Овие шо имаат репертоар да не ги викаат случајно? Скроз друга професија има Џамбазов, мислам ми ја сфативте поентата.
Да, имаат репертоар, без разлика дали мене и тебе ни се допаѓа. Ако има друга професија, зошто се става во пејачи и се споредува со нив? Патем, која е неговата професија? Немој да кажеш шоумен, поспецифична биди. Кој од македонска естрада има репертоар доволно квалитетен за да руши граници ? Каролина да им пее Две Лири пред спиење? Некст тајм со Излези Ѓурѓо? Лозано да го продадат таму ?
Мислев на наши пејачи што имаат репертоар .. каков таков. Не е дека нашата музика и пејачи се лоши туку нема кој да ги продаде а и такво време дојде каде што некоја што се соблака ќе биде 100 пати попопуларна од некоја што пее страшно добро. Се смета за културен уметник каде што не сака да прави промет (од) на тие газди кои печалат од промовирање на шунд. Јас колку што знам примарно е актер.
Џамбазов е пред се актер и тоа од најмала возраст заедно со дедо му Петре глумеше во Волшебното самарче, па потоа во куп претстави и тв емисии, гледајте на Мртв5 стално даваат детски емисии снимени пред 30 и кусур години
Си потценуваме наше за да фалиме и се поклонуваме на туѓо, па после очекуваме работите да функционирает во најдобар ред... епа нема.
Не го потценваме своето, само реални сме. Кој пејач од мк естрада би можел да наполни ноќен клуб? Еве едино на памет Тамара Тодевска ми паѓа, евентуално и ДНК. Толку. Лозано, Каролина јес да се квалитетни вокали, ама пеат тралалајќи за заспивање. Дечките од Некст Тајм имаат голем потенцијал ама одбрале да преработуваат патриотски песни наместо да се пробијат со нешто ново и модерно. Па пре би дала пари за Теа Таирович да ми треси со цицките и да ја крени атмосферата, отколку овие од Мк.
Каролина порано имаше убави поп песни, сега нормално со годините се менува стилот, колку што знам 40+ е, нема веројатно да пее за публика од 20 години. Нејзе ѝ поминало тоа, сега се на ред помлади пејачи...ама ептен слабо.
Точно е дека како народ знаеме да си го потцениме своето. Но во моментов од естрада и немаме што да потцениме. А не е дека дотолку не даваме шанса, пример не го потценивме трудот на Лозано за последниот албум, напротив дадовме поддршка, успеа два концерти да направи, низ цела Македонија имаше настапи. Нека не се лути Игор, но за да си баран од публиката и за да си убаво платен треба и да вложиш, убаво претходно напиша @winnie02. Србите вложуваат, се гледа трудот, па им се враќа. И наш некој да вложува и да се труди, ќе му се врати. Без разлика кој стил на музика го работиш, публиката секако е поделена, затоа што секој има свој вкус на музика што ја слуша. Единствено што некој вложува и постојано е присутен на сценава се Два Бона, безразлика каква музика прават и што не ја слуша секој. Ама затоа имаат и настапи и тука и надвор, им се враќа вложениот труд.
Азис мислам е би , не баш геј , зош и јас знам дека едно време имаше жена и има девојче со неа е сеа може вонбрачно живееле одреден период , не го пратам баш толку .
Немам ништо против Џамбазов, но тоа неговото веќе не пали кај оваа публика, сакаат нешто поинакво, не можиш на деца од 18-20 години да им продаваш песни од пред 40 години, сепак ова време си налага нешто друго, поинакво, та и нека биди мрдање на атрибути...
Српскиот фудбалер Марко Гобељиќ вчера (02.06) направи црковна венчавка со српската пејачка Катарина Грујиќ. Церемонијата се одржа во храмот Свети Сава во Белград, а за луксузната свадба биле потрошени 490.000 евра. Според српските медиуми фудбалерот на Црвена Ѕвезда платил околу 490.000 евра за луксузната свадба, од кои 90.000 евра биле наменети за трите венчаници на невестата. Свадбата се одржала со сите адети, па така Гобељиќ невестата „ја купил“ за 5.000 евра. На церемонијата присуствувале околу 500 гости, а меѓу присутните била и ќерката на познатата фолк дива Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која на Инстаграм Стори објави кратко видео од првиот танц, и видео од себеси додека оди на свадбата. На социјалните мрежи хит станаа фотографиите со тортата и видеото на кое се гледа дека младенците едвај успеваат да ја исечат. Инаку, Марко и Катарина веќе се во граѓански брак и имаат заедно една ќерка, но сакале да направат и традиционална црковна венчавка. За време на првиот танц, пак, подимот беше покриен со вештачка магла, па изгледаше како младенците да танцуваат на облаци, а по завршувањето на танцот во раце ја земаа и ќерката. https://www.crnobelo.com/novosti/ba...ka-beshe-i-anastasija-razhnatovikj-foto-video