Искрено Новак потрагичен е. Маживе мислат дека ако облечат сако и кошула, дека готово, завршиле работа. Раце да скрсти ракавите до лактови ќе дојдат. И со панталоните некако ептен е ко свлечен. На Јелена бар ѝ стои на градбата комбинацијата, а и за во црква мрцварење, супер е облечена.
Леле овие двата исти ми се. На едниот да му се забрани каналот, другиот на лекување. Богдан шовинизам на сите страни ми се гади само кога ќе го слушнам неможам да вервам дека е идол на некои од помладата генерација и дека има толкава платформа на која имаат пристап деца. Да не беа парите ќе ги кажеше ли тие работи за Митрович? Да го спаси народот ? Двата исти.
доволно беше што ги прочитав претходните две страници.. Зарем коментарот не ти беше плукање , и како тоа од нескромно облечен , ти стана прикладно облечен.
Не ми го разбра очигледно коментарот, за свадба која чинела 75.000е сеа ќе глумиме скромност ко што пишаа погоре, нејзината кошула изгледа скромно а можеби кошта илјадници евра, до стилот е која жена му очигледно го нема, за неа впрочем ми беше првичниот коментар а членката ме коментира дека биле скромни затоа така се облекла. И да, не е скромен Новак туку е прикладен за настанот како не разбираш
Баш. Скандалозно Како што е впрочем и насловот на темава Сега ќе одам да гледам слики од мојата свадба, баш да видам кој тоа не ме испоштовал
Јас не би рекол дека се исти, и мене не ми се допаѓале некои работи кои ги кажувал Богдан од тоа што сум гледал, но за доста други бил брутално искрен и со право. Нема ни потреба да спасува некого а своите пари има право да си ги бара нормално, но се мислам ќе треба да се спасува најпрво себе си и својата фамилија после се ова што го изјави за кое морам да признаам дека е доста храбро од негова страна, но и голем ризик, сепак Митровиќ ја има и власта и мафијата позади него. Еве ги и двата последни клипа:
Не биди дрска нема потреба, ништо добро во животот нема да ти донесе Стил ко стил ќе го коментирам, ако ти смета ондак твој проблем
Не е соодветно облечена, барем наместо таа кошула можеше нешто друго горе да облечи, нешто барем малаку посвечено. Ова е ептен канцелариски изглед. Нека изгледа скромно, но стилски, соодветно за настанот.
А како треба за свадба да биде облечена по ваши стандарди? Ако вие по свадби и остали свечености шетате ко накинџурени елки, остали свет не се замара многу, туку гледа да носи тоа што му прилега и во кое се чувствува удобно. Иначе, не ми е чудно што ви е скандалозен стајлингов на Јелена, имајќи предвид дека добар дел од жениве кај нас „подотерани„ од неа одат на работа Секојдневно ги среќавам Кич нација сме и сакаме да го береме туѓото гајле
Јелена си има некој нејзин стил, мене ми е баш ок жената, ние сме навикнати на друго и затоа наогаме маани. Нели некој не се направи елка, триста маани ќе најдеме. Така си се носи жената, мене ми е симпатичен лик. Кај нас ако се каже свадба и одма нешто мора на кич да асоцира, фустани, ланци и три тона шминка. Можеби ни делува како за во канцеларија, ама реално кај нас и тие што работат во канцеларија се облекуваат како за свечен пречек. Барем не глуми лудило, се облекува она што нејзе ја претставува, дали некој му се допаѓа или не.
Порано така облечени идеа,нема ништо кичерајсто. Ми се допаѓа мене, не знам што очекувате вие, да носи фустан живо месо ко Лејди Гага мејби?
Ај бидете реални која од вас отишла на толку блиска свадба облечена во кошула и панталони ко за на состанок?
Каква кич нација? Си гледала ли ти свадби, свечености, коктел забави, модни ревии, што се одржуваат во светот да видиш какви халини се носат здивот да ти застане, што сте се фатиле за тие српски/бугарски певаљки накинџурени, кој оди уште така? Свадбата на Бекамови синот-Викторија колку беше убава