Во што е семејството на Новак скромно ви се молам? Играњето тенис, (некој претходно фино пиша, спортот на елитата) животот во Монте Карло и скромноста, не идат во иста реченица заедно. Некој што се слика со своите фанови не е скромен, тоа му е дел од описот на работното место спортист.
Во право си скромни луѓе не живеат во Монте Карло. Инаку таму живеат најбогатите зошто не плаќаат данок.
Секој има различен вкус, можеби тоа и' било комотно и тоа облекла, не ја осудувам. Јас лично вака не би отишла на свадба, зашто свадбата ја сметам за посвечена церемонија и сакам да сум си средена, посебно на свадба на девер ми би сакала да се скоцкам, би се потрудила едноставно.
Баш мислам дека намерно облекуваат вакви комбинации за да привлечат внимание колку се "скромни". Нема да привлече внимание во свечен фустан зашто за на свадба се очекува таков стајлинг, ама кошула и панталони никој не очекува. Како што рече @Abel не идат Монте Карло и скромност во иста реченица, само чисто фолирање.
Па можела некоја посвечена комбинација. Ова ми е ко да иде на состанок на работа.. Не ми иде за венчавка.
Не знае да се облече Јелена. Нема едноставно вкус,а има едно правило ако не знаеш што, облечи краток црн фустан.Бар ќе беше елегантна. И на една претходна свадба и беше промашен стајлингот,со некои шалови .
Според мене не е прикладно облечена за пригодата. Ова е согласно мојот стандард, бидејќи мојот личен стил е светлосни години далеку од деловен, па можеби и од тука произлегува моето мислење. Ти го разбирам револтот, стварно владее кичерај кај нас и се претерува со комбинации за свадби, ама па и онака не личи (во мојава глава, де ). И да, не значи дека сите гости одат по свадби како ‘накинџурени елки’- има преелегантни комбинации кои се едноставни, убави, а комотни. Плус ако за нас нешто ептен изгледа џиџи-миџи, на некој така му е топ- и обратно. Вкусови, шта чеш. Баш ми е неубаво кога се генерализира и по дифолт македонска свадба значи дека најголемиот кичерај се насобрал на едно место, ама поголемиот дел се такви очигледно, па затоа и има вакви мислења.
Се согласувам со ова, одма да се руга дека македонско е кичерај по дифолт. Значи не мора да е во крајност има средена каде што можеш да си прекрасен
Богдан е едно мизерно суштество со стекната платформа заради типичниот балкански менталитет. Не се исти, овај е полош затоа што е постар. Јас да знаам дека некој е убиец, излегува со малолетнички итн.. Одам директ во полиција и нека превземат. Зошто мене писхопатов не ми борчи пари? Затоа што такви будали нема во мој видик. Слични се сличном радује..
Да, зад тастатура сите пријавуваме, но во реалност се сомневам дека е така а уште помалку пак дека се тоа јавно би го обелодениле, инаку сите шо сме на Балкан имаме балкански менталитет сакале ние да го признаеме тоа или не што всушност не е ништо лошо, потоа Митровиќ има медиуми и доколку си работел за некој негов медиум нормално дека ќе го наплатиш тоа, исто како кога одиш на работа и ти се погоди некој дебил газда и не ти исплаќа за сработеното а ти си ги бараш парите. Инаку вечерва од страна на Богдан покрената е и петиција за затварање на Задруга, на која за помалку од два часа се потпишале над 50,000 луѓе. https://www.change.org/p/zadruga-stop
Не сум многу во тек со овие двајца ама и едниот и другиот се ужас, Бака прасе исто да се забрани би било добро
Абе шоо не, така ќе уживаме во мир и спокој Инаку и Митровиќ вечерва покренал петиција, ама лошо е шо тоа го направил на сопствен сајт па така прашање е бројкиве колку се реални. Човеков се погуби тотално https://peticija.rs
Ќе продаваме скромност пред народ.. Боже што ми се антипатични и Новак и цела фамилија. Ко гмизавци се.