Важно да си со пејач, спортист и да му родиш дете, па со втор истото и евентуално трет тоа е животот на манекенките и другите јавни фаци. Мене генерално ми изгледаат само ко да сакаат деца да прават и толку
Пукна тиквата . Мислам , одамна беше пукната , само не јавно . Греота за девојчињата , кој знае што се се случувало зад затворени врати ..
Колку е Ноле само народен човек ВИДЕО: Ѓоковиќ славеше во кафана со трофејот од Вимблдон на маса! Новак Ѓоковиќ се врати во Србија и се пофали со трофејот на Вимблдон пред илјадници фанови. Белград го пречека својот херој и на вистински начин му честита за новиот голем успех во Лондон. Србинот одржа говор пред толпата луѓе, а потоа замина на приватна забава во кафана. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како еден од најдобрите спортисти на сите времиња слави со песна, а трофејот од последниот Грен слем турнир стои на маса. За Ѓоковиќ ова е седми трофеј на турнирот во Лондон. Тој заостанува за една титула зад Роџер Федерер, кој е апсолутен рекордер со осум одличја на Вимблдон.
И Ноле и Јелена се ептен природни и народски луѓе, башка и ептен хуманитарни. Едни се од ретките кои не ги удрила славата во глава и кои не патат од комплекс на повисока вредност. Гледав дел од прославата, пееја и двајцата, се забавуваа, а и често се сликаат без проблем со народот, не се од типот на 90% од славните на кои не можеш да им се приближиш, не го гледаат народот од висина едноставно, доказ за тоа е природноста која ја покажуваат со облеката, со секојдневните ситници, ама овој народ мора да наоѓа маани, де антиваксери биле, де жена му во Англија била во исто фустанче облечена и дента и вечерта, изгледа треба да глуми препич ко Кардашијанки
Рама и не се толку скромни како што опишуваш, да би биле не би живееле Монте Карло туку во родна им Србија, а сите знаеме зошто богаташите го одбираат Монте Карло (ослободени се од плаќање на даноци), друго башка што си имаат некои забегани сфаќања и верувања како пирамидите и нивната енергија во Босна, неговата моќ за прочистување на вода, први поборници против вакцините, и доста контраверзни се уствари сите фамилијарно А да, ова е стајлинг на кума на свадба.. Ние обични смртници не си дозволуваме ваков изглед, во модни критики подобро се облечени, секоја чест за Новак секогаш на вакви настани е скоцкан
Денеска ми излезе на инста Северина, уште синчето е кај татко му и е со ограничено гледање? Не сум и фан на нејзината музика ама секогаш кога ја видам многу тешко ми пага за нејзината ситуација, да не можеш да си го гледаш сопственото дете и судот да ти кажува правила за сопственото дете дали смееш да го сликаш. Ова светот како да ни оди се поназад и поназад, толку се згнасувам од некои одлуки како со абортусот во Америка, мислам кој век сме а со што се справуваме ние жените
За стајлингов на кумава, ќе се согласам со тебе, не доликува вака ко за на пазар облечена, можела да стави некоја тоалета. Знам дека не живеат Србија, ама за скромни муабетот ми е дека секогаш се меѓу народот и средени и несредени, се сликаат, пеат, не те гледаат од високо ко половина Холивуд пример, не се арогантни ко старлетине и пејачките што пеат по сплавови и арогантно се чаталат постојано со Гучи, Диор и слично. Ноле има донирано пари за разрушени цркви и манастири во Косово, со тој потег е голем во моите очи, иако како спортист не сум му фан него, а и општо на тенисот. За вакцините, па добро, јас не сум антиваксер, ама и јас не примив ковид вакцина, секој има право на некој свој став. За прочистувањето со пирамиди и вода, не сум во тек, ама не ми се допаѓа како концепт, гледам и една наша инстаграмџивка беше со групи од странство, медитираа и којзнае што правеа
И јас се согласувам со тебе, иако знам некогаш да прокоментирам за некој стајлинг на Јелена што мислам дека не бил соодветен. Јелена е образована, речита, внимава на тоа што ќе го каже едноставно е поинаква од многу други. Не следам тенис, не сум фан на Новак, но како пар ми се многу нормални
Надал и Федерер се исто така мн скромни луѓе, а нивните жени се уште поскромни. Никогаш ништо не сме слушнале за нив. Сегашната жена на Надал 100 години му беше девојка и не ја ни знаевме која е што е. Нормална жена шо никогаш не се експонира. Мирка Федерер жениште у права смисла на збор. Се откажува од своја кариера поради кариерата на маж и. Федерер и Надал исто така се гоолеми хуманитарци и мн обични луѓе, никогаш не сме слушнале за нивниот приватен живот како ги хранат децата, што јадат што не смеат да јадат. Едноставно си терат свој нормален живот. Секогаш прикладно облечени за приликите и без наметнувања. Не сум фан на Јелена признавам. Ставање акцент на ја сум скромна баш и не е некоја скромност . Скромни се жените кои ги спомнав погоре. А начинот на облекување за настани, пригоди, свечености итн не е скромност туку не почитување кон самата институција. Можеш скромно да изгледаш и кога почитуваш протокол. ( Ноле е секогаш прикладно облечен) Тенисот е спорт на ,,елитата,, а маж ти е еден од најдобрите тенисери. Ако не можеш да го пратиш и сакаш скромен живот, не се експонирај со твојот начин на живот, седни си дома и гледај си ги децата.
Да бивша тенисерка. Исто како Јелена таа му е public relations manager на Федерер. Во мн интервјуа има кажано дека да не била Мирка немало да биде тоа што е денес. Навидум фино женче. На youtube има видеа како играат еднаш заедно во парови
Неспорно е дека Мирка одигра голема улога во успесите на Федерер и тој тоа го почитува, ама дека е жениште и дека е за пофалба тоа што се откажа од својата кариера за онаа на маж и, според мене не е, и не треба да е таков пример.
Тие се запознаа на олимпијадата во Австралија и одтогаш се неразделни, имаат 4 дечиња две близначки и две близнаци машки тие се толку скромни што бил поканет на некоја забава или нешто слично и требало да се запознае со Никол Кидман, тој прашал дали таа уствари слушнала за Федерер
Затоа што што се откажала од своја кариера од свои кариерни цели, со цел да помогне во остварување на тие на маж и.
Еј ама сте досадни. Муабетот е дека жените не треба да се откажуваат од свој живот и кариера, ради тие на мажите, за да бидат добри сопруги. И не, не сум се откажала, ниту ќе се откажам додека ме држи здравје.