Ментор Марија. Помина во бараж и во следен круг. Ја дисквалификувале ради некои коментари на социјалните мрежи. Мислам тие коментари не ни биле од неа лично упатени кон ЈК туку од нејзини фанови и поддржувачи ако добро разбрав.
Да, ама и девојкава е виновна. Зошто морала на свое стори да ги сподели тие несоодветни коментари од нејзини фанови.
Со тоа по социјалните мрежи не сум у тек, не ја знам целосно приказната само нешто кратко што ми излезе по портали.
Не сум баш во тек, ама видов ПР на ЈК ги сподели на стори. Кај девојката ги има коментарите на пост и на секој коментар се заблагодарува. Некои коментари се доста невкусни. Не требало да си дозволи вака и она.
Ја гледав епизодата баш тогаш, и навистина претера Јелена, делуваше како жена во ПМС. И го погоди моментот, па врз девојчето ги истури нервите. Ја фати на пик. Не забележав дали тоа го рече Вања, сметам дека коректно отпеа. Ама потоа многу згреши штом споделуваше такви коментари, тоа покажува дека таа индиректно се согласува со нив. Таа наместо да ја смири топката, си даде автогол. Затоа се согласувам со одлуката. Истотака Јелена нетребаше да продолжи да се препукува понатаму, али пустата иста е како нашава Тужбата, живее само за лајкови и прегледи.
Ако Карлеуша може јавно да врега и психички малтретира, ако Карлеуша може на нејзиниот инста да споделува кога нејзините фанови ја подржуваат а Цеца омаловажуваат, зошто да не може Вања? Ако девојката е облечена минимално без да има појма од пеење тогаш браво ти ке бидеш звезда, ако девојката е облечена културно и нормално тогаш изгледаш како тетка, ако машкото не е во тренд со најновите модни парчиња тогаш е облечен како сељак, ако е облечен како моделите циркузанти на Гуччи, Прада, што се шетаат на модните ревији тогаш и од него ке биде звезда. На почетокот беше само Карлеуша што коментираше изглед, ама да не се куси почнаа и другите. Ана Бекута се осуди да коментира девојка која имала малку вишок килограми, со кој памет жено? И зошто мојот личен стил треба да му се допага на жирито, и зошто од тоа треба да зависи дали ке останам во шоуто или не. Што се умислуваат бре тие, после вакви испади не треба никој да и се пријавува. Што беше а што стана денес оваа шоу. Па оваа треба да се забрани да се дава на телевизија. Па со оваа им ја рушат самодовербата на младите,да не се сакаат доволно, да не се задоволни од својот изглед. Па каде кандидатите на свој трошок одат и да вежбаат со ментори и се, сега треба и стилисти да наогат за секое појавување на сцена? И Марија и кажа на Карлеуша дека грешка проценка направила во врска со девојката, ама веке немаше назад, како тоа Карлеуша да се покори. Ситуацијата излезе од контрола, поради една невоспитана, дрска, без влакна на јазикот, која си дава за право секој и се да коментира непрозвана, а кога некој неа ја коментира тогаш тужба тужба тужба бла бла. И ова со оваа девојка не беше кој знае што, а како и е на тие кандидатки кои што ги споредува со животни, со што уште какви погрдни зборови не ги нарече. Тие не се свесни дека лугето не можат да си дозволат за секое сценско појавување да купат нова гардероба, а камоли специјален костим од стилист. И во претходните емисии слушнав како менторот за време на пробите му кажувал на кандидатот како да биде облечен, па дури кандидатите и ја носеле гардероба што планираат да ја носат за време на настапот, да ја видел менторот и да отценел дали била добра. Значи оваа го кажа самиот ментор во емисијата. И друго што ми боде во очи, кога кандидатот пее, жирито треба да го гледа и слуша, што е тоа кој легнал да спие со капа на глава, кој на телефон дреме кој си прават муабети мегусебно, какво е тоа однесување недолично.
Затоа што како натпреварувач не и личи. Затоа што за да направи кариера зависи од нив. Кога нема да биде дел од натпреварот, кога ќе биде успешна, тогаш нека споделува што сака.
Извини ама приватен живот и јавен не треба да се мешаат. Ако таа не ја сака Карлеуша, не значи дека Карлеуша треба сите да ги елиминира за да биде среќна. Во некој филм е влезена дека како она ќе го врти орото така сите ќе играат. Инаку си продолжува со сторињата “ситни темни души...”.
Не и личи на Вања? А на Карлеуша и личи? Да прекутам врегање, да немам право на говор и сопствено мислење јавно да искажам само и само да минам во следниот круг. Колку до сега од кандидатите што во приватниот живот се занимаваат со пеење и заработуваат и живеат од тоа во оваа шоу биле врегани? Демек тие пееле по тезги, никогаш немало да бидат звезди, а Карлеуша каде пее?Карлеуша е звезда и уште е популарна во јавноста поради рекламирањето на голото тело и скандалите што ги праве за да биде забележана, да беше само со песните што ги има снимано пред 10 и повеке години, сега веке никој немаше да ја знае. Понапред ја сакав затоа што е искрена и како што вели таа без влакна на јазикот, ама за се постојат граници. Сега веке ми станува одвратна. Таа девојката ја направи дека има психички проблеми, и сите што застанаа на страна на девојката се будали, и упорно продолжува со сториња за девојката кои после неколку саати ги брише. Што мислеа овие од Гранд девојката ке прекути и никому ништо, кога видоа дека ддвојката има муда јавно да проговори за штетата и неправдата што и е нанесена почнаа да измислуват приказни во нивна корист.
