Добро еве извини што сум ти досадна Ти тоа што го пиша е себичност карактерна особина кај 95посто присутна кај луѓето патуваат сите заедно на сите натпревари и го поддржува до максимум, и прекрасно звучи што се откажала од својата кариера за планетарниот успех на својот сакан, ретки се таквите, ниту една афера нема по медиумите за разлика од Новак кој го поврзуваат со актерки, старлети…
Не гледам ништо лошо, жената имала сериозна повреда на стапалото и решила да се пензионира и дирекно да се вклучи во градењето кариера на маж и. Ако сме реални жена која професионално се занимава со спорт се наога пред 2 тешки избори кога доага време за деца. Дали ќе продолжи да гради кариера или да се посвети на децата додека се барем мали. Знаеме сите дека спортистите имаат повеќе тренинзи во еден ден, мн често патуваат итн што значи мн голем дел од времето не се дома. Мајка како мајка треба да направи избор дали децата ќе бидат чувани од дадилки или од неа. И не ми кажувате дека се се сака ако се може, од вакви муабети очекуваме жените да бидат супержена. И да биде одлична мајка, и да биде одлична спортистка со одлична кариера и да биде одлична сопруга. За жал некои кариери ти наложуваат да избираш дом и семејство или кариера. Не збориме за бизнис жена која работи од 8 до 4. Збориме за професионален спорт. Другарка ми е мажена за спортист. Нормално не работи пошто маж и една година живее у една држава, после тоа потшиува договор до друга држава и се така. Ако она остане у Мк да брка кариера, а маж и живее у друга држава исто брка кариера, едниот родител децата кога ќе ги гледа ? за време на летен распуст или 2/3 пати во годината
И јас најдов на нет дека се откажала ради повреда. Во секој случај убаво е да го поддржуваш мажот ама дека некогаш би се откажала од мојата кариера за партнерот. никогаш! Ниту па сакам некој да се откаже од својата ради мене. Мене тоа ми е прежално а не преслатко Зошто на крајот од животот стоиш ти како партнер на некој успешен професионалец, а што со тебе? Ама ете има луѓе што влегуваат во врска со спортисти и знаат каков е нивниот живот во однос на тренинзи, менување на тимови и слично. Лично, не би. Спортистите имаат кариери до 30-35години така да можеш до тогаш да играш и после да си родиш дете. Бар кај нив има време
Топ личи годинава Мирка, глеам и го берете гајлето. Ни Јелена ни она ми се симпатични ама олигледно на Рожер и на Новак им се одлични
Сара Јо ја исфрлиле од такси SARU JO TAKSISTA IZBACIO IZ VOZILA! Šokirana objavila snimak INCIDENTA i otkrila šta se desilo: "Urlao je i VREĐAO"
Затоа што сметам дека која било индивидуа не треба да се откажува од својот живот, кариера или што и да е друго, да сноси таква жртва, за партнерот да успее. Не осудувам ако некој го направи тоа, сепак секој си знае што е најдобро за својот живот и што го исполнува. Едноставно сметам дека ваквите постапки не се за величење и не треба да служат како пример, за да некој успее, партнерот треба да се откаже од нешто, напротив ако некој е амбициозен и посветен, успехот ќе го постигне и без жртвата на партнерот. Дополнително е тоа што може да се случи таа одлука воопшто во иднина да не ти е ценета и почитувана од страна на партнерот, ретки се тие како Федерер што навистина тоа многу го почитуваат. Серена Вилијамс е пример дека може да си и професионален спортист и сопруга и мајка. При избор на професија, се знае што носи истата и што треба да се очекува.
Серена Вилијамс по раѓањето на својата ќерка нема освоено грен слем титула, ниту друга позначајна титула, има изјавено дека откако се породи веќе не и е во прв план освојување на титули
Знаев дека ќе се фатите за периодот после раѓањето. Серена ја раѓа ќерката на 36 години (по планот на @Anie93), во 2017 година во септември, истата година додека е бремена во јануари го освојува Australian Open, во 2018 веќе игра на Роланд Гарос, а истата година игра две грен слем финалиња Вимблдон и US Open, не освојува титула, ама доаѓа до финале што е исто така успех. Последниве две години ја праатат повреди, а и да не ја пратат, веќе има 40 години, што занчи и се прибилижува крајот на кариерата. Без разлика што по бременоста нема освоено титула, сепак најголемиот кариерен успех и е пред бременоста, муабетот е дека иако е спортист, доста успешен, е и сопруга и мајка и продолжува да игра.
Мирка Федерер не е балканска јавна фаца, скандалозна па ич, жената е од Словачка, сопругот исто така не е балканец, евентуално местото за коментирање би им било во темата- Светски познати личности или како и да беше, макар што не знам по што би биле коментирани. Ја оставила кариерата сигурно зошто така и одговарало, а подоцна може ќе основа некој си бизнис од типот ланец ресторани и слично како најчесто и бидува со бивши спортисти, сама или заедно со сопругот и тоа е тоа. Пример не ми е ни една од фациве, животов ми е на сосем поинаква фреквенција, како и на повеќето од нас и не знам на крај зошто некој некому би му бил пример, кога секој си го гледа личниот есап, а туѓиот до крај нема да го знае никогаш.
Деновиве актуелна е драмата помеѓу јутјуберот Богдан Илиќ (Бака Прасе) и сопственикот на Пинк телевизија Жељко Митровиќ, наводно проблемот е поради неисплатен долг на Митровиќ кон Илиќ.
Што се случува со Ана Николиќ? Нешто читав кај Карлеуша на стори ама се загубив, после влегов на инстаграм кај Ана ќе се тужеле овие две. Се зборува идела пијана на настапи, нонстоп со алкохол во рака и на ништо не личела. Женава по разводот со Раста ко да пропадна.
Сѐ почна со таа песната “проверено” или како и да се вика. Пола естрада е на страната на Милица Павлович, пола на Ана. За тоа демек на суд ќе се докажувале чива била како била…