Огњен, мало важан. Туку тешко на мачоменон Тошиќ, после ова, егото и машкоста до под Се зафркавам се надевам и вие, триста филмови направивме од едно следење на инста.
Kanye следи само жени со big butts, па и такви кои имат само по 2-3000 следачи. Очигледно опседнат со бившата, оди во крајности, жал ми е шо нема кој да му поможи.
Не е за газојте ама ок. Да, заклучивте дека луѓе шо умират јас не ги жалам. Општо за славните ко ќе се избудалат, сите мајтап прајме и ко ќе се убие "ама депресија имаше никој не му поможи". Во моментов и Деми Ловато. Ова и со нас обичните смртници се случва.
Па да. Си има некои проблеми психички човекот, нели пред година-две и тој призна, или Ким мислам рече, дека има биполарно растројство. Сите Кардашијанс мислам ги отследи, и деновиве се пишуваше дека ја заследил другарка и на Кајли, онаа Стасија, како и да беше пишана на инста, не сум во чекор со Кардашијанс, ама и од фрижидер ми излегуваат.
Имаше и некои снимки од некои религиозни обреди што ги правеа со Џастин и Мејсон. Језиво ептен. Сам призна човекот дека има ментални проблеми и ако е позната фаца не значи дека е поштеден од истите.
Не сум ги пратела никогаш, последно кога го видов беше за претседателските избори и сега на SuperBowl. Кој сака нека следи, само се гледа дека психички не е стабилен, а јавноста тоа го исмева. Утре ќе се случи на наш пријател, пак нема да забележиме дека е потребна помош. Секогаш ме погодува оваа тема, бил славен или не, лош е и за себе и за околината, децата.
Да, така е. Малку се пошегувавме само дека ја заследи ЈК, а таа е актуелна во темава ионака. Ама сепак не треба да излегуваме од граници и да го исмеваме неговото психичко здравје.
Разводот го погоди бидејќи не очекуваше дека званично ќе се разведат, но Ким не можеше повеќе да ги трпи менталните испади негови. Се што правеше беше спротивно на тоа што го одобруваше она,се претвори во човек кој не го познаваше. И подобро е што таков токсичен човек се тргна од Ким. За следењето на ЈК е само масленце во огнот за инает на Ким. Ништо не постигнува и добива со тоа,освен дека е шарлантен тип.
Исто и мене ме погодуваат ваквите теми, бидејќи знам како изгледа очаен крик за помош и внимание. Ни најмалку не му се исмевам, само онака споделив дека се следат со ЈК, нели таа е домаќинка на темава, сакав да се пошегуваме за нивното следење, а не да се исмева психата на Кање.