Според мене овде Јелена е крива макар што за многу работи ја почитував како јака жена. Таа е сепак дете на 17-18 години и е океј да направи грешка.Поголем човек ќе излезеше ако на културен начин и објаснеше дека такви споделувања не се во ред додека некој ти е ментор и коректен со тебе во однос требаш да имаш почит..Тааја се тргна против дете за тужба кој сигурно живеат средно и сега ќе плаќат пари на суд за џебот на Јелена... сррамота..
Јас да сум на местото на Вања, јас ке ја тужам Карлеуша и ЗГ што доволуваат такви содржини и врегања да се емитуват. Тоа е МУЗИЧКО ШОУ а личи на Задруга. Доста беше оваа понашање ненормално од Карлеуша и редно време беше на некој од кандидатите да му пукне филмот и да и возврасти. Ако ја гледавте изјавата на Марија, кажа дека Вања и се извинила на Карлеуша, и Карлеуша ја блокирала Вања. Сега е следно да се јадат Марија и Карлеуша мегусебно,да заврши нивното пријателство, бидејки Марија не ја подржала Карлеуша и сега Карлеуша е многу разочарана И што и значеше таа закана на Карлеуша за Вања во емисијата,, Ја чу сада да те режем, да видим докле чеш издржати'' - така нешто. На сите таму и одговара кандидатите да бидат врегани, понижувани и на нивна сметка да добиваат гледаност и да прават пари, освен на самите кандидати. Тие мора да бидат кукли што ке слушат и кутат, во спротивно видовме што се случи.
Тоа и јас го напишав. А спорот Вања -Карлеуша ке оди во прилог на Карлеуша се знае како одат работите таму. Штета за семејството шо верувам ќе зема кредит за да и го наполни џебот на Карлеуша од глупост
Јас сум сигурна дека ако се поткрене петиција за исклучување на Карлеуша од жирито,многумина ќе го потпишат. Девојчето не заслужи ваква психолошка тортура. Од правен аспект прво мислам дека нема да и оди во прилог на Карлеуша затоа што прва има упатено грди зборови кон девојче од 17 години. Еве нека каже некој адвокат на форумов има многу. На крај може да ја побие Карлеуша со тоа што ќе каже дека психолошки ја малтретирала.
А ако се навратиме неколку месеци наназад какви сториња и врегања упатуваше Карлеуша на нејзиниот профил за Анастасија Ражнатович, затоа што и било досадно и си бара нова закачка, а може мајка да и биде Сега ми е јасно зошто Цеца никогаш јавно не одговорила на прозивките и врегањата на Карлеуша против неа и постојано ја игнорира. Со ваква,, Лавица,, кој успеал да излезе на крај. И мислам дека судењето нема да оди во прилог на Карлеуша, отии таа Карлеуша јавно и се закани уште во емисијата,прва почна и според мене не дозволливо е таква тортура во таква емисија. По се ми изгледа дека на Карлеуша и фалат многу работи во животот после бројни скандали па своето незадоволство, бес, го истура врз другите. Не дека Вања е прва што споделила стори во кое што ја,, оцрнува'' неа и нејзините деца, ама сега и се закачи/нагледа на девојката и крај.
Жената скроз забега. Премногу сака на глуми жртва. Тежок манипулатор е. Ама на крајот и нејзе ќе ја исфрлат од шоуто, само не е свесна. Премногу се замислува дека без неа не се може. Искрено неверувам дека воопшто ќе покрене тужба, ниту дека ќе оди до крајот. Ова го прави само да се зборува за неа, ама си пука во колено, колку само подржувачи загуби со постапкава не е свесна.
Претходно едвај чекав да почнат ЅГ,кога беше првичниот концепт на гласање со Смс,мислам некаде до сезоната во која учествуваше Милица Павловиќ. До тогаш беше супер. После тоа почна да се менува концептот на полошо,ама ај донекаде беше Ок. Откако дојде ЈК бидна многу глупаво за гледање,посебно заради тоа што не личи на музичко шоу,туку промоција на жирито,а најмногу на Јелена. Кандидатите се натпреваруваат во пеење првенствено и тоа треба да се коментира. Во ред е на некого да посочиш (а мислиш дека има потенцијал да стане ѕвезда), да поработи на стајлинг, на однесување,на комуникација,на изглед..... ама некого да вреѓаш поради изглед или да лечиш свои фрустрации не е во ред. Од она што видов,иако не гледам одамна ЅГ,ама отворив да видам што се случувало,дојдов до заклучок дека Јелена беше недодр*ана, а девојчето ништо лошо не и кажа,ниту пак и упадаше во збор.