огримна сума на пари таму за да "кака" по кандидатите зошто народот тоа го сака, сака да гледа скандали.
Девојката има 17 години и оваа бездушно резил ја направи. Ми се одмили Карлеуша На крај краева на профили секој си објавува што сака,нема што нејзе да ја погодува.
Девојката предобро пее. Верувам ќе си го најде својот пат понатаму. А од ЈК не ме изненадува ништо, се ќе направи / каже за гледаност.
Мене не ми е јасна ЈК во никој случај. Ајде за гледаност и да прокоментира, ама да е во склоп на тоа што бараат - пеењето, а не да коментира нечиј изглед. Вкус не се коментира и е крајно некултурно. Мене па таа ич не ми се облекува убаво некогаш, колку и да е ин тоа што го носи и прати светски трендови. Девојчето си беше ок според мене.
Срамота. Ја следам Вања од почетокот на нејзините настапи а инаку ретко гледам Ѕвезде Гранда, скоро се е шут таму. Девојката ми има оставено впечаток на многу добро воспитана, позитивна, талентирана и друштвена млада девојка. Иако е тешко сето ова да го претрпува на толку млади години, се надевам е свесна за своите квалитети и талент. И колку само е на повисоко ниво од сите таму што се собрале и демек оценуваат нешто, а всушност само ги оцрнуваат и понижуваат луѓето. Веќе не знам со кој памет и им се пријавуваат нови кандидати. Поддршка за Вања и сите други млади таленти кои без причина биле омаловажувани и навредувани на секаков можен начин.