Среќничка. Па ако си слаба ќе им бидеш " даска", така да не можеш на никого да му угодиш. Битно е сама на себе да си се свиѓаш.
И ја тоа и кажував на @Feminka22 прееска. Ние што имаме природно таква градба се чудиме зашо со пластика се праат вака, тежок живот, се ни иде во бутови и колкови.
Оваа градба порано важеше за дебела, сега дојде во мода, ама све ни оди во бутки и во гз и гради, а стомак штица едвај 70см Да Оваа градба е најтешка за одржување, треба вежбање вежбање ни малку не е лесно (мене ми велат дека сум дебела)
Иста градба имам. Мене ми викаа дека е "дебела" се дур не дојде у тренд, после ми се дивеа, а они се трудеа деноноќно да имаат такво тело. Нека ни се фатат
Да се надоврзам на муабетов зашто се пронајдов. Јас многу сакам да бидам чачкалица. И еднаш кога успеав да го постигнам тоа ми викаа здебели се на ништо не личиш вака. Сега па кога сум дебела ми викаат ослаби. Што да праваам
Мене ко ке ми рече некој многу си слаба почнав да им викам ти па дебела си. Треба чоек со иста мера да им враќа да сфатат дека не е културно да коментираат нечиј изглед. Буквално исто е. И тоа и тоа е body shaming.
Го гледав настапот и коментарите потоа, баш заради видеово. Можам да кажам дека жирито имаше некоја поента тоа што го зборува, само лошо се изрази и доста дрско и на некој начин навредливо го кажаа особено Ана и Снежана. Можеше да биде поприкладно кажано. Муабетот им беше дека енергијата, сценскиот настап, изборот на песни не бил складен со облеката, дека биле без енергија и немале некаков настап и преформанс што соодветстува, затоа што кога некој така ќе се облечел храбро требало да гази на сцена. И вистина на настапот беа така како усрамени, повлечени и како да им е непријатно што се така облечени и на сцена.
Јас мислам дека нормално им е да бидат срамежливи што се така облечени зашто очигледно како што рече Марија немаат толкаво искуство на сцената како неа да не им биде гајле што ќе речат другите. Дали го слушна тој коментар на Марија? И мислам дека до некаде и во право е она ако сакаш да бидеш позната пеачка во денешно време треба да се научиш да не допира критика до тебе. Да си го гледаш само својот филм како што прави на пример Теодора. Не знам дали ја знаеш или ја слушаш ама она исто кажуваше од кога станала популарна постојано паѓала психички ради новинарите. На сето тоа они треба да се научат да не допира до нив ништо. Не знам сега како они размислуваат. Али чим имале храброст да се појават така сигурно претпоставувале(барем се надевам) дека ќе налетаат на осуди од страна на други луѓе.
Ја слушав Марија, тој коментар беше дека не се доволно искусни и дека коментарите конкретно од Ана може лошо да им влијаат психички затоа што веројатно го немаат тој степен на зрелост на јавна личност да не допира ништо до нив. Двете уште кога пееја, коментари не беа започнати, беа скроз повлечени, а со коментарите уште толку. Кога веќе не се чувствуваат удобни ако се надвор од комфор зона, нека не излегуваат по секоја цена дека се тоа им влијае на настап (облечени како ѕвезди, а интерпретација појела ме трема), а сега може и психички заради коментарите, затоа што некогаш навистина немаат осет што зборуваат.
Се откажала од Ѕвездите на Гранд Океј дека ја нападнаа малце повеќе, ама помина понатаму. Зашто сега ваква одлука? Требала да продолжи храбро напред. Не ја оправдувам што го напуштила шоуто.
И јас имам градба на песочен часовник и богами се согласувам со се погоре кажано , да не се повторувам . Искрено не го гледав видеото со девојката , но , искрено колку и да сакаш да си спремен на критики и негативни коментари , не секогаш си доволно спремен . Тоа што енергијата и изборот на песни несе совпаднале со нејзиниот стајлинг , не им дава за право ниту на Снежана ниту на Ана така грубо да се изразуваат кон било кој натпреварувач , без разлика дали е девојка или момче .
На Снежана и Ана не им доликува да користат такви зборови, можеш некого да го искритикуваш али на суптилен начин, со одбрани зборови. Мизерно е да користиш збор ќе повратам... Да, девојчето во црвено ја претерала со стајлинг, сепак треба да си самоуверен за да го носиш тој стил. Е сега ќе прават споредба ами Мадона....и ред други ѕвезди ама тие се навикнати на критика и заболе ги уво, а овие се сепак сеуште аматери и немаат такво искуство за да се носат со таа облека на сцена. И самото откажување на кандидатката кажува дека е аматер, изградена ѕвезда нема да се откажи, ќе прифати, ќе се сноси со коментарите и ќе продолжи понатаму.
Гледам Марија нешто палмауди тука, а ќутеше кога Карлеуша даваше многу полоши критики т.е. ги вреѓаше кандидатите и тоа често пати неосновано, за разлика од ситуацијава со девојките која има простор за критика.