Ај таа што ја покренала акцијата нетокму , али овие што донираат се левел 1000 . Ако немаат Луна и Марко , имаат Анабела и Гаги .
Тука не се знај кој од кој е повеќе нетокму, дали овие што донираат или пак овие овие од фамилијата Џогани, кои после се она што го приредија во Задруга најдобро би било да не се појавуваат јавно, ама ова ти се луѓе без срам и достоинство па така да не е ни чудно за нивните постапки. Тешко тоа, Гаги сам кажуваше како едвај преживувал, а пак Марко и Анабела се испокараа во шоуото откако овај прераскажа јавно дека Нина ќерката на Анабела немала пари за да јади пак морал да и носи додека мајката била на пат некаде, и на крај завршија во Задруга сите фамилијарно за да направат некоја пара за живот. OTVORIO VRATA STANA Otkrio je da NEMA PARA ZA ŽIVOT, a pogledajte u kakvim uslovima živi Gagi Đogani
Зошто мислам дека се ова им е само за пред новинари и народ .. Пред неколку години , Фанки Џи убаво заработуваа од настапи , Анабела сеуште настапува колку што знам ..
Тешки да беше така, ама не е Фанки Џи т.е. Анабела и Гаги одамна не се заедно и не настапуваат, сега само Анабела лута со настапи тек тук.
Можеби така ми делува затоа што и не ги пратам многу баш . Како и да е , премногу скандали имаа . Посебно во Задруга .
Ај овие, ама има и од Македонија што праќаат, тие па уште понетокму. Од своја уста да делам, за на кловнови да давам...Да не се делам од темава, ама морам да го напишам ова. Минатата сезона биле испратени пораки за финалето во вредност од деветнаесет милиони(не разбрав дали динари или евра), сите тие да ги донираа парите за болни деца до сега некои од нив ќе беа излечени.
Се скараа Јелена Карлеуша и Марко (самопрогласен претседател на лгтб заедницата). Препукувањата беа по инстаграм како што забележав,а проблемот настанал кога Марко не ја повикал на настанот во петокот бидејќи таа со години била кума. Марко имаше објавено разговор меѓу него и Зоран Бирташевиќ(менаџер и пријател на Карлеуша), професионален нормален разговор од страна на Зоран и арогантниот Марко. Имено, Марко одлучил дека Карлеуша не се залагала доволно за заедницата и дека годинава не е повикана за кума само поради таа причина. Кога била да се вакцинира и кога била објавена сликата со беџот на страната на лгтб заедницата луѓето ја осудувале и навредувале додека главните админи си стоеле на страна и си јаделе пуканки, Зоран барал да се избришат лошите коментари на сметка на ЈК на што овие едвај се согласиле или не согласиле,не разбрав точно. Она што ме запрести од самопрогласениот претседател Марко е тоа што тој се осмелува бесрамно да кажува кој да биде дел од ЛГТБ заедницата и упорно во целиот разговор му го потенцира тоа на Зоран. Во ниту еден запис објавен на инстаграм од страна на Зоран не видов напад кон ЛГТБ туку само обид за зачувување на ликот кој секогаш стои напред и позади нив ЈК. Ако не се залагала таа,не знам кој друг би се залагал толку. Марко добро знае дека така лесно со негови финти да дојде до пари преку ЈК нема да може, таа може мајка да му биде а сепак ја оцрни. Според мене добро би било да се прибере малку.
Тие веќе одамна не се заедно. Изгледа не се разведуваат за медиумите да не ги замараат. Очигледно е дека се разделени затоа што на ниеден настан не идат заедно и посебно идат со децата по одмори. Со ова искача дека скандалот со Јелена и Врањеш е вистина.
Ништо чудно да се разведени, ионака не беше тоа нормален брак, тој постојано е во странство, а таа сама со децата во Србија, на почеток одеше да го посетува во Турција и во Кина, сега нема никаква посета
Ете не сум во тек со него, мислев дека уште е во Кина. Нели скоро и беше роденден на Јеца, не ставија ни слика заедничка ни ништо
Јелена Карлеуша и Душко не се разведени ама дефинитивно треба да се разведат, а и после денешниот шамар што го добила од Душко не гледам да одат далеку а и не треба. https://lepaisrecna.mondo.rs/Lifest...sic-i-Jelena-Karleusa-nasilje-u-porodici.html
Душко доби многу голем шамар од Јелена со тоа што му го направи. Секако не оправдувам насилство. Ама треба да се разведат и секој по свој пат. Јас мислам дека тие не функционираат после скандалот со фудбалерот, ама глумеа среќен живот само ради децата и медиумите да не им досадуваат.
Што му направила она? За Врањеш? Па многу провидно и плитко се одигра сето тоа,не верувам да постои афера.Може да е наместено, да не заборавиме дека и тој е виден и сликан со жена во кола во Кина или каде беше. Од друга страна за синоќешниот скандал нивниот брак одамна се распаѓа само таа не прифаќа исто како што сеуште ја нема прифатено смртта на мајка и. Таа воопшто не се однесува ко семејна жена, сопруга и мајка туку се однесува како 25 годишна жена. Таа мисли дека ако продава голотија влече многу следачи и многу се води по примерот на Џенифер Лопез. Таа требаше одамна да се разведе,а не да глуми среќна жена. И немаше да е толку богата ако не беше Душко затоа што неговото богаство е двојно поголемо од нејзиното. Во однос на насилството таа знаеше дека што имало прв пат ќе има и втор пат и сеуште мисли дека Душко ќе се промени и ќе се подобри. Не,нема. Ситуацијата ќе ескалира уште повеќе, глупа е што одбила лекарски прегледи и да го пријави.